Единствените лакови што ги користам се на Maybelline & Miss Broadway. За мене траат околу 4-7 дена, зависи колку слоја ке ставам. Купувам од Miss Broadway само ко ке ги начекам на попуст, два за 7-9 евра. Лаковите од Maybelline се 7-8 евра и бојата е прекрасна.
Си купив лакови со магнет на golden rose. Многу ми се допаѓаат. Интересни ми се, ама и некако потрајни, еве 4 ден ноктите како првиот си стојат .
јас сум генерално задоволна од овој лак ..се налакирав во средата и синоќа го извадив Спојлер сакав да се лакирам со друга боја ...не беше излупен воопшто...а само со еден слој бев намачкана ама убаво со светки ми испадна... а инаку за вадење ставив памукче убаво натопено со ацетон и да постои малку врз ноктот..потоа влечев и се извади убаво...
Ги користам најчесто лаковите на Голден Роуз и Катрин, не се кузнај колку трајни но за парите се добри. Исто имам неколку лакови од Зегин купени не знам како се викат точно, ептен се трајни ама секој пат по 180 за лак не ми се дават па
Јас денес го купив овој 80денари од чаршија од магацинот на Голден Рос има и други работи што им се на упола цена од трговски Спојлер
Во самата чаршија прашај ќе ти кажат има и на Габрини магацин лаковите кај нив се 25 денари и ги има во сите бои сенки имааат по поволни цени и тој е во близина на Годен Рос
Јас дојдов да ги пофалам новите лакови на Голден Роус со светки.Изгледа јас сум обратнопропорционална со лаковиве Повеќето се жалите дека многу брзо ви се лупат,уште следниот ден,а мене еве веќе четврти ден ми немаат мрднато.Инаку јас со секој можен лак си имам проблем,денес се лакирам,утре веќе ми се лупат.Си го купив црвениот,а после ова одам да си докупам уште неколку нијанси.Јас сум презадоволна од нив
^ И јас се приклучувам во клубот на задоволни од трајноста на лаковите. Мене ми издржа цела недела. Таман ги подраснав ноктите и кога го избришав,пак иста песна - испукаа сите. Во план ми е да го земам белиот, сега тој ми се мота низ глава.
Џабе дадени парите за овие новиве лакови на Голден Роуз мене воопшто не ми се допаѓаат,ич не се трајни веднаш се гребат.А уште ако чепкаш во вода...ау,ау...
Има некој искуство со лаковите од Рубин Кармин за 20 денари? Видов пишува на Аура се демек, ама ми стојат сомнителни, еден лак со дург не се иста боја, а иста бројка се битно, се сомневам дека се разредувани со ацетон ама па за таа цена не е страшно. Си купив 5, и еден минт зелен од Голден Роуз, почнува да ми се намалува колекцијата лакови па мора да реагирам И сакам да ги пронајдам тие магацини во Чаршија, ако има некој информација нека кажува, имале убави лакови за ефтини цени, Голден Роуз биле на пола цена, а имало и магацин на Габрини. Ајде да се заангажираме да ги најдеме па да нападнеме
^ Ако имате информации каде точно е лоциран магацинот, кажувајте, се договараме и одиме во напад. Не, шала на страна, пишете ако дознаете на кое место точно - и јас сум во дефицит со лакови. Многу фрлив пред некој ден, сите засушени ми беа или искористени. Вака барем повеќе ќе земам за помалце пари. Инаку, многу сум задоволна од тие на Essence - colour & go. Јас земав од ДМ, 120 и некој денар беа, со дебела и голема четкичка се. Ми-ли-на!
Јас си земав чисто од радозналост, ама нема некој избор па си земав еден кој не ми ни прави многу кеиф па не го ни користам многу многу.. за трајноста - не се нешто посебно, поготово што како што си приметила и сама дека се чудни. На некои од лаковите се приметуваше дека или се разредувани или се премногу стари бидејки убаво се разликуваат две различни течности во шишенцето - бојата и горниот слој безбоен. Но за 20 ден. вреди и да го земеш само да го пробаш и да го фрлиш ако не ти чини
За трајност не правме муабет, кај мене маникир на нокти трае 3-4 дена преку сила, но најчесто знам да го тргнам и другиот ден. Едноставно сакам да си се лакирам, а и толку лакови ако им испробувам трајност ќе треба да ги фрлам од пто ќе се исушат, имам преку 100 лакчиња, добро сега се намалени може за 10-15 ама пак си имам јас колекција асална
Ајде јас ќе се обидам да ви објаснам каде се тие магацини, односно тој на Габрини (не замислувајте магацин во буквална смисла, туку обична продавничка). Кога влегувате во чаршија од страната на Бит пазар, после Аванти вртите десно по уличката, и првата или втората уличка паралелна со главната од каде што влеговте, ќе видите дуќани со казани и тави, десно ќе свртите и од лева страна е продавничката на Габрини. Кој ме разбра - добро, кој не...ќе се снајдете лесно е.
Ја сум презадоволна од новиве лакови на ГолденРоуз со светки, ми траат од 5 до 7 дена, а изгинав во вода со рацеве Ги имам овие 2 сеа за сеа, а планирам да си набавам и други