1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лакови за нокти

Дискусија во 'Тело' започната од fashionista, 2 јули 2011.

  1. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    Супер се ама некои со тек на време многу се згуснуваат, и тоа најубавите бои ми се згуснувале :lol:
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Мож, кај мене не ми се случило до сега да згуснат.Јас на еден лак од Голден Роуз, ми згусна и му ставив ацетон, за да го разредам, арен беше на почеток, после се направи никаков, како мастика стана |( А ко ќе се стави ацетон, самиот ацетон го разредува и течен станува.Ама овој на Голден Роуз, боже со лепак се лакирав |(
     
  3. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    Значи слушај ме кога ти кажувам. За некој месец ќе се жалиш како ти се згуснал некој :D :D Се шалам :D
    Мене ми се свиѓа што кога се лакираш со Флормар лак не мора 15 слоја да ставаш. Имам еден кафеав, преубав е со еден слој :)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Слушам, ако се згусне за некој месец, одма ќе објавам :!: :D :wasntme: и јавно ќе се откажа од нив :D Е и тоа ми се допаѓа и мене, а и брзо се суше, а не со оние на Голден Роуз, пафтав со раце, во ладна вода ги ставав ноктиве, џабе |( А имав еден и на Аура, тој воопшто не ми се допадна, течен божем со вода се лакирам |(
     
  5. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Лаковите на Deborah колку пари се?
     
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.417
    Допаѓања:
    105.705
    Пол:
    Женски
    а лаковите на мејбилајн сте ги пробале?или па на опи?

    [​IMG]
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.076
    Допаѓања:
    101.706
    Пол:
    Женски
    Туку што се излакирав со еден на МаксФактор, добар е, не е лош, има јак пигмент и убаво светка, ми се чини дека ќе потрае.
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    На Менхетн ми се покажале најтрајни до сега.
    Многу сум задоволна од тие за френч што се лакчињата, до 5 дена стојат. Околу 300 ден се.
    [​IMG]
    Сега земав еден на Мис Спорти со калциум и за потикнување на растот на ноктите, бидејќи едниот нокт ми е скршен на пола ветрикално :puke: ми помага лакчево за побрзо да ми порасне и да биде поцврст. Засега добро се покажал брзо ми расте ноктот, намерно ставам само на тој за да видам резултати :)
    Ова е лакчето, во вториот ред второто 69 ден. од Космо.
    [​IMG]
     
  9. Ducky

    Ducky Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2010
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    1.633
    Пол:
    Женски
    Малите (5ml) се 90-100 денари. А големите околу 300-350 ми се чини, не сум сигурна за нив.


    Oд Maybelline ги имам пробано само мини лакчињата и сум задоволна, сигурна сум дека и големите се супер, но немаат широка палета на бои според мене, па затоа ги купувам мини лаковите.

    Инаку, читам дека сите се жалите дека Gоlden Rose ви се згуснувале. Јас имам лакови од Gоlden Rose стари по 2 години, ако не и повеќе што се немаат воопшто згуснато. Ви препорачувам сите лакови, не само Gоlden Rose да ги чувате на темно место (во кутија, шкафче итн.).
     
  10. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Ај да споделам искуство за гел лакот кој го ставаат по козметичкиве салони. Мене страшно многу ми се допадна и ми остана на нокти еден месец . Но морам да кажам дека нема повторно да ставам затоа што моите нокти растат многу брзо и веќе после првата недела имав проблем со подникнат нокт ,па бидејќи имав иста боја лак ги премачкав,но бидејќи моите нокти не држат лак морав на два дена да ставан нов слој :( Откако после третата недела поприлично пораснаа морав да ги скратам малку ,а со тоа и гел лакот почна да се одлепува на некои места и тогаш почнаа вистинските маки за да се извади целосно. На некои места беше толку цврсто залепен што ни полиција не го вади :D .Цела недела се изнамачив додека да го извадам целосно и откако успеав имав нокти кои на некои места беа поприлично оштетени.Сега ми се излакирани со обичен лак и одозгора имам ставено од Гел лук лакот на Голден Роуз ,па за импресии ќе пишам покасно. Сума сумарум гел лакот е добар за споро растечки нокти,доста е траен ,а дури и по еден месец сјајот сеуште го има.
     
