Ете погледни ги во Вашите нокти, не сум баш задоволна, не е толку едноставно, ама ко за прв пат не е лошо де, пробав се, па ај и овој начин да го пробам , морам да признаам не е едноставно, не е лесно и требаат многу живци дефинитивно
Исеков триаголничиња од фолијата со многу остри ножички, бидејќи ако не се остри нема да ја сечат фолијата, исеков точно 10 и + уште некоја да има фира ако уништам нешто но не уништив ниедно. Ги правев така што напоредно мачкав лак на ноктето па лепев фолија, ќе почекам некоја секунда, убаво ќе оптегнам и со турпија го вадев вишокот од фолија, од ноктето секогаш висеше по малку фолија, на крај ставив гел-топ коат и чекав прилично долго без да се фатам за работа. Искрено мене ми изгледаат утрово навистина интересни ако се набрчкани малку, сфатив дека на девојката на туторијалот и се прави бидејќи она употребува мали парчиња фолија и ноктите и се пошироки па има место да се оптегне истата, кај мене ноктето е тесно а фолијата речиси половина нокт и нормално дека ќе се згужва и ќе се направат набори. Имам во план пак да ги направам наскоро и тогаш дефинитивно ќе сликам постапка па ќе ја ставам во туторијалите
^фала многу инаку јас на сликата како да заприметив дека она ја мачка фолијата....а тебе колку што те разбрав веднаш врз намачканиот нок со лак,ја ставаш фолијата така?
Да, врз намачканиот нокт, јас не ни видов како ја ставила она, по моја логика си одев, така ми беше полесно некако, иако веројатно ќе пробам и обратно, пошто имав мал инцидент само со размачкување на лакот под фолијата па морав да маскирам
^може затоа и ти се насобрала. Ако не следниот пат кога ќе пробуваш, прво нека ти се исуши лакот па пото со проѕирен залепи ја фолијата
Јас користам лакови за нокти од Орифлејм поточно Џордани. Поубави лакови јас не сум видела. Ама се исплати за цената, 209 за еден. А ги има и на попусти некогаш. Само пофалби за нив.
Не знаев каде да ја постирам идеата (не е моја) и мислам дека овде е идеално место Сликите се во спојлер од причина што се големи и можеби некои ќе треба да се отворат во нов таб. Ако некој се реши да го проба ова нека постави слика, баш ме интересира што ќе излезе. Чекор 1: Потребни ви се сенка за очи, безбоен лак, чепкалка за заби и мал хартиен фишек. Спојлер Чекор 2: Добро раздробете ја сенката за очи, за да подоцна не се прават грутки во лакот. Спојлер Чекор 3: Со помош на хартиениот фишек истурете ја раздробената сенка за очи во шишенцето безбоен лак. Спојлер Чекор 4: Со чепкалката за заби убаво измешајте ја смесата. Спојлер Чекор 5: Затворете го шишенцето со лак и оставете ја смесата убаво да слегне и да се соедини. Спојлер Чекор 6: Пред употреба уште еднаш убаво протресете го шишенцето со лак. Спојлер
http://www.facebook.com/opremazanokti.daniela Девојкава ги има во понуда, не се скапи ко шо се сеќавам, околу 80 или 50 беа од лентичка, само треба да се нарача, јас одамна и се мерачам на некои работи и се мислам да ги нарачам ама никако даостане вишок парички за нив
Тоа е многу скапо за 1 лентичка. Зборувам за rip off скапо! На Ebay има 10 лентички за 60-70 денари. Баш сега пред малку си порачав.
Последно земав од овие http://www.femina.mk/out/?id=d9d21e9262 ... bdd2833274 и искрено од квалитетот на лакот ич не сум задоволна , одма се лупи... -> Да ми дадете идеа како би можела да ги чувам лаковите.Моментално ми се во книжна кутија од патики,али алку да е потурнам и се прави неред внатре и многу од лаковите ми потекуваат од страна,ги затворам убаво али сепак
Moрам да ги пофалам лакчињата на Aвон, многу убави боички, јаки, го користев розевиот креч белиот и синиот многу се убави, за трајноста уште не знам Pетко се шлакам со лакови, ама овие со мерак ќе ги користам имам и други нијанси, следна за лакирање ми е црвената џиш боичка
Сноу јас го имам скроз истиот лак магнетик(Голден Роуз) што си го постирала и само пофални зборови можам да кажам за нив. Мн се убави,а и шарите се едноставно прекрасни. Кај мене лакот е сива боја ама мн убаво изгледаат ноктите. Нареден пат кога ке ги правам со магнетикот ке постирам слика. Нема да зажалиш ако си купиш.