1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лакови за нокти

Дискусија во 'Тело' започната од fashionista, 2 јули 2011.

  1. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Епа конечно! Феминки сакам да споделам со вас едно откритие :rofl: Случајно купив едно лакче од парфимерија,се вика UMBRELLA,No 93,вишна боја, го земав 40 ден :lol: Не е нормален лакот, ниту се лупи ниту размачкува, малку е потечен ама на крајот се добива неверојатет сјај (мислам нема светки и такви глупости). Е многу сум срекна кога ке најдам вака нешто ефтино, а убаво, некако корисно се чуствувам! :D [​IMG]
     
  2. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    ^ Леле лаковиве! :@

    Или беше до бојата на лакот,или до самиот лак!
    Ми ги уништија ноктите мене најискрено :x

    Земав зелена боја,одма до жолтиот лак на сликата,иста е мислам дека бојата.Кога го избришав лакот,значи има сосема нов слој ЖОЛТ.Немав чист,бел нокт како што требаше,колку и да пробував со ацетон.Џабе.

    Тоа беше ужасно,не се тргаше никако.

    Од нервоза земав да ги стругам ноктите.И едвај сум го тргнала,и ете сега си стои така лакот,не го ставам пак па што сака нека биде.

    Дали е до бојата,или до квалитетот на лакот незнам..ама повеќе ме влече второто.
    Зошто веќе имам друг зелен од друга фирма,и не ми се правеше вака.
    А,овој..ау.. :x


    А,за тоа дека е долготрајна бојата и дека дава преубав сјај се сложувам!
    Дефинитивно.Кога се налакирав се изненадив ептен позитивно :) Ни се лупеше,ни ништо..ама одпосле друга прича.
     
  3. Justice

    Justice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    91
    Овие лакови во Базаро во Соравиа се по 35 денари.Немам купувано се мислев дали да си купам,ама Beauchamp ме подразмисли :?:
     
  4. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    :D

    Сепак секој нокт си е посебна прича кај секој различно,може нема кај тебе така да влијае :)
     
  5. Akana

    Akana Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    93
    позадоволна од лаковите на seventeen неможам да бидам. се поскапи ама се многу поквалитетни и лакот не се лупи брзо.
    [​IMG]
     
  6. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    ^^Ааа овие Umbrela лакови јас не би ги пофалила толку.
    Немав можеби толку лошо искуство како Beauchamp, но јас од Базаро пред некоја недела зедов еден темен, нешто помеѓу темно розево и виолетово.
    Пусти мерак ќе се лакирам, за да ја добијам нијансата која ја имаше лакот требаше да ставам 4 слоја, и повторно беше малце посветол од амбалажата.
    Бидејќи правев пауза помеќу слоевите од некои 10тина минути, 40 минути се лакирав, и најверојатно требаше уште толку да чекам да се исуши, ме фати инат и ги избришав, а лакот го депортирав во задњи редови на полица, да стои само за цртање шари.

    Голден роус се измислени за овие, дури и Оливиа, Пацифик, Бруклин се многу подобри, барем според моето искуство.
     
  7. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Јас имам такква боја зелен лак , мојот е од Голден Роуз и мене исто ми пожолтуваат од него, ама уште од одма знаев дека е до нијансата, зашто со другите нијанси немам проблем... И една моја другарка има иста боја ама некоја друга марка, и кај неа исто :lol:
     
  8. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Ги користам само Pacific и Olivia, немаат некои посебно убави бои, но мене ми се допаѓаат.
    Golden Rose лаковите имаат навистина убави нијанси, но откако се налакирав не помина ни половина час откако се исуши и веднаш почна да се лупи -.-
     
  9. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Уфф, па не знам ја сеа прв пат го користам вака убав ми се виде, не остава жолто ги бришев еднаш. ЕЕЕ ми се пукна филмот сега :D Инаку јас летска ставав зелен лак од Голден роуз мислам беше, ми пожолте ноктот. Може до пигментот е. Инаку мојов е бордо и е од нова линија на па ке видиме, ако ми паднат ноктите ке ве информирам :lol:
     
