Ма кои 40 денари, за 25 денари си купувам (Gabrini) и гајле си немам. Иначе сум видела и поскапи лакови од тие Опи (1100 ден во космо). И што е финтава со големата популарност на Опи?
А што е финтата што се поскапи ?? Тие не се салам само демек од Опи имам лак исто и јас имам купено од 25, 30 ден не мислам 1000 да давам за еден лак
Во последно време ги користам Rapsodi, Malena, Gabrini, Moda, Selene, Golden Rose и други. Најмногу ми се допѓаат од Gabrini бидејќи многу се квалитетни иако се ефтинки( за 30 денари)
Јас имам два ОПИ лакови за нокти и стварно сум задоволна. Густината на лакот и четката се супер. Направени се така што 2-3 години да поминат а да не се згуснат. Мене ми се купени во странство, каде што со тамошната заработка и не претставува проблем да одвоиш за лак. Во Македонија нормално е дека не би можела да си ги дозволам. Меѓутоа ги увезуваат од Америка и цените се скоро исти со тамошните. Ако ептен сакате да ги пробате, нарачајте ги преку интернет оние помалите пакувања што би требало и да се поефтини.
Да Ади, четчето е пошироко и со еден „замав“ го опфаќа речиси цел нокт. Мене ми се допаднаа нијансите, ќе си земам некое. Спојлер И дај, не го тупете сите со ист пост „омг нема шанси, не не, ноу уеј да дадам 680 денари за лак“. Ако нејќете - не купувајте, никој со сила не ве тера мајку му.
Јас мислам дека овие странскиве фирми, што ги носат за прв пат ептен се скапи овде. На пример Артдеко база за очи овде е 350-370, а во Германија (од каде и потекнува оваа шминка) е 2 евра.
Јас корист лаковите на опи, и сум многу задоволна. Користам еден лак од колекцијата 007 светло црвен.
лаковите на флормар се ептен квалитетни. минатата недела се лакирав и лакот не ми мрдна 6 дена. густи се и трајни.
Имам повеќе лакови. Е сега зависи од времето како сакам. Прмер за зима сакам некои бели, сиви, тиркизни.. За лето сакам многу дречеви бои Секогаш ги правам различно, скоро сите бои ги сакам
Лакови од една „маалска“ продавничка. Се излакирав за проверка на нијансите и еве недела и пол не сака да мрдне, ниту да избледи ниту да се излупи! Мислам дека утре ќе им ги снема и останатите нијанси И плус фактот што се поефтини од сите други лакови кои во последно време ги скапнаа. Околу квалитетот на сликата, набрзина е сликнато со телефон...
Јас најмногу користам пастелни бои на лакови,но некогаш знам и некоја дречава боја да ставам. Иначе за експериментирање,цртам со цртач,правам 8 нокти една боја,два друга,секој нокт со различен лак,француски маникир....ии многу друг,ме мрзи да набројувам.
Девојки, да не сте сретнале поголеми пакувања на лаковите Miss Selene, оние малечките што ги има во Golden Rose, или не постои такво нешто воопшто ? Прекрасни се, имаат предобра структура, со еден слој се добива иста боја а и задоволна сум од трајноста. За овие зборувам:
Девојки ве молам препорачајте ми некој лак за нокти кој е темно црвен, како цреша ама кој трае барем 7 дена, без да напукнува на врвовите и да се лупи уште следниот ден. ги пробав малена и bouris 10 days, по препораки ба некои задоволни девојки на темава, но сепак подолго од два дена кај мене не издржуваат однапред ви благодарам, поздрав
На Golden Rose тие Cathrine (мислам така се пишуваше) лаковите долго траат. Јас ставам два слоја од лакот и одозгора еден слој безбоен лак и ми трае така 5-6 дена.