Јас Бруклин го купив од Аптека на Рампа во Кисела Вода, не сум многу задоволна, четчето е многу тенко и се убивам од мачкање за да се налакирам, за трајност не можам да коментирам ама офтика ме фаќа додека да се налакирам, и се разбира бидејќи е тенко јас повторувам и повторувам по сто пати.
Јас па сум презадоволна од лаковиве , не ми се купени од Скопје па затоа барам тука, ќе тркнам до К.Вода... Фала ти
http://www.google.com/imgres?q=%D0%BC%D ... ,s:0,i:129 http://www.google.com/imgres?q=%D0%B7%D ... 2,s:0,i:89 Ако мислиш на вакви бои ги имаш во Ким, Голден Роуз Шатци и другите парфемерии
Сребрен металик, вака нешто, јас најдов на Оливиа. Со два слоја баш е како на сликава. Златен и јас сакам да најдам.... Спојлер
Ваков сив металик земав јас од Голден Роуз, ама бре ептен лампионски ми изгледа . Дај кажете мат сив лак, очајна сум. 51 на Габрини рапсоди го имам, ама при крај ми е, сакам да се снабдам со уште еден. Зелено пазарче ми е свртено, на Бит пазар ќе го најдам ли? И на Флормар дали сте виделе, дали е добра нијансата?
^^ А зошто не си купиш мат top coat? Така ќе си ги матираш сите обични лакови што ги имаш. Имаш на есенс вакво лакче, мало е, ама доволно е еднаш со четката и се матираат. И не знам колку пари е точно, сестра ми го снабди.
На Есенс веќе не го произведуваат, ама на Мисс Спорти го има и е супер, мене ми траеше доста и многу е убав. Сега ќе си земам нов, овој ми е ептен при крај.
Од аптека го земав, 90 денари, мислам дека го има во сите парфимерии и аптеки каде што има Мисс Спорти. Само еден совет, овој лак претерано ги суши ноктите, да си знаеш да не ти биде чудно, муабтетот ми е дека секој мат лак ги суши, не конкретно овој.
Најдобри ми се Rapsodi и Gabrini , но и Golden Rose не се многу лоши , иако е потребно барем 2 слоја да ставам за да добијам убава боја.