  11. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    AIT и јас имав таков "проблем". Бидејќи прв пат се решив да пробам гел на нокти, немав појма и не ме информираа таму кај што ги правев ноктите дека после неколку недели ноктите може да се корегираат или фино се отстранува гелот ако не сакаш веќе да имаш гел.
    Нормално е ноктите да растат и нема шанси на некој да му стагира растот на ноктите откако ќе се стави гел (или акрили или што и да е..). Се случува и гелот да се оштети после некое време или да пукне, па пак треба да се среди тоа.
    Всушност дома ние буквално го корнеме гелот што е скроз погрешно и бетер се уништуваат ноктите. Значи сами грешиме наместо да си побараме стручно средување на ноктите.
    Или има и на YT видеа на кои се објаснува како полесно да се отстрани гелот без болното корнење. ;)

    Нокт за гел на кој му треба корекција :)
    [​IMG]
     
  12. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не сме се разбрале,јас зборам за гел лак кој се нанесува на природни нокти,а не за надградба на нокти со гел техника. Кај првиве нема таква корекција,туку вадење му е мајката или пак лакирање одозгора колку да се покрие подникнатото.
     
  13. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Во право си дека не сум те прочитала добро дека гел лак си имала, а не обичен гел.
    Како и да е класичниот гел не се користи само за надградби. Јас сум имала гел на моите природни нокти без никаква надградба.
    Гел лак не сум пробала, но од коментарите и од оние кои ги познавам и имале ставено гел лак, тоа ми изгледа како што и кажува самото име нешто помеѓу гел и лак. Се нанесува како лак, но пак се пече под лед лампа, не изгледа како тенок слој од лак ама не е ни дебел како гел и издржува скоро како гел.
    Отстранувањето не е едноставно како обичните лакови ама истата грешка се прави како и со обичниот гел - насилно се гребе и корне од ноктите. Постојат начини да се тргне со подолго "киснење" во ацетон (но не било многу препорачливо), а постојат и посебни remover-и кои не знам дали ги има во продажба кај нас.
    Ова го пишуваше на еден сајт во врска со тоа.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  14. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Дали во Голден Роуз има мат лакови и ако да, што цена се?
    :)

    Ми треба итно црвен мат лак, а не знам каде да барам...
    Ме плашат најискрено астрономски цени..
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.076
    Допаѓања:
    101.706
    Пол:
    Женски
    Имаш обични црвени лакови, околу 50 денари, 60, па и повеќе ама не повеќе од 120 мислам. Жар црвени нема, имаш бордо, мислам дека беше 80 денари. Инаку јас имам купено на Мисс Спорти топ коат мат лоок, било која боја и да ја нанесам нанесувам од него одозгора и ми се матира, додека со мат лаковите на Голден Роуз по некое време, дури и по неколку часа, лакот добива сјај, што од маснотијата на рацете, што ако пипнеш нешто, па недајбоже одма да ставиш крем, светнува ко да е обичен сјаен лак од понеквалитетните. Сума сумарум, твојот црвен лак помини го со овој матирач кој го има скоро во сите аптеки, на Мисс Спорти, нема шанси да го утнеш бидејќи самата структура на лакот се гледа дека е малку заматена, а и на него пишува Мат, чини околу 90 денари, а ќе си го употребуваш со сите бои.
    Јас моментално сум налакирана така, со еден бледо розе лак, па мат одозгоре и на врвовите како кај француски пак од сјајниот розе лак и една тенка линија да ги оддели, на палецот и домалиот прс имам по две циркончиња, сребренко и темно розе, налакирана сум веќе 4 дена и немаа мрднато, навистина наликуваат на профи ноктиња од салон ;)
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ilovecupcake

    ilovecupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    77
    Девојки имате користено од лаковите на Голден Роуз со подебела четка? Незнам како се викаат, мислам дека беа околу 100денари. Брзо се суши лакот на ноктите? Траен е? Фала ви однапред :)
     
  17. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Засекогаш се скарав со Голден роуз.
    Чекање 2 саати да се исушат и пак сум се ушљакала.
    Неможам веќе. ]:)

    Него, сакав друго да прашам
    Дали се продаваат кај нас вакви?
    [​IMG]
     
  18. G.G

    G.G Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    ^
    Има во Џамбо
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Имав едно мајбилајн лакче,со светки.И ич не ми се допаѓаше ни боја ни ништо.Помала бев тогаш,незнам мајка ми од каде го довлечка. :lol: Си се лакирав така како годе,лакот беше траен навистина едниствено што не ми се допаѓаше кажав беше бојата.
    И сега гледам дека уште ми стои таков како што го оставив пред 2 години,и не е здрвен :D
     
  20. angelina1

    angelina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    25
    Си купив од Зегин лакче на Аура пишува V.I.P. nail polish,midnight rose 916,ми се допаѓа.како поквалитетен ми се чини,имаше многу летни нијанси,свежи бои,96 денари