Како бе само јас од овие Малена не можам да најдам асални лакови, изгледа се трошат премногу бидејќи се убави лакчиња јас само грди бои наоѓам, инаку овие Рич Колор на Голден Роуз сеуште не потфрлиле, на ум сум да си изназемам повеќе од нив, само да видам во Голден Роуз колку се, пошто кај мене во продавничка се 65, да не се ваму па 50 да се ставм во арч многу
Моментално омилен ми е лаков од Авон Nailwear pro - Perfectly flesh. Повеќе удира на бледо розева, ама сепак многу е убава. Совршена за на школо, нежна и ненападна.
Мене па Малена ми се супер за таа цена, имаат убави боички и траат долго. Од Голден роуз сум имала само проѕирен, задоволна бев, и знам дека ќе си купам и некој друг. На Оливија не ми се допаѓаат, имаат некоја лоша текстура, а Елегант лаковите ми се ужас треба 5 пати да поминеш со четкичката за да се познава барем малку. Од Авон и Орифлејм досега не сум купувала од проста причина што не ми се давале 150 денари за лак, така да ќе си останам на Голден роуз и Малена.
имам само два лака од Елегант и се согласувам со тебе дека треба 5 пати да поминиш за да се познава освен небесно плавиот (М 0 тој е океј..
Порано користев лакови на Авон, но сега највеќе на Голден Роуз и Флормар. Навистина се убави и траат. Имаат широк избор, задоволна сум
Ги користам лаковите на Аура Inches имаат убави бои и се покажале доста квалитетни имам едни од пред една година и воопшто не се згуснати или исушени. Но затоа воопшто не сум задоволна од малите лакчиња на Аура She Bunny за еден ден почна да ми се лупи лакот
Rapsody најчесто,порано Golden Rose ама не можам цел ден да стојам фатена во рацете ! Никако не се сушат !
Вашите нокти женски какви биле тие лакови слушнав трајни или што ли знам еден месец седеле кога ќе се намачкаш и ноктите изгледале како гумении како маникир да имаш направено мн.убави некоја најнова техника нови лакови сега има некој слушнато?
Вашите нокти Најверојатно гел лак? Во салониве ставаат...исто како обичен лак, само што се пече во ламба, и трае околу 3 недели...
Јас сакам да прашам за лаковите со магнет. Си купив, се намачкав и мене ми испадна кругце несо како сонце, а на сликата ги дава како паралелни линии. дали е до мене незнам како со магнетчето или....?
Брачеда ми летото,се думаше од кај да земи и од пазар си зеде 4 за 100. 2 за 50. А истите лакови од продавнициве!
Па зависи какво магнетче ти се паднало. Порано (барем кај Голден Роуз) беа само паралелни линии, сега имаат и неколку други шари.
Оддамна прашав за лаковите на Бруклин и некоја феминка ми кажа дека ги гледала во парфимерија во Бисер.. ај некоја ако знае нека направи update на информацијата за тоа каде може да ги најдам лаковиве, м?