1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лакови за нокти

Дискусија во 'Тело' започната од fashionista, 2 јули 2011.

  1. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    А каде можам да ги најдам? Веќе подолго време барам,ама... И колку пари се? :)
     
  2. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    ^Во Голден Роуз ги има, по 120 денари се :)
     
    На Foreveryoungiwannabe му/ѝ се допаѓа ова.
  3. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Девојки дали ви се случило да ви напукне нокт но не да ви се скрши?,сабајлево како да ми се скрши дел од ноктот но не ми се отчепи :!: ,само се појави една линиичка низ него?
    Како да го поправам тоа освен со ноктарица,несакам да си го сечам ноктот,едвај го исчував :doh:
    Дали постои некој лак или нешто слично за тоа???
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.084
    Допаѓања:
    101.740
    Пол:
    Женски
    Земи супер лепак, и мало парче од палома, ама само еден слој. Потоа капни од лепак една капка само на местото каде што ти е пукнат ноктот и врз лепакот стави го парчето палома, големо отприлика колку што ти е голема пукнатината. Убаво нека се засуши и после одозгора со турпија израмни го местото бидејќи од лепакот и пломата ќе биде нерамно, доколку имаш од оние што се за полирање нокти уште поубаво. На вака санираниот нокт само налакира одозгора со прозирен лак и вообичаениот маникир и едно 4-5 дена си слободна, потоа може пак на исто место да ти пукне или да ти се одлепи со бришење на лакот, па повтори ја постапката ;)
     
    На LaBella, vickyy90, Anouk и 2 други им се допаѓа ова.
  5. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Скоро сите ми се Голден Роуз, од 28 лака 6 ми се од Малена и еден од некоја си таму фирма.Досега според мене најквалитетни се покажале овие од Голден Роуз па и најчесто ги користам..Уште од овие со светкиве не сум купила,а ке купам :!: :)
     
  6. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Женски дај кажувајте некое чаре,ова веќе не оди вака.Веќе не знам каков лак да ставам на ноктиве,а утредента да не почне да ми се лупи.Пробував и безбоен да ставам како завршен слој,пробав и со gel coat на Голден роуз,ама резултатот е ист.Пред некоја година користев на Боржуа и лакот си стоеше,ама искрено 300 и кусур денари не ми се даваат за лак,посебно зошто ретки се тие периоди кога користам постојано една иста нијанса.Фала ви однапред :)
     
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Искрено, јас не сум видела некоја убавина од тоа top coat. За мене е уште еден непотребен слој лак врз ноктите. Го ставам кога е неопходно, врз некој шаран и цртан нокт.
    Мене обично ми се лупи лакот, ако ставам два слоја, ама прилично дебели слоеви. А скоро сите лакови се такви да ти требаат убави слоеви за да дојде бојата како што треба и да го покрие ноктот. Квалитетните лакови се прилично поскапи, па заглавени сме со овие нискобуџетните.
    Најдолго ми држат од Голден Роуз, во просек 5 дена, а добри се и оние Alix Avien, што ги има исто во продавниците на Голден Роуз, тие држат и до недела дена, и се околу 100 денари.
    [​IMG]

    Убедливо најдолго држи top coat со светки, било какви. Јас обично ставам сребрени или златни, не многу густи, што си пливкаат во безбоен лак. Така ми траат ноктите недела дена без проблем, а и потешки се и за отстранување од обичен лак.
     
    На Sanniii и tessi им се допаѓа ова.
  8. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Цел живот Голден Роуз и Малена и презадоволна сум.
     
  9. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Пробај да го најдеш овој јас имам три од малена и многу ми држат,од голдн роус веднашми се лупат или побелуваат врвовите, овој веќе една недела трае
    [​IMG]Глупа е нијансава но има и подобри боички
     
    На tessi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Јас веќе еднаш ги препорачано лаковите на Флормар, според мене досега најквалитетните кои сум ги ставила на нокт. Во глобала повеќе од една недела не носам ист лак, така да една недела траат сигурно. Чинат 100 денари.
    Според мене е сулудо да купувам лак за нокти од 300 денари, за истите пари има накит и облека, ама како и да е.

    Ако веќе ниеден лак не ти се задржува за нокт (што ме чуди, освен ако ти се подолго време во вода :?: ), стави им некаква подлога за зацврстување, или што знам.
     
  11. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.179
    Допаѓања:
    23.164
    Пол:
    Женски
    ^^^
    Само Малена му е мајката,чист доказ сум дека 2 недели ми трај иако прам се низ дома, мијам пајнци и сл.:)
     
    На Sw3et.Ang3l му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Јас цел живот користам само Ролденроуз и Малена! :!: Презадоволна сум :)

    Но еве вчера си купив 4 баш овие лака од essence:

    [​IMG]

    :) :) :)

    П:С: Не сум користела друг пат, па ќе ви кажам како беше! ;)
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  13. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    8.435
    Пол:
    Женски
    Женски некаде низ темиве за нокти, или па во производи од кои сте задоволни нез каде точно имаше некој пишано дека си има купено лакче такво е како обичен безбоен лак, и дава ефект како гелни да се ноктите, знаете какво е лакчето? што фирма?
     
  14. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Гел look Top coat е тоа, а има од essence и golden rose
    [​IMG][​IMG]
     
    На irena.1 и simoncelicius им се допаѓа ова.
  15. hearted

    hearted Нов член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    4
    Првата и последната боја најубави ми се за на ова време :)
     
  16. AlanisM

    AlanisM Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    590
    Презадоволна сум од Малена, Голден Роуз не се толку истрајливи.
     
  17. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416

    Kaде можат да се најдат овие? :)
     
  18. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Golden rose во нивните продавници на рекорд и гтц. Essence во ДМ го видов ама би требало да го има и во Космо, Јуник...
     
  19. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    Девојки сте виделе ли вакви кај нас? И дали некој ги има пробано да објасни какви се всушност? Дали е лак како оној со магнет или лепенки се?
     

    Прикачени фајлови:

  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.084
    Допаѓања:
    101.740
    Пол:
    Женски
    Мини, мислам дека овие се лепенки, ама кај нас ги нема нели нормално, ама и да ги има мислам дека ќе бидат прескапи. Има во Џамбо една врста во неколку дезени, ама се скапички бааги, за само едната рака се 40-50 денари, значи треба да купиш две, а што ако некое ти се зезне, треба да купиш и резерва и како и да видиш не иде. Не знам не сум ги употребувала, ама треба да е интересно, само не знам зошто ама мислам дека ќе се познаваат дека се од хартија, не од лак. Сакав да си направам свои со онаа техника со вода, некако немам трпение да ги чекам на раце па да си направам свои, исто гледав на YT како се прават, не би требало да е тешко.
    И да не останам јас покусо, си купив и јас од светките не Голден Роуз, црн лак со златни светки, што вика золва ми кога ќе нашлапам јас со полиција ќе ги вадиме после. Иначе Даки ни ја нема, а баш сакав да ја прашам за блогот, после сите направени нокти и јас сакам да си направам блог со ноктиња. Иначе во Голден Роуз налетав на едни мали лакчиња нови, не ги заприметив како се викаат ама многу убави боички, нежни лила и жуто. Мојата колекција започна да се тенчи, треба пак да започнам да си купувам лакчиња :D
     
    На Minnie-e му/ѝ се допаѓа ова.