Како успеваш да го нанесеш да ти изгледа еднолично, не знам како да објаснам ама кога кпристам есенс баш вакви светли нијанси или пример бела, ми се појавуваат линии од самата четка некако не изгледа убаво од блиску
Два тенки слоеви ставам, скроз се покриваат "четките". Чекам убаво да се исуши лакот, за да не ми се направат топчиња. Со Есенс лаковите многу често ми се прават топчиња и тоа баш ме нервира, ама чекам подолго меѓу лакирањата па океј е.
Препорака за некоја млечно бела, milky боја или евентуално бејби розева што не се вади за брзо? Барем две, три недели да потрае. Ми треба за на нозете, на рацете секако си ги правам.
и брлата и розвата на аура like a pro ти ја препорачувам. За нозете јас коа лакирам и по месец дена не излага лакот. Еве тука нијанси. Нема да погрешиш
А колку слоја ставаш, обично светлите нијанси ниту со два слоја не изгледаат убаво? И мене исто ми треба само за нокти на нозете.
Мене ваквите лакови многу бргу ми се лупат ама тоа најверојатно е до моите нокти, а ваквите пастелни бои ми траат прекратко 1 ден, за разлика од другите лакови кои траат по 2,3 дена. Сум пробала неколку видови кои се ставаат пред и потоа за трајност на лакот ама кај мене нема еффект и се помирив дека такви ми се ноктите.
бела нијанса 2 слоја. Другите најчесто по 1 слој. Зависи каков интензитет на боја сакаш. Ама од овие на ауре немаш потреба повеќе од 2 слоја
Скроз солидна основа на Аура. Во комбинација со Flormar 470 white dream, ноктите се баш убави. Совршена млечно бела нијанса.
Luge Kazuvajte od koj coat za zasvrsnuvanje na nokti ste zadovolni?Jas imam eden no mi se potrosi? Od kade go zede? Zdravo izvini od kade gi kupuvas?
јас од локални парфимерии ги купувам. Првиот пат ми беа пр од аура. И си продолжив да си ги купувам. Мислам и во дм дека ги има.
Очајно барам некој лак што ќе издржи барем 3 дена. Два месеци ми се без лак ме нервира што секој ден морам да се лакирам а и неможам да гледам пола лак на ноктите. Подобро без ама средени да ми се. А секогаш не сум во можност лакирање па сушење. Инаку бази, завршни кај мене не помага. Има ли некоја нова верзија веќе не знам и јас што да пробам скоро се ми е пробано.
Има од катрис еден као прозирен е се става после лакирање и навистина ги држи еве мене петти ден ама зависи јас не мијам садови мое ако чедто миеш садови и од тоа да се лупи.
Не знам дали ја има се уште оваа линија, но најдобро ми се имаа покажано. Исто така помага top coat на Есенс, било кој.
Кај мене не помогна ни на Катрис си стојат во фиока. Што бројка е лакот многу убава бојата. Уште на ОПИ да ги пробам ми остана
Кај мене клучно е одоздоле прво да се налакирам со најобичен безбоен лак, па каков било лак во некоја боја над него. Така ми траат навистина долго, додека не ги избришам сама. А брзо ми растат и ме нервира кога се гледа израсток, па на една недела се лакирам. Ова без надлак. Ако ставам уште еднаш безбоен лак врз обичниот лак, знаат да тераат и две недели, па ги оставам. Во моментов имам најобичен безбоен лак од Малена и еден нежен млечно-розов лак Голден Роуз. Пробај некои такви комбинации, нешто секако ќе упали.