Од каде да си земам од овие лампи за печење нокти, солидни да се, ама и лесни за употреба. Сега не и прескапи де . Никогаш немам ставано гел,сакам да почнам на моите нокти дома да си ставам, затоа што очајни ми се, катастрофа. На интернет ќе барам постапка, оти врска си немам , не знам ни постапката како оди
Првпат се деси да носам ист лак 2 недели и се изненадив од трајноста на GR лаковите. Еве како изгледа на мене, нормално оштетен е слојот зошто често мијам раце на работа, па и дома сите обврски најнормално ги извршував а лакот се покажа доста истрајно. Дефинитивно за цената сум задоволна од квалитетот. Спојлер
Со овој конкретно не, ама секој лак за зацврстување се нанесува врз чист нокт и после неколку дена ќе го избришеш и ќе ставиш нов слој. Врз него можеш да користиш обичен лак ако сакаш.
Таму веќе нема нови, продаваат залихи само тоа што им е останато некој безвезе бои. Ми треба избор на боја, црвена нема за лек.
Дали сте сретнале до сега негде некој мат лак? Прво се лакираш со обичен па одозгора тој и излегуваат мат. Едно девојче ми ги направи така ноктите ама не кажува од каде го има купено лакот. Проверив на пазарче се чудеа што барам. Да не знае некој?
Порано имав од Авон и Есенс, едно време беа хит мат нокти па скоро сите брендови имаа мат завршен слој.
А што е ова Golden rose некоја фирма како авон се порачува или некоја продавница има? Сакав после до дм да идам по лакови па ќе ѕирнам и таму да не има случајно. Освен ако знаеш?!