Ги користам претежно од овие фирми и за цената од 50-60 ден. сум супер задоволна за квалитетот и трајноста. Секогаш нанесувам безпоен лак и ми траат и по една недела.
после 1 недела налакирани со лакот на малена прееска ги избришав, ги налакирав со безбоен и само можам да кажам едно огромно браво за лакот за зацврстување од Орифлејм, одлично си ја врши работата ! после гелот ноктите за брзо време ми се опоравија.. да не бидам оф-топик најчесто ги користам така наречените пазарски лакчиња.. малена најчесто.
Вакви користам моментално, ги имам скоро сите нијанси. Во последно време не сакам да ги лакирам ноктите со нежни бои, и им ставам повеке бои , ги декорирам, во зависност од расположение
Морам да го пофалам новиот лак,односно гел лак .И после 2 недели ноктите ми се како сега лакирани,а со оглед на тоа дека моите нокти не држат лак по се изгледа дека ова е решението за нив
Мене all time favourite ми се лаковите на Севентин (Seventeen Supreme). Многу се постојани, траат по 7 дена и со само едно премачкување се добива убава боја. Нема потреба од два слоја, многу се пигментирани. Инаку, чинат околу 170 денари и големки се, доста време траат. А, да, и четката им е голема и широка, па со едно мачкање се опфаќа цел нокт. Перфекција.
Ова се професионални лакови и ги ставаат само по козметичкиве салони затоа што прво се ставаат прајмери ,па после се печат ноктите,па лак па пак печење...
Нешто сличен ефекти и со новите лакови на Голден Роус. Имаат екстра дебела четка која лакира перфектно, даваат гел-ефект и се сушат многу брзо. Безбојниот е идеален доколку си правите некоја шара и да ги заштитите на подолго време, а од останатите има палета на многу убави бои. Во продавниците на Голден Роус се по 80ден. ама можат да се најдат и во други парфимерии за поефтино. Препорачувам!
Jас воопшто не сум задволна од овие OPi прво веднаш се лупат,вториот ден излупени се Aј скапи се,не ми се допага четкичката каква е,добра страна е што не сушат и траат долго,дури со години Hе знам не би ги купила пак,имаат нијанси убави,но како што кажав веднаш се лупат,дури и со топ коат Cега ги открив лаковите на Essie,добри се,траат подолго од првиве,но и тие ми се скапички,за секој ден да си купувам или да си соберам 5-6 Jас го имам овај Not just a pretty face и со него се мачкам нон стоп 2-3 недели,многу ми е убав Mорам да ги спомнам и лаковите на Sally Hensen,боже каква е четкичката преубава,како се нанесува баш е онака создадена за лесно нанесување Oдлични се Eве ја четкичката во спојлер Спојлер Cледно сакам да ги пробам лаковите на боржуа гледам назад ги фалите
Мене не ми е само за ефектот ,туку за издржливоста.Имам некои чудни нокти и секој ,ама буквално секој лак следниот ден ми се лупи. Имам купувано од најевтини до најскапи лакови и ефектот е ист Ах пуста желба за лакирани нокти
^ И мене ми беа крш, и вчера прв пат во живот ставив гел, или што и да беше тоа. Од оние OPI, прво гел, па се пече, па лак, па и тој се пече, па пак гел. Што печење дадов
Ај некоја добра феминка што го користела тоа топ коут гел на голден роуз да ми каже како функционира. Самото се суши или треба на УВ ламба да се пече?! Што ефект дава,дали изгледаат поцврсти ноктите како геловите за надградба?! Каде може да го најдам?! Колку чини?! И како се отстранува?!
TOp coat gel look го користам јас, не е нешто посебно,погуст е од обичен прозирен и дава убав сјај. се суши како обичен лак, се отстранува исто ....го купив од голден роуз продавницата 80 денари не е скап ,така да јас сум задоволна и си го користам
Спојлер И не треба да се пече, а се отстранува нормално како и сите други со ацетон. А за поцврсти, па да. Не се лупи брзо и изгледа како гел и со еден и со два слоја. 80ден. , Голден Роуз.
Јас имам приметено дека со него подолго ми трае лакот. Имам кажано и во друга тема, супер е само потешко се вади
^ A колку е тој лак? И ме интересира, дали дава ефект како гел, т.е. како со гел да се правени ноктите или еобичен зацврстувач? Мене ми треба некој кој дава така гел-ефект, па ако имате предлози - бујрум.
Не е 100% како гел нели, ама прилично слично. И не знам баш дали има ефект на зацврстувач, структурата на лакот е подебела и затоа изгледа како гел.
Бидејки сум редовен грицкач на нокти, начекав безбоен лак „анти бајт тритмент“ од мис спорти па се решив да го пробам. Може има една недела како ги немам грицнато ноктите. А што се однесува до лакот, брзо се лупи, но не се одкажувам така што скоро секој ден ги лакирам одново и одново. Спојлер Малце смета при јадење со прсти, ама проаѓа.