сите ми се некако нијанси на црвена, цреша, темна црвена, така некако или на розева (некаде накај 5 нијанси имам од светла до темна) и nude ми е хит ова лето
Обоажавам лакови и ги сакам во сите бои. Во зима најчесто користам потемни, бордо и сиви. Додека летно време користам светли бои на лакови. Многу често и им ставам цветчиња, точки, линии, некои недефинирани фигури и така Користам секакви лакови, прво ја гледам бојата. А највеќе имам Голден Роуз, Класикс и Оливиа. Секогаш ми се средени ноктите, многу мразам несредени нокти. Подобро нека бидатноктите нелакирани отколку излупени.
Речиси секогаш сум налакирана, не можам да ги гледам ноктите без лак, ми изгледаат многу неженствено. Најчесто ми се црвени, розеви или имав некоја чудна беж боја. Не ги сакам оние чудните ко свиленкасти што се. Имам скромна колекција од 20тина лака црн, жолт, розев, циклама, виолетов, темно зелен, тегет, бел, сив итн. Знам понекогаш да ставам некое цветче или некоја шара. Омилени ми се со весникот ама поретко ги правам така.
ima li nekoj praveno sari pod voda nekako mene ne m iskacaat?..... do mene e ili do lakot ???? [mod-kirilica:3b2i9mjq][/mod-kirilica:3b2i9mjq]
сега во летните денови обозавам ги светлите бои и секогас ми се налакирани сите прсти со разлицни бои золт зелен розе плав црвен ги обозавам
Пробувам да експериментирам, ама некако не ми оди, не сум спретна во рацете + не можам симетрични линии да цртам, ниту пак имам трпение фигури да создавам. Повеќе ја преферирам едноставноста, односно се лакирам во една боја најчесто црна, темно сина или пак си правам француски(одвај).
Опседната сум со лаковите и тоа како изгледаат моите нокти Имам околу триесетина лакови во најразлични бои, светли и темни. Единственио не ми се допаѓаат лакови со светки. Некогаш ги лакирам ноктите во една боја, а ако не ме мрзи знам да исцртам нешто поедноставно на нив. Не дека многу ми оди тоа цртањето, но се трудам да личат на нешто. Имам лакови од Оливиа, Пацифик, Флормар и 3 или 4 на Авон (нив ги зедов затоа што многу ми се допаѓаа нијансите, а не дека расфрлам пари за лакови).
Сега сте ми ја погодиле темата. Лакови....је је је!!! Имам многу лакови и тоа во сите можни бои. Експериментирам со боите и шарите, но понекогаш ги сакам и класичните и едноставни бои. Не сум предодредена кон одредена “марка“ на лакови, но ги купувам оние поефтините и оние кои спаѓаат во некоја средна класа. Еве баш сега гледам дека во несесерот имам: Габрини, Пацифик, Оливија, Класик, Мис Спорти и Голден Роуз. Голден Роуз се супер имаат разновидни нијанси и имаат цени кои се пристапни за сите . Продавничката што ја отворија на Рекорд, ми е коњаче
FBI какви се на Флормар? Имаш искуство? Јас по лаковите сега почнав, затоа што секогаш во школска година период на испрашување по биологија (лонг стори) ги кршев ноктите. Не ги грицкав туку со другите нокти си ги кршев и сега имам цело време лак за да ме потсеќа да не се чачкам. Мене Мис Спорти ми се крш, Лореал не вредат за парите кои ги фрлав и се откажав од нив. Морам остра критика кон Менхетен да дадам иако за шминка им се клањам. Многу е мало шишенцето, лакот е лош, барем тие со кои имам искуство. Аура ми се допаѓаат, си чувам 3 резервни мали лакчиња во чанта (буквална црна дупка, се имам внатре) ама не сум ги пробала сите освен тегетот. Ја обожавам цената на Голден Роуз, и нијансите на Фломар. Очите ми паднаа.
Лакови имам буквално секакви. Од 20-30 денарски од пазар, до Bourjois. Оние Ајфелова кула шишенцата на Golden Rose се одлични, за 50 денари топ лак, негде и за помалку. Flormar исто се добри, Aura се за фалење, Seventeen... Bourjois се перфектни лаковите, многу јаки четки имаат, плус траат до бесвест. Инаку црвен мнооогу сакам. Имам секоја нијанса на црвен, од дреч до бордо, бели/розови/седефасти, со светки, мат ама одредени бои исто... Не ги сакам овие дречавите сите што ги носат сега, знам дека се во мода ама јас поинаква перцепција имам за истата. Плус кога ќе се исунчам несварливо ми стои дреч зелена/жолта на потемнета кожа.
