Го сменав мислењето за лакчињата на Rapsodi. Пред еден-два месеци купив и ми се исушија Сега си седов еден со светки, поголеми и помали, и фаворит ми е Ќе си го ставам врз секој лак!
Решив да се подновам со колекција до 30 лакови од оние пацифик габрини за 750 денари..има да се шарам Гледам од нив некои купени лани гајле немаат па и за цената се супер само јас обавезно ставам квалитетна подлога поточно проѕирен лак за да ги заштитам ноктите.
Па исплатливо е не се пацифик лоши лакчиња,си ја завршуваат добро својата работа кај можам д аги најдам за таа цена и си бираш по твој избор што боичка или како ?
Па јас немав многу доверба во овие лакчињава пацифик ама имам неколку од поодамна купено од пазариве и добро се покажаа, не се исушени и според тоа за таа цена се топ. Инаку си ги порачав преку другарка, си избрав бои и ми ги донесоа. Сега имам права колекција од лакови во секакви бои
Зашто да не? Има луѓе што можат да си ги дозволат. Да е до мене, јас попрво би ги донела China Glaze во Скопје, отколку OPI. И China Glaze си држат цена, ама попристапни се од OPI во секој случај. А што да кажеме за Dior лаковите што се по 1200 денари, ако не и повеќе, а сепак ги имам видено кај нас?
Мислам дека ги има china glaze и тоа поодамна гледав, само колку што памтам можеа да се нарачаат ги нема вака негде по парфимерии или аптеки да се купат.
China Glaze ги има во Кочани. Може да се нарачаат и поштарината не е висока, ама сепак сакам да ги видам во живо. Друго е кога гледаш на интернет слика, а друго е во живо
http://a3.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos- ... 5015_n.jpg Кај да најдам ваков лак што свети во темница?? Благодарам