1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лакови за нокти

Дискусија во 'Тело' започната од fashionista, 2 јули 2011.

  1. marija.directioner

    marija.directioner Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    24
    Имам секакви бои. Обично ноктите си ги лакирам со темно црвена боја. Не сакам многу да ми се наџинџарени во разни бои. :)
     
  2. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Јас највеќе си ги користам Seventeen(supreme), Malena и Golden Rose. Seventeen ми се посебно многу убави имаат голема четка, со само еден слој бојата е преубава немаш потреба од 2 слоја. Цената им е околу 150. Мене сестра ми од Бугарија ми ги носи така да баш и незнам. Тубичката им е големка. А лакот трае скоро една недела, и повеќе.
    [​IMG]
    Скоро секогаш сум со црн лак или со црвен(како крв не чиста црвена).
    p.s има ли во Скопје лакови на Essie? Цена? гледам многу ги фалите.
     
  3. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Разочарана сум од квалитетот на [​IMG]

    Бојата е многу убава, ама веќе втoриот ден ми се лупи од краевите на ноктите.....
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.079
    Допаѓања:
    101.713
    Пол:
    Женски
    Си прета Ангел веќе неколку пати по ред во Џамбо кај аксесоарите за нокти и оние лентички за маникир што се за Френч, абе се едни искривени, еј си викам овие ги продаваат а фалш се, и упорно си барам ли си барам, а овие ги буткам наназад, ич кусур не им фаќам. Кога видов денес, па тие биле исто за маникир, за оние како срце облици што се, а јас упорно ги критикувам, како ставаат фалшливи лентички :tmi: Ама сеа на наредно идење, купување едни, да ми олесни малку, да не ми биде уште потешко што сум била волку глупа :lol:
    Нејсе, си ги имав запоставено ноктите, едни та исти правев цело време, ич не се замарав, ама синоќа какви убави ги направив, абе од мерак да ги гледаш, ама пусто многу ми се спиеше си легнав и недосушени ги залепив. Да завршам со преселбава на народите и ќе ги направам повторно ;) Е дури тогаш ќе добиете сликче, па макар и од мобилен телефон била.
     
  5. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Јас сум моментално влезена во филм со некои златни и сребрени бои на ноктиве :D , и си купив лак со златни светки е сега ми фали уште некој со апла златна или апла сребрена боја. Каде да барам? Во Голден Роуз нема, барав и низ други места ама слабо. Од сребрената само некои нејзини нијанси светли има, ама не тоа што го барам јас.

    Еве, овие нијанси ги барам.


    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]



    А Beauchamp, кај да го барам јас овој на Римел?
    Мислам конкретно место да ми посочиш, ме мрзи да барам :D
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    ги имам некаде низ форумот испофалено лаковите на essence од дм, ама ептен се разочарав од нив сега. Имав ставено плав лак минатата недела и кога пробав да го извадам целиот нокт ми беше модар и 100 пати го пребришав со ацетон и пак не се вадеше убаво. ноктите ми беа бљак :envy:
     
  7. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Обавезно слој проѕирен лак под било каков друг лак, по можност некоја поквалитетна база што ќе го заштити убаво ноктот за да не ти се случува тоа ;) .
     
  8. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Имаш ваков лак на Golden Rose и на Pacifik лаковите :)
     
  9. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    Aнабела,лакчето го имаш секаде кај што има и Римел козметика.
    Значи имаш со 100% во ДМ,го имам видено со сигурност баш последниот пат кога бев... и имаш во Шатци исто така :)

    И за ваквите златни нијанси ако не ти се брза да почекаш,во Авон во каталог 16 ќе излезат нови лакчиња и ваква нијасна како што бараш ќе има,преубава е еве ја како изгледа:
    [​IMG]
    Не е многу темно златна нијанса,ама најблиску е до тоа некако :D А искрено и јас барам вакви златни боички,многу ми се must have периодов. Па чим сум послободна овие недели одма одам во потрага по вакви па ако најдам баш таква како на твојата слика ќе пишам ]:)

    A другата сива металик боја што бараш,ама комплетно иста е како на последната слика што си ја постирала е на флормар бројче 112,еве го :
    [​IMG]
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Збор-два за лаковите на Essence (во новото пакување). Го зедов овој пред некој ден:

    [​IMG]

    Новата четкичка е револуционерна! Се лакира брзо, лесно и прецизно. Со два слоја веќе не се проѕирни. Се сушат за 6-7 минути. НО, едно големо, дебело но.
    Се излакирав вчера вечерта, пред бањање. Откако се избањав на некои нокти лакот ми беше излупен, по неполни 3 часа! Ставив 3 слоја. Е не ставив top coat, најверојатно тука згрешив. По бањањето пак ги повторив и до сега се супер. Веројатно лошо им влијае топла вода подолго време. Сепак, за лак од 125 денари...очекуваш да биде потраен од неколку часа. Пазарскине се потрајни.

