Тој на Риммел го имам не е иста ваква бојата а и не е вака дреч, инаку фала на одговорот ке ѕирнам деновиве во космо
јас да ви се пофалам дека си купив преубав лак на OPI, го има во аптеките Виола само, и малку е скап.... предобар е и трае многу
Кај и да е ќе ја достигнам сликава, уште полицата ми фали. Инаку кој го спомна ацетонот на Далиа од праска со крема за нокти и заноктици во капачето алал да му е, ацетонов е фантастичен, иако е без ацетон нели нормално
СДК дека лаковиве од Аura Inches немаат врска. На нивниот сајт (а и на самите лакови пишува): Traju dugo, suše se kratko. Izuzetan sjaj modernih boja, uz odličnu pokrivenost već pri nanošenju prvog sloja. Се' обратно... Се бришат на првото миење садови, се разлеваат, не можеш да ги нанесеш како што треба, дека имаат привлечни бои не велам НЕ, ама и дека мора неколку пати да повторуваш за да добиеш асална боја Башка и цената им е солена 100 и нешто денари. За тие пари ќе си купам два Golden Rose.
кои се овие лакчиња? ги неам сретнато прв пат слушам за нив може сликичка побарав на гугал ама нема ништо под ова име, а сакам тиркизна нијанса
Околу 50-60 денари е, маслен е и не е лош, но некако не ми одговара на ноктите мене, сега го користам овој од Далиа, портокаловиот, одличен е и чини 75 денари речиси секаде!
Олиавата е траен колку невиноста на американка на матура. Да несмееш раце да измиеш Јас сум задоволна од есенс и флормар, од оние со попристапи цени. И малена се одлични за 40 денари, трајни се него проблемот им е што многу ми ги оштетуваат ноктите и ми пожолтуваат. Ама јас никогаш не сум без лак па немам гајле какви ќе ми ги направи