Девојки, ве молам за помош. се убив од барање од лаковите на голден роус со светки но, не можам никаде да го најдам белиот со светки 115 шифра. Дали можете да ми помогнете да ми кажете каде го има во Скопје? Повторувам, другите ги има, белиот не можам да го најдам https://www.google.com/search?hl=en&cli ... B400%3B600
Лаков одамна го имав купено,и вчера се решив да ставам,ни малце ми се нема изгребано,и само имам да кажам,една чиста 10-ка од мене за Пацифик лаковиве.Имав еден порано розев,и катастрофа беше,ама овој е прекрасен.. :up:
Најнов хит ми се лакчињата на Голден Роуз maxi brush Прекраснотии Денес купив две нијанси,чисто за проба,ама ги сакам сите Од прв ред ,вториот од лево,од втор ред четвртиот од лево. Ги препорачува и двете нијанси :up:
Многу убаво лакче, мило ми е што си го купив. Боите им се металик, се прелеваат и долготрајни се. Многу сум задоволна. Јас го имам тој во средина...
Колку пари ги земате Голден Роуз maxi brush? Да се подновам и јас, после испитиве. И ме интересира, дали Голден Роуз имаат некој калциум гел/лак за зацврстување на ноктите? Значи не да биде обичен зацврстувач, ами со калциум ор самтинг?
Макси браш ми се чини 120 беа - така нешто, ама под 100-че не се дефинитивно. Јас се уште немам од нив, другарка ми си зема розев со дебела четкичка - совршен е! Кога и да отидам во Голден Роуз се враќам со сосем нешто трето . Последниов пат кога бев, се врткав кај овие макси браш, и излегов со лак со златни светки. Јеј, уште еден во колекцијата!
Девојки, денес бев до Сити Мол и ми дадоа флаерче од Космо на кое пишуваше дека од сега имаат OPI лакови за 680 денари, само не им беа ставени во таа продавница (или јас не ги видов). Сега уште да соберам пари...
Секаде лакови за 40 денари ќе најдеш, со 680 гардероба ќе си купам. Спојлер И онака немам убави нокти за лакирање
Спојлер Па мене затоа и не ми се веруваше дека 1 е толку Ваљда затоа и уште немам отидено во сити мол
Омг шо лак ке беше тоа?? нема шанси подобро со лак од 40 ден ке се лакирам ама 680 ли колку беше да давам за 1 лак ААА ЈОК!!!! небива!!! ни јас нема да одам
Макси браш се 70 денари, освен оние што се топ коатовите, за брзо сушење, гел лук и слично, одлилни се и има многу убави бои.
ШТО? 680 да давам за еден лак што ќе ми се исуши ? Е не...Јок бе... Е аман што лак ќе беше? Па злато да имаше во него не ќе беше толку...