    Патем, од оваа Nude Glam колекција има многу убави неутрални нијанси што се opaque (кој е македонскиот збор?) во два-три слоја. Сепак голем :Down: за (не)трајноста.

    [​IMG]
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    ^ Oxymoron грешката ти била во тоа што си се избањала веднаш по лакирањето. Кој и да е лак, не само Есенс, би се размачкал или излупил од пареата и топлата вода. Ова ти го кажувам од искуство затоа што ми се случило иако сум го исушила лакот, кога ќе се избањам да ми се размачкаат и унаказат ноктите.
     
    На Oxymoron му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.079
    Допаѓања:
    101.713
    Пол:
    Женски
    Леле новиве Голден Роуз Рич колор какви сееее...... Да не си цепидлака како мене буквално со едно нанесување се покрива цел нокт, а боите, јаки и силни, исто по само едно четче.... Феноменално! А и цените не се големи, јас од локална продавничка го купив 65 денари, само бев разочарана од изборот на боите, не ми се свидеа, го Голден Роуз сигурно има поголем избор.
    Инаку да не се враќам наназад, зелениот лак, сум го имала цело време да не знам, Рапсоди 350, лошо кај овие лакови е што после само две три нанесувања, лакот згуснува и не чини повеќе, инаку имаат убава боја.
     
  13. iHeartVintage

    iHeartVintage Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    149
    Девојки, ме интересира дали во парфимериите сте сретнале нешто вакво? Значи, лак со поголеми и помали шестоаголни светки, бојата не е важна.

    [​IMG] [​IMG]
    Го имам blue addicted на есенс (прекрасен е), но не изгледа убаво на ниедна друга подлога освен на мат темно-сино или тиркизно, а сакам лак кој можам да го комбинирам.
    [​IMG]
    Или само светки како овие шестоаголните, па да ги ставам во безбоен лак :!:
     
  14. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Имаш на Бит пазар, а за лак не знам :)
     
  15. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Во принцип сакам лакови во дречливи бои. Зелен, тиркизен, розев, мастилно плав...Секако да не го заборавам и црвениот кој е класика според мене :inlove:.
     
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.894
    Допаѓања:
    123.095
    Во последно време ,купувам Малена.Не се ич квалитетни,втор ден и се лупи лакот.Меѓутоа имаат преубави нијанси,па затоа ги купувам,од дреч до нежно.
    Сум фрлала пари за лакови,ама никој не држи 5,6 дена.Имаат убави нијанси,сјајни се,ама што дека кога пак е исто.Голден Роуз се закон :up:
     
  17. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    Се залетав пред 2-3 дена во Голден Роуз да си купам од тоа Gel Top Coat 80 денари е инаку.. си купив и од тие новите нивни лакови со поголема милилитража за 60 ден. една убава nude нијанса. Е сега се супер, убаво си стои лакот со тоа “гелот“ одозгора, ама дали на тие што сте го користеле ви распука вториот ден горниот слој ?? :?:, можеби од далеку не се приметува, ама јас кога си ги гледам ноктите некако грдо ми изгледа... |(
     
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    99.976
    Пол:
    Женски
    Мојата кутија за чевли брои некаде околу 60-на лакови. :D Најзадоволна од Флормар и Севентин.И ниеден не издржува повеќе од 2 дена ,зашто секојдневно мијам садови и тука лакот најмногу страда.
     

    Прикачени фајлови:

    • nokti.jpg
      nokti.jpg
      Големина на фајлот:
      23,5 KB
      Прегледи:
      334
    На LilBaby, anabel-a, Unique.chick и 3 други им се допаѓа ова.
  19. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Ах најубави ми се на Голден Роуз,па Малена иако ептен брзо ми се лупат вториве,но сепак се добри.Ја сакам црвената,розевата,месо бојата така понежничките,но исто така некогаш и некои ептен дреч си користам како на пример сребрената или металик бојата.Ги имам испробано од Оливиа и Рапсоди па се до Лореал и Есенсе.Дефинитивно наајпогодени ми се на Голден роуз ем се трајни,ем имаат убави боички.
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.144
    Пол:
    Женски
    Пронајдок на месецот ми се лакчињата SHC. Моментално мајка ме снабдила со две нијанси, ама утрово меркав уште и во план сум да си ја дотрошам залихата на нив. ]:)
    Имаат солиден избор на нијанси, јас располагам со две светкави - едното прекрасно сиво, другото бебешко розово, ама преблед е и не ми е по мерак, па ќе оди во коминација со некој сјаен или мат лак.
    За 20 денари се и повеќе од трајни! Ќе ги тестирам и следната недела, како реагираат на миење садови. :D
    Ама, пак ќе кажам - со оглед на цената, не ми е ни гајле, ќе си се мачкам уште долго. :D