@anggell Јас се изненадив од трајноста на овие лакови. А и брзо многу се сушат, многу се нервирам кога мислам дека лакот се исушил, и кога ќе фатам нешто се прават гребаници одозгора. Дали е до нијансата не знам, оваа е металик некоја розевкаста. Се имам лакирано во петокот, ќе видиме колку ќе издржи
@anggell Пробај го овој од катрис. Предобар е. 3 слоја намачкав, 3 недели не мрдна, само нов нокт израсна. Соленка е цената ко за лак, али вреди Еве како личи после 3 недели Спојлер
Може ли некој да ми одговори кои лакови не ги прават ноктите жолти? Ги пробав речиси сите од ДМ и сите ми го бојат ноктот (некој ми рече биле многу пигментирани!?). Ноктите ми изгледаат како габична инфекција да имам особено после црвен лак. Како се справувате со ова?
Мене пола лакови ми се на Катрис, со трајноста не ми се нешто освен база и завршен слој кога ставам. А оние со светки посебно оној темно виолетово што е пола ден без база ми трае. Можеби и до моите нокти е.
Дм Затоа гледај да биде линијата sheer beauties, не било кој. Дека не се трајни сите од катрис, точно е. Јас имав еден црвен и после неколку дена се излупи. Но овој што го пишав најтраен ми испаднал од сите до сега што сум ги имала
Моментално и јас сум со оваа марка лакирана, имам неколку, не се лоши, имаат и убави нијанси. Плус и цената им е добра. Со Катрис упорно ја правам истата грешка по бојата се залитам а трајност немаат а 250 ден се.
Супер се лаковите на catrice. Ги имам користено. Нуде нијансите им се долготрајни и мене ми траат по недела дена. Сега ја зедов 70-nudie beautie за да ги одморам ноктите од надградба. Мене обоениот ацетон ми го прави ноктот жолт и користам маслен безбоен отстранувач. Повеќе пати истриј ги со лимон ноктите и ќе го снема жолтилото.
Ниту еден лак досега не ми трае повеќе од 2 дена максимум. Имам меки нокти и постојано ми се лупат. Ги имам испробано сите претходно наведени зацврстувачи во постовите...и креми, а и гел да ставам не ми стои повеќе од недела дена. Можеби треба некои витамини конкретно или не знам што повеќе.
Мене па на catrice супер ми се погоди, баш бордо боја што веднаш се познава кога ќе се излупи, овој ми траеше.
Па околу 5 дена ми траат под услов да ги затворам кога ги лакирам и 2 слоја со пауза од 1 час од еден слој до втор
На ессенс дури пред некој ден ги приметив новите top coat едно во бело едно во црно шишенце. Се мислев и на крај белото го земав. Уствари што е разликата? Со белото и не видов некоја разлика, лакот вториот ден веќе се лупи. Не знам зошто се полажам по друга марка а читав дека на Голден Р. најмногу го штити лакот. Последно кога барав немаше па се полажав пак на Есенс земав, мислев има некоја нова формула за поголема трајност ама ништо, и со него и без исто е. Кај мене лак веќе вториот ден се лупи. Е не знам лани на одмор дали до лакот беше, сосема некоја непозната марка земав, бојата ми се свигаше, на толку капење, дури петтиот ден почна по малку да ми се лупи. Инаку кај мене лак не се додржува. Поради ова последно време најмногу сум на мисла да си ставам гел. Никогаш немам ништо ставано на моите нокти, секако и вака ми се катастрофа па ништо не губам. Единствено што многу ама многу мразам да дремам по салони, па закажување,...
Ако имаш интерес околу ова , можеш дома сама да си правиш. Единствено треба пракса. И јас повеќе бев за лакови ама па немам нерви да ги правам на 3 дена. И така сега си ги правам сама со гел( во шише ) и некогаш со акригел
Овој е обичен проѕирен лак, нема да ти даде некаков ефект. Подобро купи некој top coat лак, имаат и GR ако бараш конкретно од нив.