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Ја разгледав темава, малку е спомнато за лаковите на Севентин и Менхетен, па би сакала да читнам уште неколку мислења, дали некоја е задоволна од овие, се лупат ли брзо? :)
     
  11. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    За Севнтин лаковите стварно немам зборови. Јас сум презадоволна од нив, не се размачкуваат и не се лупат и една за мене многу битна работа кај лакот, лесно отстранливи се.
    Пошто користам силни бои од типот на сина, тегет, црвена, циклама итн важно ми е лесно да излегува, а не на ноктот да ми остава трага па да не можам веднаш да ставам посветол лак.
    Тоа кај Севнтин е така, што не е случај и со Пацифик и Оливиа. Ем се ко вода течни, ем го обојуваат ноктот. Порано ги купував бидејки не се лакирав многу, а тие беа поефтини, ама сега сум секогаш налакирана и земам повкалитетни лакови.
    Исто сум задоволна од лаковите на Есенс и Макс Фактор. Последно купив едно лакче на Мис Сиксти и морам да го пофалам дека е доста трајно. Нешто како бисерна боја е, па не можам да кажам дали го обојува ноктот, ама барем трае до 5-6 дена.
    И денес, на лак од Аура дознав дека и лаковите имале рок на употреба. Некој да ми кажеше немаше да верувам, зашто лаковите на мама траат уште, ама ете и тие имале рок на употреба.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Голден Роус мене ми се намбер 1. :clap:

    Ми стојат по 1 недела, се лакирам од недела до недела, а притоа мијам раце, садови, се бањам... Два слоја и раат сум. Плус се пристапни со цените, 50 денари се ништо. Боите им се убави, не се сушат брзо, имам лакови од пред две години. Супер се.

    Најнезадоволна сум од Оливиа, тоа не е лак, тоа е проклет лепак. Нит се става, нит се размачкува асално, катастрофа.

    Не би дала многу пари за лак, каков сака нека е, максимум една недела може да стои. :D
     
    На lackygirl, Ducky и Beauchamp им се допаѓа ова.
  13. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Денес купив едни лакови Малена 3 за 95 денари (од мај маркет) денес и се налакирав па ќе ве известам какви се. Инаку имаат убави боички. :)
     
  14. Tinnnna

    Tinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    50
    Помош за лак за нокти!!!!

    Девојки да не знаете каде би можела да најдам сребрен металик лак за нокти и дали воопшто има?
    http://28.media.tumblr.com/tumblr_lvzwa ... o1_500.jpg ваков лак барам! фала ви однапред
     
  15. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Помош за лак за нокти!!!!

    Тинннна јас колку што гледам тоа се лепенки...не лак. :^)
     
  16. Tinnnna

    Tinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    50
    Помош за лак за нокти!!!!

    знам дека се лепенки,гледав на ју тјуб,ама мислев да не има и таков лак :) а лепенки да не знаеш случајно дали има и каде? :D
     
  17. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Помош за лак за нокти!!!!


    Мислам дека ги има само на онлине купување.

    На друго место незнам. :)
     
  18. Ducky

    Ducky Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2010
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    1.633
    Пол:
    Женски
    Има еден лак од Maybelline со кој се добива многу сличен ефект, но сепак нема да биде толку сјајно како лепенките. Името е Maybelline Mirror Image и изгледа вака:

    [​IMG]

    [​IMG]

    Проблемот е што не знам дали го има кај нас, но провери во Космо и слични парфимерии кај што продаваат Maybelline производи. Инаку иде вака во 2 шишенца и за да се добие таков сјај се аплицира прво едното, па другото одозгора.
     
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас имам ставено во другата тема за нокти слика од моите нокти со сребрен лак.
    Металик е, ама не се постигнува сјај како на сликата, бидејќи нели лепенки се тоа.

    Оливиа 14 е сребрен, убава сребрена, можеби најубава сребрена што може да се најде кај нас. Дава убав металик сјај. И Пацифик имаат сребрен, 17 бројче, ама има како светкички во него, кои и не се забележуваат многу.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  20. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Веќе некое време најзадоволна сум од лаковите на Голден Роуз Париз. Стојат по неколку дена.

    [​IMG]