Девојки, сакам да си купам лак кој ќе биде млеко боја ....млечен (не знам баш дали добро се изразив , но мислам дека така се вика). Бојата изгледа како бела, но не е баш бела. Каде можам да најдам таков лак??
Aура бр. на лак 309 ти е баш таква боја како што сакаш, го има во Космо, не ми текнува колку пари беше. На Флормар лаковите ми се преубави, имаат одлични нијанси, на лице место имаш стотина бои во Веро центарот, ќе најдеш боја каква што ти треба.
Одамна не сум си се подновила со некој лак.Никогаш доста од нив иако имам многу.Дури некои и треба да ги фрлам од што се исушиле.Најмногу ги имам оние дречливи бои.
Classics Charming бр. 05 и бр. 02, 40 денари ти е и е прилично добар, го користам веќе година дена и се нема исушено, при крај ми е така да ќе треба да набавам нов. Одличен е за француски, ама и само со него да се налакираш колку подоло стои толку е подобар, има помлечна нијанса, како да се упива некако.
Доколку сакаш поевтин.. Elegant Gabrini 356. Сигурно има и од другите фирми, што се по 40-50 денари. Ама јас моментално овој го имам. Бел е, само што не е креч.
Многу ги сакам овие, секакви шарки си правам со нив Ваков дречлив розев имам потполно ист од Golden Rose: А ги сакам сите овие
Koга ќе ме фати мрза и не ми се експериментира со ноктите ( иако тоа е реткоооо) ги лакирам бордо, кремасто, проѕирно, проѕирно со светки ....но најчесто ми се со нешто дополнително, макар тоа да биде и само француски Mногу си ги сакам ноктите...но баш прееска ги исеков зошто имав една незгода со нивв.. и сега ко гола да сум се чувствувам), ама за три недели најмногу, опппп пак старите ноктињаа **
Каде можам да најдам неонски лакови (оние што светат навечер) ? Колку пари е ? По можност Охрид/Скопје.
Неонски или флуоресцентни? Неон сигурна сум дека има во Охрид (прв пат во животов мнооогу одамна купив од парфимерија таму ), а овие другиве не сум ги видела кај нас..само ги има на ebay со нарачка 3 и пол долари.
За овие што светкаат навечер ти треба посебно светло да светкаат, односно ќе светкаат во дискотека али надвор не, и најчесто лакот е бел, само под таква плава светлина се обојува во некоја флуросцентна боја. Јас така мислам, ако грешам нека ме поправи некој
Неонските се дреч боја која за да свети во темница всушност и треба специјална сина светлина (како во дискотека). На таква светлина свети и се што е бело т.е. свети и бел лак. Тие што се флуоресцент неон и светат баш во темница, се други. Едит-Еве како свети во темница таков лак (без сина светлина) http://www.youtube.com/watch?v=aTySyg71PdM Дизајн на нокти со флуоресцентни пудри за нокти што светат. Одлично изгледа Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=IWdD2W0-7z4