Најчесто купувам Флормар лакови ги има во сите бои и квалитетни се многу во Веро центар и во Рамстро ги има на штанд кај козметиката што е едно лакче е 100 денари ама нијансите се сон,користам и голден роуз и од авон ама поскапи се од авона исто така убави лакови се и оние што се во вид на ајфелова кула париз мислам се викаа.Ако имате некој подобар предлог за лакчиња пишете девојки јас многу сакам лакови.
Абе дај кажете асален Топ Коат, не знам колку имам пробано досега, ниеден не ми се погоди, или се преретки или се прегусти, или се четчињата многу мали или се многу широки. Помошшшшшш!
Јас неможам да си ги гледам ноктите ако не ми се лакирани. Чудни ми се. Иначе, користам секакви бои, вчера си купи еден лак во некоја шеќер/праска бја. Имам син, тиркизен, црвен, црн, сив, бел, светли и темно виолетов, месо боја, жолт, светло плав.
Јас тој, 2 пати по ред го зимам. Супер е бојата, само според мене многу брзо се згуснува. Можеби и дека јас во него ставам цртачи.
Ама мислам дека не можеш да порачаш од Македонија мислам дека само од др. земја така јас знам дека Македонија немала нешто поштенски код итн.
Има луѓе од МК што си имаат акаунти на пејпал и нарачуваат, а нарачките си стигаат тука на адреса. Има и такви што нудат услуга на Fb да нарачаш преку нив само си зимаат и провизија. За лак ваков конкретно имам прашано, бараат 280 ден. вкупно.
^ Јас пак зедов од Малена црн лак,го платив 50 денари.И се налакирав на раце и одма вториот ден почнаа да ми се греби лакот. А на нокитете на нозете,се налакирав пред две недели и уште ми трае Малку сега почнува да се загребува.
Јас ставам проѕирен одоздола , па два слоја од тие на Малена па тој од Голден Роуз - gel top coat. Со оваа комбинација долго ми трае лакот , 3-4 дена најмалку Пробај на крај со проѕирен
Од тие што светат на темно, сум видела во Oriflame по 120 денари мислам дека се, има во розева и црвена нијанса, а само еднаш сум видела портокалова
Koristam sekakvii boi dade mi gi ostavi site lakovi i najmnogu sakamm da si igram na moive glupavi nokti
во последно време купувам и јас од малена лаковите..ми се допаѓаат и имаат широка палета на бои..во космо се моментално на намаление по 39денари...
Незнам дали имам спомнато, ама ај уште еднаш да си кажам и мене многу ми се допаѓаат лаковите на Флормар, несвест се 3 лакчиња имам земено, па се токмам деновиве уште едно да земам :geek: Задоволна сум од нив. А чим ми се допаднале до сега, најверојатно само од Флормар ќе си купувам и понатака.Подобри ми се за разлика од на Голден Роуз.