Па моментално имам лак со црна, бела, розева, кремаста и црвена боја. Од време на време си купувам нови и си експериментирам , но не сум многу за тоа да ми бидат постојано налакирани ноктите, иако си ги средувам. Обично си ги шарам ноктите како ќе ми текне, но понекогаш ми се налакирани и само во една боја.
Барав некоја тема за лепенки за нокти али ненајдов така да овде ке прашам... Дали имате искуство со вакви лепенки . . . Имам црни цветчиња али коа ке ги залепам и нанесам лепак се одлепуваат одма од страните ... Да не правам погрешно пробав и на налакиран нокт да ги залепам , и на чист али се одлепуваат Совет ?
Стави безбоен лак и додека е уште неисушен лепи една по една лепенка на ноктот и малку задржи ја на краевите додека да се засуши лакот и ќе остане залепена. После можеш уште еден слој лак безбоен да ставиш и ќе стојат. Јас така ги лепам и многу цврсто стојат инаку слаб лепак имаат самите.
Пошо ја си го изгубив несесерот со лакови а ги имав ногу, сега си имам само 6 лакчиња. Грефче. Преска си купив еден Brooklin бел, 60 денари. А имам и на Olivia и Pacific.
Подарок баш е интересна и посекојдневна бојата, и мене ми беше чудно затоа што обично се лакирам со појаки бои ама се навикнав. Налакирана сум моментално со таа боја (Голден Роуз 0 + одозгора имам ставено еден слој на безбоен лак со ситни светки и прекрасно искочија. Иначе кратко инфо околу ОПИ лаковите, цената е 700денари еден лак (што искрено мене ми е многу да дадам за едно лакче), рок на траење имале 3 години, шишенцето е 15милилитри и се американско производство.
Не очекував да бидат поефтини. Таа им е цената и во САД (горе-доле, зависи во која продавница), а минатава есен кога бев во Дрезден беа по 12 евра, што е околу 720 денари.
Мои омилени лакови за нокти од кои сум презадоволна. Бр.10 од ГР, преубава розева боја, каква што сакам, толку убаво се прелева бојата од розево на седефасто ептен, од сите ГР лакови оваа боја им е совршена и белата број 03. и Римел за француски маникир, перфекција, одма се суши а четкичето е генијално, убаво и широко за еднакво нанесување, планирам понатму да пробам уште некои од лаковите на Римел.
Јас го имам 825 на Rimmel го купив 150ден и сум задоволна убави сјајни бои и што е најважно одма се суши, стои по 4-5 дена, задоволна сум и планирам други бои да си земам.. еве слика
Кики4ка блонди бојава е одлична Каде можам да ги најдам лаковите на Риммел? Иначе во најновото каталогче на аптеките Зегин видов дека продаваат и Аура лакови по 35 денари. Освен во Зегин ги има на некое друго место?
Баш ги избројав лаковите за нокти што ги имам дома, 35 се на број ! А планирам да го зголемам бројот, зошто видов колку добра рекламација им правите на Римел лаковите. Иначе повеќето од моите се од Essence и Miss Sporty, и да ви кажам право, презадоволна сум од нив !
И овие лакови не се лоши, го имам последниот капучино боја, навистина е убав особено во комбинација со бел мераци, како нежно се прелива бојата неможам да престанам да ги гледам ноктите, никогаш ми се нема случено. Баш вака нешто изгледа ахх убавини.
Сега ги пребројав - 33 Следат слики од сите нив, со напомена - имам неколку розеви, а НЕ ги користам, освен тој дречавиот во лето. Незнам зошто ги имам, повеќе сум по темните, и во последно време - плаво/зелено/тиркизни нијанси Епа, повелеле:
Bчера си се подновив со 2 лакчиња Спојлер golden rose 231 Спојлер golden rose 94 иначе гледајте ова за OPI, незнам колку е точно али http://brkajrabota.mk/lifestyle/zdravje ... t-za-nokti