Од бит пазар ги зимам од тезгата каде што имав објаснето, неколку страни наназад. Еве ги како изгледаат, и колку убаво излегуваат
е сеа ме натера да барам низ постовиве кај си ја објаснила тезгата.... ајде да не бидам ОФФ, фрик сум по лакови, имам скромна колекција од 50тина лакчиња и различни аксесоари за маникир во домашни услови, господ здравје да им даде на Голден Роуз за добрината со ни ја направија, а во последно време и на Јамбо и еве Бит Пазар....
Еве ја, не се мачи не ја барај Значи каде што е виолетовата коцка тука се наоѓа тезгата, 2/3та тезга по ред, но е прва за нокти, две споени тезги големи,а еден продавач. А таа зелана тазга обоена се надворешните тезги тетратки и ташни што се продаваат се надевам дека успеав да објаснам
ништо таман работа, се надевам ќе најдеш се што ти треба. јас сега си пукам од амка што си ги уништив вчера ноктите, ама ај брзо ќе си ги опоравам, инаку не планирам наскоро да одам на тезгата зошто си изнакупив се сега за сега.
Инаку во моментов многу им се радувам на лакчињата од братучедка ми од Канада, какви бои и какви лакови тоа е чудо некое, претежно се ОПИ, има едни Лејдис Чоис и некои други....Не можам да им се изнагледам на моите резеда зелени нокти со бели цветчиња, милина....Коа ми ги кажа цените и у Канада се помислив малку и решив сепак да не нарачувам од таму, новите лакчиња на ОПИ со потпис од Катдашијан биле 20 долари, ма иди бре таму не ме зафркавај....
Денес си купив нов, Оливиа 112. Темно виолетов е, накај син. Можеби после ќе си ставам слика во Вашите нокти и ќе пробам да направам водена техника
спагетта за да направиш водена техника потребно е лакот да ти биде многу, ама баш многу течен. за тоа ке треба да ставиш уште ацетон во него. ако не ти е многу течен лакот ке ти потоне на дното во садот. а сигурно не би сакала да го уништис новиот лак затоа земи си некој 3-4 постари лакови и наполни ги со ацетон, научи се убаво да ја изведуваш таа техника па потоа ке си ги направиш убаво со твојот нов лак... поздрав
http://www.youtube.com/watch?v=AdHvQVmY ... re=related интересни се за во лето ,да не видел некој кај има вакви ??
Би требало да има на пазариве имаше на бит пазар една тезга со лакови и со вакви стикери за нокти...ама баш овошјенца не сум видела
Јас денеска си го купив овој лак на Аура и многу е убав убава е бојата и цел е со светки. го земав 135ден Иначе не е моја сликава
Да не знае некој акде можам да најдам гелни алкови? Ноктиве ми се лупат нон-стоп, а некако не ми се даваат грдни пари за едно лакирање па уште и надградба.
Има на Esense лак кој личи како гел да имаш ставено врз твојот лак и многу убаво изгледа, си го купив и го пробав одма нормално. Сега им се имам намерачено на мат лаковите од Голден Роуз, всушност на сите лакчиња од Голден Роуз. Ми се допаѓа се во продавницата, дури и козметиката, сега имаат донесено и некои нови лакови поквалитетни, но јас пак си ги купувам оние малите бидејки ги трошам многу. Мојата "скромна" колекција брои околу 30-40 лакчиња.