Целосно се согласувам, ептен добри лакови :up: Баш пишав на претходната страна дали ги има на пазар? Ти од каде ги купуваш?
И мене истово ме интересира дали ги има овие кај нас .Искрено не ми се верува да ги има ама ајде. А Brooklyn лаковите се навистина квалитетни за тие пари , јас имам неколку и лакот ми трае до една недела .
Brooklyn се навистина преубави лакчиња, баш и јас влегов во темава за да ги пофалам. За таа цена и повеќе од одлични. Инаку јас си обожавам лакови, и секогаш кога ќе видам голем избор на нијанси обавезно си земам минумум два-три. Другарките кога им треба некоја посебна боја секогаш кај мене се обратуваат бидејќи знаат дека ми се слаба страна и ретко да ми фали некоја нијанса. Штета што дел од омилените нијанси ми се засушени, а не можам од некои да си најдам потполно исти. Во принцип си сакам и френч, иако како што спомна некој погоре веќе е досаден по малце... но сепак е класика и понекогаш кога немаме идеа е добро решение, затоа што секогаш е ин. Си сакам многу и дреч бои особено во лето, а и во зима кога сум расположена знам да се налакирам со дреч боја, баш ме занима.. Особено обожавам циклама, црвена, нешто измеѓу жолта и зелена.. Убави ми се и нежните нијанси, беж боја, нешто на сиво, светло розе, виолетова.. Не знам зошто ама не сакам црн лак, онака да е нанесен самостојно.. Не ми е убаво така и не практикувам, освен кога има и некој друг дизајн на ноктите. Темни нијанси си сакам многу, темно виолетова, ептен темна црвена- нешто вишна боја, темно кафеава ама чисто црна не баш. А не сакам и јас ептен нападни дизајни, кругови, точки , шарки, не знам таму што се исцртано.. Нешто нежно и неприметно да, ама не ептен онака се што знаеш да црташ и боиш да ишараш по ноктите И за крај еве ги моите омилени нијанси на лакови за нокти, и бои кои јас најмногу си ги сакам да ми ги красат ноктиве Спојлер
OPI во Македонија не сум видела... во Хрватска видов ова лето и се залетав да си купам арно ама одма го вратив на место кога ја видов цената... беше "само" 98 куни... тоа е од прилика 800 денари за еден лак! неприфатлива цена за лак според мене... освен ако имаш вишок пари за трошење инаку и кај нас би чинеле толку... зошто си купив друга козметика која мислев дека ја нема кај нас, ама испадна дека имало и во цената немаше некоја кој знае колкава разлика... зборувам за од прилика 10 до 20 денари се надевам помогнав П.С. каде ги има тие Brooklyn лакови и колку се?
Назалост кај нас ги нема барем јас ги немам видено никаде а инаце во Србија ги има пред 6-7 месеци и цинат околу 500 денари некаде!
Последни си ги купив овие,од Туш.Се лакирав со два од нив до сега и многу се убави,а посебно првиот што е на сликата.
Јас го имам третиот многу се убави и Impala и Brooklyn. Ми ги купија моите претпоставувам од Туш бидејки ми ги земаа од Куманово на некоја акција ( два лака и гратис ацетон ), па затоа и прашувам дали ги има во Ск
За во лето секогаш дреч а сега за во зима сакам темни но највеќе беж боја.Така убава ми е нежна и многу ми е поубава обично само налакирана беж отколку триста шари одозгора. Сега тренутно ми се налакирани со темно син лак од голден роус и баш ми се допаѓа. Издржлив е еве до сега 5 дена ми стојат без да мрднат. Сакам да ве прашам каде сте виделе убав лак - беж боја под 100 денари во Куманово?? И ако може марката да ми ја кажете. Благодарам однапред
И Brooklin и Impala имаа одличен и огромен избор на бои,имаше толку многу што неколку пати се навраќав и ги заменував Од Туш во Штип ги земав,околу 55 едниот и 65 денари другиот,така нешто беше цената колку што се сеќавам.
Ги имам над 50тина дома, со секој поглед кон нив добивам грижа на совеста.. Секој пат е истата приказна "нема купување на нов лак додека не потрошам макар 5 од старите"... и оп ја имаат баш онаа нијанса што сакам да ја има Во принцип сите лакови ми се различна боја, само розев имам во неколку нијанси (god knows why зашто ни јас ни сестра ми не користиме розев лак). Експериментирам дури и премногу со лакот, никогаш не гледам да ми се поклопува со бојата на облеката, ама секогаш гледам да ми се во склад и да не е некоја грда комбинација.. Најомилена ми е темно-црвенкасто-портокалово-циглеста нијанса Спојлер Нешто слично на второто нокте од лево Второ место на тронот зазема францускиот маникир (стандарден) После се темно зелен, беж, no color... Не бирам од каде купувам, повеќето ми се по 20тина-30денари од пазарче, нормално имам и поквалитетни, а во последно време највеќе ги користам на Golden Rose, најдолго траат и имаат убави нијанси А да, и не ги цртам, прилично ми се еднолични ама такви највеќе си ги сакам
Скопје А патем да не бидам офф топик, препрепрезадоволна сум од лаковите на Miss Sporty. Ги имам овој и Et voila (за француски маникир не можев да најдам слика). Во космо имаше акција по 49 денари беа, а мислам и дека уште трае. Боите се прекрасни тој првиот е некоја мешавина на сиво, плаво, зелено со малку светки, а вториот е супер и за френч и за обично носење. И сериозно траат по недела дена. Јас и садови миев, и секојдневно туширање нити се излупија нити боја сменија.
My market Куманово; адреса:Октомвриска револуција 36/1; тел:031-439-501; мобилен:070-252-785 My market Крива Паланка: адреса:Маршал Тито 140; тел:031-377-790; мобилен:070-252-829 My market Тетово: адреса:Иво Рибар Лола 285; тел:044-334-130; мобилен:070-291-215 My market Пробиштип: адреса:Христијан Тодоровски 10; тел:032-480-444; мобилен:072-273-182 My market Струмица: адреса:Климент Охридски 53; тел:034-330-654; мобилен:070-306-163 My market Илинден: адреса:ул.532 бр.24, населба Илинден,Скопје; тел:02-2550-199; мобилен:072-321-790
И мене брзо почна да ми се лупи лакот на Голден Роуз, моментално имам мат од нив, па за кратко време се прелакирувам, не дека ми е тешко, само брзо се вади.Тука една членка погоре, пиша дека е задоволна од лаковите на Мис спорти,ако се стварно добри, најверојатно ќе си земам понатака од нив, ќе сменам, да видам дали и тие брзо се лупат