Потрајни ли се од другите? Јас скоро сите ги пробав на Catrice, само овие не. Еднаш зедов продавачката ме предомисли требало повеќе слоеви да се става и пак зедов од оние другите. Тие што ги користам во однос на трајност ич не сум задоволна,поради бојата ги земам, и за ден-два се лупи лакот. Баш сега ќе ги пробам овие, и други членки ги пофалија.
Мене до сега ниту еден лак не ми траел премногу долго, (јас сум од оние кои постојано мијат раце ), но во однос на другите ми се покажале како потрајни. И кога ќе почнат да се лупат, не е така забележливо во споредба со лаковите во боја. Плус во последно време повеќе ми се допаѓаат вака нежни бои за лак на раце. Инаку јас ставам по два слоја.
Од кој лак сте задоволни? Да се поиздржливи. Дали ставате нешто над лакот, за сјај или издржливост, или само лакот?
Јас од Голден роуз сум најзадоволна. Кератин линијата и топ коатот. Џабе пари имам изнададено за Essie, OPI за ништо не вредат
Се пробав и со база, и над лакот завршен, сите лакови поефтини, поскапи и пак џабе. Не ми држи лакот едвај 2 дена, на вториот се лупи веќе. Ноктите никогаш поочајно не ми изгледале. Џабе витамини. Ми преостана уште со витамини за нокти да пробам.
Што од витамини примаше? Косата како ти е, ти расти? Обично овие две се поврзани, зато најдобро оди тестирај се кои витамини ти фалат, вака мислам нема да можиш сама на своја рака.
Од витамини земам Ц, Д, магнезиум и б витамини. А косата ми е супер отсекогаш да не се подречам, брзо ми расте, средна густина, ми пага понекогаш на есен или пролет ама ретко. Ама затоа ноктите додека се породив супер, оттогаш катастрофа и кратки се лупат, лак никој не ми додржува. Се мислам некои витамини и за нокти да земам.
@koritsaki, Со сигурност ги има во ДМ што е во Дајмонд Само, од тоа што видов немаше некој голем избор ама убави беа боичките.