Есенс ми имаат убави бои, баш по вкус ама многу брзо се лупат. Си земав една преубава портокалова/цигла нијанса, брзо се суши и уште побрзо се лупи. Џабе парите Ама затоа си го најдов совршениот. Не можам преку недела да се замарам со нокти, па се што трае подолго ми е премија. Преубава боја, брзо се суши, не се размачкува и трае цела недела
Јас од пвата слика го имам црвениот и оној белиот од втората и многу ги сакам,планирам да си купам уште три
^ И мене ми се убави новите лакови,јас го имам белиот.105ден се.Сега ми треба црвениот,ама никаде не сум го сретнала Кравче,се сложувам за Аура.Истата нијанса ја имам и јас.Перфекција се. :up: ,трајност загарантирана 6,7 дена,со миење садови Есенс се 150 ден,a не вредат.Али кога ќе им ги видиш нијансите,си мислиш дека се нешто посебно.Траат помалку од Голден Роуз. Јас го имам темно кафеавиот Ама трае два дена,верувале ил не
illamasqua rubber polish Мене како малку матирани ми изгледаат ама не знам дали воопшто ги има кај нас.
јAс обожавам мат што е све посебно лакови велат дека ги има и кај нас ама незнам каде да побарам во подобро снабдените парфимерии може ќе најдам многу убаво ми изгледаат...
Ако сакаш мат има во голден роуз, а сигурно и има и од други фирми низ парфимериите. Исто така има и лакови што се ставаат врз било кој лак и го прават да биде мат.
jas sekoj den se lakiram vi sekakvi boi gi obožavam sega ovie so se na moda sto staveš edn lak i odozgore drug i što se raspukne toj ftoriot mn se ubavii
Лелеее стварно се преубави поготово со црвените светки само да дојдам во МК ке си земам неколку лакови а каде се продаваат? има ли на зелено пазарче?
Има разлика во цена, мене ова ептен ми беше успат кога го земав. Иначе ели пишала за есенс дека се 150, јас го земав 130, ете и таму разлика. Или да не било обратно валјда добро се сеќавам Јас денес го земав и црвениот од овие светкавиве на голден роуз и не ми се допаѓа Можеби требаше на зелено, гледам поубави се светките, ова има многу црни точкици и некако не е силна црвена, бледо е ич не ми го прави меракот, цел ден се пцујам зошто го земав
Јас го имам 101, ми се допаѓа над темни лакови, над секој лак различен ми е. Инаку за тие што сте од Битола во парфимеријата Кала се по 120 денари, а на пазар на тезги по 150.
Јас морам да ги пофалам лаковите на Флормар, Спојлер од кога се на попуст во Шатци почнав да ги користам Ептен сум задоволна и до сега имам 6, по два од тие со светки, сјајните и мат. Многу се трајни и имаaт преубави нијанси!
Не знам дали ги има на Зелено Пазарче бидејќи се нови, ама ги има во продавниците на Golden Rose, јас го зедов од онаа во ГТЦ. Ги има и во Рамстор, таму беа 140. Не сум прошетала низ другиве парфимерии што држат Golden Rose така да не знам дали таму ги има.