Ги најдов јас во салон за нокти Fish Spa во Кисела Вода кај рампа, во зградите во уличката каде што има лесковачка скара ( ужасно објаснувам :/ ). Инаку 690 се таму
Имам барано по парфимерии Cosmo, Eliksir,Unique немаат, а ваму во салонов се 690. Инаку јас сум сосема спротивно од тебе Кога ќе ми се допадне некој лак тој го носам и по цел месец ( се бршам секој 3 ден и повторно ставам од истиот ) Кога ги гледам овие make up girls на youtube сите се опседнати со тоа OPI па ајде и јас да купам , да пробам
^Убаво ако можеш да си ги дозволиш, не дека не ги сакам лаковиве, ама моментално приоритет ми се некои други работи, па така за лакови не издвојувам огромни суми. Него сакав да си прашам ги има овие лакови во космо или некаде низ парфимерииве? Ballerina backstage Blossoms You rock Natventurista за првиве и вториве знам ги има ама овие сан клаб и урбан?
^ Не ги има сите баш,некои само. Во секоја парфимерија каде што има Есенс козметика имаат различни колекции. Така да ако не те мрзи да прошеткаш малце па може ќе најдеш нешто
Такво лакче можеш да си најдеш во секоја парфимерија за истите пари,во погорниот пост прочитав дека си од Велес,па побарај можеш и таму да си најдеш А за Скопје,мислам дека и на пазарче ги имало.Вујна ми ми кажуваше...
Најчестоо се лакирам: црвена, црн, виолетова, сина и розева а морам да купам вакви: http://weheartit.com/entry/30427027/in- ... -cosmetics http://weheartit.com/entry/32989536/in- ... -cosmetics weheartit.com/entry/33161449/in-set/3032005-cosmetics http://weheartit.com/entry/31710702/in- ... -cosmetics http://weheartit.com/entry/31710702/in- ... -cosmetics http://weheartit.com/entry/32498471/in- ... -cosmetics
слушнав дека во скопје имало цела колекција за 1000 денари...далинекоја знае која марка се и дали се квалитетни и колку е голема та колекција ?
Како што ти кажаа погоре овие ги нема секаде и секогаш. Ова се Trend Editions од Есенс и се менуваат секоја сезона (ама кај нас не е се така совршено ). Ќе ти посочам некои што ги знам, а ти можеш да си ги побараш на Гугл и да видиш за што се работи Во Еликсир во ГТЦ ја има Soul Sista колекцијата, во Еликсир во Веро Центар ја има Marble Mania колекцијата, а мислам дека ја има и Crystalliced, но можно е веќе да е распродадена. Во DM во ГТЦ ја има Vampire's Love (што е доста стара т.е. од минатата зима) и во СП Маркет во Тафталиџе ја има Urban Messages (претпоследната слика). Во Еликсир можеш да најдеш и одредени лакчиња од стари колекции со 10-15% попуст.
Најпрво во Велес провери, во парфимерии немаше никаде, потоа маркети се поминав - немаше. Кога ќе дојдам Скопје, ќе прошетам да видам. Инаку, денеска си купив на Golden Rose, зелен лак, преубава боја. Се излакирав, дречлива е некако, многу ми се допаѓа. 60 денари е.
Таму каде што има Есенс производи. Ама тешко дека ќе го најдеш. Го имаше пред некој месец, го имам јас, ама повеќе немаат залиха дистрибутерите. Евентуално ако го најдеш заостанат во некоја парфимерија
И јас сакав да прашам каде има ? И знам дека ова прашање > не ми е за тука ама ајде...: Каде има палета со сјаеви за усни? и да не е некоја многу голема..и цена до 500..
тиркизен дефинитивно,ептен ми се допаѓа,а и во тренд е ова лето истотака го сакам и црвениот,преубав а обичен многу сакам раце и ноѕе лакирани во иста боја,и обожавам гелни нокти истотака многу сакам онаков лак кој пука и се добиваат 2 бои,како на првата слика..
Дали можете д ами препорачате некој добар зацврстувач за нокти и неговата цена, ги имам пробано скоро сите од Авон но не сум многу задоволна
^ Истото сакав да прашам, на Авон само 1 ми се погоди добар, другото не. Инаку, сакав нешто да ве прашам. Сакам да си ги правам ноктите во една боја на лак што си ја купив. Таму каде што ќе се правам, ако ја нема, може ли со мој лак да ми ги направи ?
Вчера си купив Малена лакче и баш се изненадив од цената, 40 денари во Космо. Си купив кожа боја лак иако јас сакав нешто подречливо (ама такви нијанси немаше многу) а и мајка ми не сакаше таков па овој го земавме. Се налакирав со тој и право да ви кажам ми се допаѓа како изгледа, а и не ми се излупи и распука одма како некои други лакови и тоа што се по 100-150 денари.
Само мене ли ниеден лак неможе да ми се погоди Вчера се налакирав сега пред 5 минути почна да ми се љупи. Добро овој е 40, ама и тие од 70-80 па не се лакирам више и крај.
Мислам дека може, мене еднаш ми ги цртаа и немаше таква боја, па ми рече таа што не си донела од дома. Ама зависи во кој салон, може во некои не даваат. Иначе јас си земав од Рапсоди ваков тиркизен : Уште не сум го испробала, ќе пишам импресии, или критики.