Го има во Unique и во Еликсир, ептен сум задоволна, врвовите на ноктите не се подлуштуваат како со обичните нокти, прилично бргу се суши и навистина личи како да имаш ставено гел на ноктите, особено убаво изгледа на еднобојни нокти и на француски маникир, ма какви козметички салони, со еден маникир во козметички ке купам лакови за цел месец и повеќе да се лакирам секој ден во различно.
Gel Look, изгледа исто како и лаковите што се за француски маникир и е на страна од лаковите во боја, чини 125 денари и на него ја има ознаката XXXL shine, на капачето. Се надевам помогнав!
За сите оние кои што бараа лак што свети во темница, орифлеим имаат ама само портокалов и розев http://mk.oriflame.com/products/catalog ... per=201204 еве одете 70-71 страна
И освен што треба да е темница, потребно е да има и УВ светлина за да светне инаку ќе си биде како секој друг лак. Други се тие лакови што самите светат во темница
Во врска со Gel Look проѕирниот. Го користам веќе неколку недели и многу сум разочарана. Во споредба со тој брзо што се суши исто од Essence, лакот се лупи многу побрзо.
Користам секакви лакови за нокти,имам купено од парфимерија ,од авон од орифлејм....Досега сите ми се биле убави,а боја порано се со црна се лакирав,но сега секоја боја,шарено е поубаво
Пред два-три дена бев во Голден Роуз во ГТЦ за лакови. Имаат едни alix avien , малку поскапи од другите, 110 за еден, 200 за два лака. Ама нијансите се препрепрекрасни, на друго место такви немам сретнато. Го земав овој 276, минт-тиркизна боја, а во план ми е да земам и од другите пастелни бои. Некоја ги има пробано? Трајни се?
Мат лак каде можам да најдам ? Ама ми треба проѕирен, што можеш да го ставиш на боло кој лак и матира, не од оние што се у боја мат. Благодарам
јас никаде не можев да најдам, рекоа дека Есенс го произведувал и толку веке го нема, ако најдам некаде ке ти пишам и јас сеуште барам
Manhaten има таков лак,уставри тоа не е лак.матирач е Јас имам на оваа фирма,и тоа го купив онака на грешка