Таков лак има на Essence, ама последен пат кога проверив и во Unique и во таа продавницата што држела Essence во Бисер, немаше, се потрошиле. Сосема случајно најдов на Gosh во Cosmo и тоа на попуст, од 225 на 125 денари Вакви имам видено во Џамбо, беа 50-60 денари, имаше интересни шари.
Не знаев кај да пишам на оваа тема, па некако најмногу овде ми се совпаѓа. Значи ацетон, или отстранувач на лак за нокти. Дајте препорачајте некој добар кој ќе го извади лакот од ноктите но не да се борам со ноктите и тие потоа ужасно да ме болат, а потоа да не ми се исушат ноктите или недајбоже да почнат да ми пукаат, да ми се кршат. Е сега која е мојата приказна, ги купував оние обични ацетони од Галафарм, ама ништо, ноктите ми беа кршливи, никакви, иако вадеа поштено лак. Потоа ги купував оние ацетони од Голден Роуз, ништо особено, не осетив некоја разлика, а и многу бргу се трошеа. Оној од Кам, многу ми ги сушеше ноктите, а и Кам немам секаде, морам пола град да поминам за да купам. Е сосем случајно се полакомив по еден во Јамбо, пола литар за 50 денари, си викам ај ќе го пробам, луѓе, се борам со ноктите додека го извадам лакот, па ако ми се погоди и некој упорен темен лак, особено оние мат што се, е тоа е крајот, или пак недајбоже светки и налепници, абе се корнам додека да извадам лак од ноктите, но пак од друга страна за ноктите ми е мајка, какви ми се, да не ги урочам, никад не ми имале подобра цврстина и сјај, конечно ги пораснав до саканата големина, после долги 3 години. Пошто вложив во мојата колекција лакчиња си велам да пробам и со ова, да најдам еден асален и да не го менувам, па ви се обраќам вам.
Во BAZARO имаш ацетон многу е убав... прстот го ставаш внатре само во тоа и самото го вади .. јас имам такво и стварно ми е преубаво а и послем тоа убаво мирисаат рацето бат д веј мислам дека беше 80 ден.
Господ здравје да ти даде, ацетонов е милина, преубав е, чисти за минутка и мириса прекрасно, што е најдобро, ноктите ми изгледаат многу добро. Никогаш нема да го сменам ацетонов, никогаш
Овие ги купив кај една продавница во моето маало. Нема никакво име напишано, но под шишенцето пишува Колор козметикс и малку помалечки се од стандарт големините. Бројките - 51 и 03 се. Боите се преубави, да видиме сега како ќе се покаже трајноста. И да, не се многу густи, што е голем плус. Спојлер Лееле, преголема е сликата.
Останав ваква кога се излакирав со еден лак од Базаро за 30 денари Црн лак ни густ ни течен незнам што е со лаков али со еден слој е феноменален. И одма се исуши. Еве ви слика ма да не се гледа убаво. Пишува FCC Nail Polish.
& :up: :up: :up: И сакам да прашам, соодветна е темава, кај да најдам лак што пука така ми го нарекоа, а ноктите испаѓаат вака некако слично
Е јас бев поборник за topcoat-от на Есенс, е сега пу пу не важи, катастрофа, единствено можеби првите два три пат што се налакирав, сега е катастрофа, стана како охо лепак густ за еден месец и се тегне, а на ноктите кога че го нанесеш меурчиња се прават и изгледа ружно. Се разочарав, а баш имав идеа да се префрлам на овие лакчиња, нема шанси, Голден Роуз ништо не ми ги менува. Едвај чекам овој да го дотрошам и да го фрлам да не го гледам од што ме нервира, позалудно фрлени пари никад не сум имала за лак, аха и да пак направив иста грешка, купив печатчиња, ги извадив сите можни фолии и пак ништо не излага. Мојата завидна колекција лакчиња е во времено мирување, се префрлив на поедноставни дезени на ноктите, во потрага по нов аксесоар, четчиња, лепенчиња и слично, таман со летото ќе му дојде повторно да се активирам, а дотогаш понекое цвеќенце или чкртче се доволни.
Спичлес имаш на Флормар и на Голден Роуз лакови што пукаат , имаше уште некој ама не ми текнува. Како и да е за овие две сигурна сум