Има дм мат истиов од голден. И преубави пастелни бои. А каде има друга продавница за лакови да видам? На пазарче едино знам ама вака негде?
Голден роуз е турска декоративна козметика за лице , тело имаат продавници секаде скоро , ГТЦ, Буњаковец , во Ист гејт, Сити мол...
Девојки, ми треба предлог за добри base & top coat, како и добар лак за нокти кој е долготраен. Исто така дали има некаде во мк cuticle remover?
Top coat е најубав на Кико, некое сребрено шише со сребрено капаче е пакувањето. По цела недела трае.
Последно време ноктите ми се крш, не ми е до витамини, најверојатно од хемии прашоци и миење. Веќе месец дена само со безбоен лак ми се, или зацврстувач за нокти, не дека нешто ми помагаат де. Ама на пример зацврстувачот на Катрис како фолија е во допир со потопла вода, се лупи веднаш. Пред една недела го почнав на Есенс, не знам колку ќе ми ги зацврсти ноктите ама онака сум многу задоволна, при миење, капење со потопла вода стои и по неколку дена. Само гледам го нема секаде. Ќе треба залихи да си обезбедам.
Да се корегирам, значи за 10 тина дена зацврстувачот уште толку ми ги направи крш ноктите, ова прв пат до толку да ми се лом.
Ставај ракавици кога работиш, мене ми се спас. Дури и нитрилни од аптека вршат работа за заштита. Можеш да мачкаш некои масла пред легнување, мислам дека доста помага во процесот на регенерација. А од зацврстувачи, јас ретко да си најдам нешто што ми одговара, плус ми го повлекоа тој зацврстувач од Catrice што ми се допаѓаше ептен, па најчесто користам обичен безбоен лак од Голден Роуз и над него некој бледо-розе лак во два слоја. My nails but better изглед терам. Далеку подобро е така, отколку да ги оставам без ништо ноктите.
Убав лак, интензивна и рамномерна боја само со еден слој. Јас ја имам нијансата од сликава и го користам само за ноктите на нозете, зашто ноктите на рацете секако си ги правам.
Девојки предложете ми билдер гел за нокти некој убав. Дали е убав тој на ревуар и каде ги има низ ск производите на ревуар?