Се согласувам со постов. И јас го имам црвениот со светки од Голден Роуз и сум презадоволна , значи поминаа 6 дена откако сум налакирана и ни да мрдне лаков. Би сакала да го земам црниот или зелениот сега
Како овој привот го има во тие новите на Голден Роус,и тоа мислам дека има исто такво или нешто како ова иначе ги има по парфимериите
девојки предлог за ваква нијанса на лак? Незнам дали е до комбинацијата со крем златно и бело ама бојава ми е преубава. Значи иста ваква боја, не слична, и да не е некое екстремно скапо по 700-1000денара Ducky ти си по ова, предлог некој м?
Јас ги имам овие два лака, дома. Овој што е на голден роуз, е малку потемен во живо. Ама и со повеќе слоеви, ќе биде таманка. Малку е поскап овој на голден роуз, сестра ми го има купено, не знам точно колку пари е. Ама овој на габрини, е 40 денари. Колку пари, толку музика. Ако има некој друг, друг предлог, нека каже. http://kosmetista.ru/uploads/images/00/93/35/2013/01/26/a0c60c.jpg http://shop.if-cosmetics.sk/images/309.jpg?PHPSESSID=gq329s3e2q3gq9didvs67actb0
Еленке може бројчињата? Не се баш исти со овој на сликата ама не се лоши нијансите. него овој на гр го има ли кај нас? Прв пат го гледам ваквото шишенце
морам да ги пофалам лаковите на римел 60 seconds,еве веќе една недела не ми мрднале,што е највашно брзо се сушат си купув во две нијанси бордо и виолетова...
Леле, и јас... изгубен случај. Goden Rose Sensitive 08 и Gabrini Multivitamin 309. Иначе да, мислам дека од тоа од Рекорд, го купила сестра ми, на гр.
Каде можам да купам лак за нокти со мат изглед. Ја барам конкретно оваа нијанса но интересни ми се и Пред некое време побарав и кога ги прашав дали имаат лак со мат изглед, продавачките бледо ме гледаа и не знаеја за што зборувам На едно место конечно најдов но беа со многу лош квалитет и ја немаше нијансата која ја барав.
Oдамна има мат лакови, а има и top coat лакови кои се ставаат врз обични лакови и прават да имаат мат изглед. Има во Golden Rose, a и во другиве поголеми маркети за козметика, па верувам и на пазарите дека може да се најдат. Приближно таа нијанса што ја бараш треба да ја има во Golden Rose.
Да, ги има но само по 3-4 нијанси, лош квалитет што повеќе личи на темперна боја отколку на мат... Затоа барам нешто поквалитетно. Благодарам во секој случај
Последен пат земав на Голден Роуз од овие новите со maxi brush. Супер се, многу убаво стојат на ноктот, а и четкичката е многу згодна. Но, само многу брзо ми се избриша лакот. Не знам зошто. Дали оти подлога ставив...или пак такви се лаковите
Инаку, да се надоврзам на оние кои се жалат дека оние лаковите на Голден Роуз со светки дека веднаш им се лупат. Мене еве ми стои веќе 4 ден. Без да мрдне. Но, јас прво му ставам подлога некоја ваква боја бидејќи го имам розевиот со светки, и со оваа подлога најубаво ми изгледа. За побрзо да се исуши го ставам под чешма, под ладна вода. Кога ќе се исушат одозгора им ставив top coat исто на Голден Роуз....пак под чешма. И како што напоменав веќе четири дена стојат без воопшто да се изгребат.
Зависи изгледа од лакот што ќе го ставиш одоздола како подлога. Ако е тој квалитетен нема да се избрише, зашто светкиве и да сакате не можете да ги извадите (другар ми ми беше тестер, ја прошета цела западна Македонија со светки на ноктот ). Ама сепак, јас own: за лаков, сеуште не знам како ги дадов парите ниту кога ќе се налакирам повторно...не сум јас за вакви чудесии светкави. Овие лаковите со дебели четкички, мислам дека како креч ги прават, за со еден потег да има јака боја, без двојни слоеви, ама истите брзо се лупат. Јас ги одмарам ноктите од бои неделава, црвени ми станаа од лаковите, па да се вратат на нормала малце
И ајс ги користам овие, ама не знам не ми се вади брзо бојата баш напротив, може така се погодило...инаку ок ми се, ефтини се, а не пожолтуваат ноктите ако ги намачакаш без подлога за разлика од флормар.
Логично е светките да се лупат многу побрзо од обичните лакови. Ако сакате да ви потраат подолго обавезно ставајте проѕирна подлога, не повеќе од 2 слоеви од светките и на крај 1-2 слоеви надлак со тоа што ќе ги намачкате и рабовите на ноктите.