Лакови секакви сакам. Темни,светли,светкави,мат,дрчливи,неутрални,ма се што се подразбира под лак. Сакам и шаренки џиџани ,за во лето посебно.Мада ова лето ми се хит еднобојни. И плус вака заштедувам од козметичар Пошто сум природен антиталент за лакирање ,па така ова еднобојново се трпи некако,не дај боже да почнам да изведувам нешто. Oд поевтиниве Flormar и GoldenRose ми се врв. Од поскапиве дефинитивно Bourjois.Им парирааат и Seventeen со уште поубави нијанси. L'oreal,некои колекции им се добри,некои катастрофа,зависи. Имав еден од Chanel на подарок од братучетка ми.Е тоа ти е лак бе брате.Непребол,веќе истрошен ми е,некоја трула вишња боја беше И ќе пофалам уште едни што ги нема кај нас ChinaGlaze.Козметичарката ми има неколку нијанси и стварно се прекрасни.
Eте Сеф, ги заборавив Аура и Флормар Конкретно ми се допаѓаат нијансите на Флормар и нивната трајност. Не сум имала лак на Флормар во моја сопственост, но се имам неколку пати налакирано. Имаат добар квалитет, на задоволително ниво за нивната цена. Може да ги ставам на исто ниво со Голден Роуз- со таа разлика што вториве се поефтини. Неколку нијанси ми забодеа очи пред некој ден во Рамстор Аура.....хм разбирам дека менувањето на амбалажата ја крева цената, но 130 денари за лак кој претходно бесе дупло поефтин??!!! Епа јас не давам! Ќе се надоврзам и за лаковите на Менхетен и Лореал....не користам скапи лакови од проста причина што јас многу се лакирам (и лакирам другарки) лаковите брзо ми се вертеат и ми се сушат, па не ми се исплаќа да фрлам толку пари на лакови. За Мис Спорти, ќе потврдам дека квалитетот им е бул шит. Бојата се вади многу брзо. А имаат супер тренди нијанси. И заборавив дека ги имам пробано лаковите на Буржоа кои се сушат за една секунда. Е тоа е квалитет на поскап лак
Во последно време само Аура купувам, претежно од малечките во некои дреч нијанси. За такви нијаси не ми се исплаќа да земам голема амбалажа зашто секако не ги користам многу па ќе се исушат. Сега во моментов сум налакирана со ваков Преубав ми е, си ги сакам рацете вака И веќе три дена не е мрднат. Е не трае седум дена како што пишува, ама дефинитивно трае подолго од обичен лак. За ваква нијанса не ми е жал да дадам 140 денари, зашто планирам да и’ останам верна некој период.
Pa da sakam da eksperimentiram imam mnogu lakovi no najmili mi se portokaloviot(dobro povekje e nakaj crven ali seedno),zlaten,kafen,mastilo boja,bordo,koza boja.. za shari i ne me biduva mnogu no sakam i poednostavno i interesno [mod-kirilica:35udhgrj][/mod-kirilica:35udhgrj]
Сите лакови ги сакам!! Имам црвен, портокалов, зелен, плав.. за во лето супер ми се Инаку вака за поофицијални искачања најмногу сакам француски маникир, па обавезно на полицата за лакови имам млечно бел лак
Во претходните постови спомнаа за лаковите од Аура, имам користено од Аура лакови, не сум задоволна, некако се растекуваат од Голден Роуз ги користам и се добри, користев и од Авон, лакови, но брзо се вадат и скапи им се, цените во однос на самите лакови, не вреди да се купат.
лакови обожавам во сите бои имам околу 30тина лака и пак мисе малку не купувам скапи најчесто оливиа,голден росе,мода(едни малецки),аура малите имам само еден на буржуа плав од старата колекција по катастрофа лак нема се љупи за 1 ден кога го брисеш со ацетон остануваат дамки по ноктите иако предходно имав ставено прозирен ужас е се лакирам најчесто еднобојно,француски,некогаш правам цветови,ставам по 1 цирконче на домалиот прст и така п.с. ливинг ваков лак на аура од малите ли имаш кој број е,а имам забележано дека малите лакови сите нијанси ги нема како големите на аура или јас несум ги нашла
Не, овој е голем, а малите се поинаква формула. Тој на сликата е Nаil Beauty, долготраен, а малите се исти со овие во цилиндрично шишенце Спојлер што веќе ги нема во голема варијанта. За нијансите не знам, ма да има од малите многу нијанси што се исти со големите ко на сликата погоре, само не се под ист број.