Вчера си купив лакови на флормар и сум презадоволна. Се сушат многу брзо. И боите се прекрасни. Не ги менувам за ништо
Женски јас сум задоволна од лак за нокти Малена(Malena nail polish France) Не најдов слика на нет за да ви го покажам,ако некој сака ќе ги сликам моите ќе и ке ја прикачам Ги видов во еден маркет,беа околу 45 ден и онака ги зедов,чисто да ги пробам. Брзо се сушат и се многу трајни,за таа цена се одлични. Имам лак од демек фирми,ама врска немат со овие Малена.
Jас имам само позитивни критики за лаковиве, кои ги земам од Голден Pоуз продавницата. Tраат доволно, една недела сигурно, за повеќе не сум ги истренирала. 3а 30 денари имаат добра издржливост, и една нијанса која е идентична со лак на Габрини траеше многу повеќе, а за иста цена се.
Ги прогласувам лакчињата Malena не за лакчиња на годината, ами на деценијата! Океј, океј, можеби претерав, но незаменливи ми се. Голем избор на сјајни и светкави нијанси, лесно се аплицираат, еден слој е доволен, и најважното - брзо се сушат (а јас, како и секогаш, лакирам нокти во последен момент). 39 денари во Cosmo. Втори на листата ми се Flormar, малку четкичката не ми е погодена и потешки се за апликација, но се многу трајни, ми траат по скоро недела. Но лошата страна е што брзо се згуснуваат, а прилично се големи. Бронзата оди за Essence, премногу трајни што едвај се вадат со ацетон. Сега се во ново, поголемо пакување и со нови нијанси, планирам да земам некое деновиве. Golden Rose одамна немам купено, а од Catherine Arley имам два и и двата не ми се погодија, премногу се густи, а проѕирни и во 2-3 слоја. Можеби е до нијансите затоа што овие моиве беа посветли, не знам, но не сум со план да купувам друг од нив.
Мене ОЛИВИА црниот ми е најдобар,пошто сите други се како проѕирни,па дури и Голден Роуз.А пошто многу ретко се лакирам со друга боја,најчесто земам Флормар или Голден Роуз.
изгризани ми се ноктите и неможам да се лакирам и убаво да изгледат. Чекам да ми потпораснат па да ставам вештачки Сега ќе се лакирам розови ама така потемна боја,или црвени. Сакав некоја неон боја ама здравје наредното лето ахахахаха
Душице, сите фирми имаат, само треба да ја погодиш нијансата. Имав таков на Голден Роуз, ама не беше таков чист и сјаен, туку имаше малце светки низ него. Мислам дека уште ми стои, ќе се потрудам да го најдам, ама оваа твојата нијанса која си ја постирала е многу поубава. И јас сум во потрага по истава, а барам и убава трула вишна нијанса, па ако некоја има предлози - нека повели. И да - баш ваква чиста и сјајна нијанса, без светки, да не биде мат и слични тракатанци. Само бројчето да ми го кажете (и фирмата, афкорс).
Ми треба совет кој од овие два top coat gel look лакови да го одберам Ги има некој пробано? Спојлер или
Јас го имам пробано само тој од Есенс. Убаво ги прави сјајни и мазни ноктите, ама кога стасав при крај со шишенцето премногу се згусна (а и првично беше доста погуст) и ми се правеа многу меурчиња.
Па може да се каже дека и нормално е да се згусне кога ќе биде при крај. И обичниве лакови кога ќе се скоро потрошени се густи и прават меурчиња. Барем брзо се суши и стварно дава гел ефект? A некој што го пробал тој на Golden Rose дали е задоволен?
Не се суши бргу, а дека дава малку посјаен ефект дава, ама додека се исуши офтика да те фати, јас можам да кажам дека добри саат време го сушев. Инаку мене ми се згусна по првото ставање мислам, ептен ми се згусна и затоа не купив повеќе, а и не го дотрошив, го фрлив, можеби единствениот лак кој сум го фрлила пред да дојде и до пола, шо се вика да не фаќа четчето повеќе.
Јас сакам некој безбоен гел лак, ама што стварно ќе даде гел-ефект. Преку глава ми е од лакирање, а да ставам само безбоен пак, штуро ми е некако и затоа си барам некое такво лакче, ако воопшто има. Тој топ коут на Гош каков е, остава таков ефект или?
Мислам дека имам пишано во темава за ова на Римел ама не сум сигурна,еве ќе пишам пак. Тие што барате лак кој дава изглед на гелни нокти овој дефинитвно ќе ви врши супер работа. Дава бледо розевкаста нијанса(и тоа ептен од далеку ако се загледате од блиску не е така) и е многу сличен на гелни нокти. Спојлер Ваков сличен изглед дава,посјајно изгледа ама малце е матна сликава.. и патем не се мои ноктиве : Особено ако имате подолги нокти,уште поубаво стои Јас во почетокот го користев за да ми ги среди малце ноктите зошто ми беа хаос,а уствари за тоа е наменет.. третман е, и се во едно е. После од кога ми се средија ноктите,си го користев самостојно и многу убав изглед ми даваше! Случајно ги загледав еднаш ноктите така кога го носев самостојно,и баш си реков како гелни дека ми изгледаат. И од тогаш понатаму само така и го користев.. А да си го земам јас пак? Со што значи,привремено ќе си имате цел третман на ноктите и плус гел изглед Иначе,не е повеќе од 200 ден. мислам дека и тоа е многу..
Јас го користам и сум задоволна, бидејќи бргу се суши, не се згуснува, има голема четка, дава убав сјај на ноктите и ми делуваат поцврсти, баш како со гел да се правени. Слушајќи за други слични лакови од разни фирми како тешко се сушат, овој на ГР е изненадување, се суши навистина бргу за едно 5 минути.