Девојки може ли некоја од вас да ми каже колкава им е цената на ОПИ лаковите и колкава е нивната трјност во денови? за да знам дали се испалаќа таква инвестиција фала многу
^ 680 се во Космо, а најверојатно тука некаде се со цената и во ДМ. За какви се општо и дали се трајни не можам да ти кажам затоа што не сум ги пробала. Мое мислење, никогаш не би дала толку пари за лак па ако сака и златен нека е. Повеќе од еве да речам две недели нема шанси да стојат на нокти без да се излупат, а и да можат сепак ноктот расте и кога и да е ќе треба да ги избришеш и одново да се излакираш. Трето, со истите пари можеш да купиш најмалку 10 обични лакови со задоволителен квалитет. Како и да свртиш, воопшто не се исплатат. Сепак ти најдобро си знаеш колкав ти е буџетот и колку пари можеш да издвоиш за лак.
Ај ако може да ми препорачате ментол и светло плав лак, како овие на сликите: Да бидат доволно opaque, односно да не бидат проѕирни па да треба да трупам 3-4 слоја за да го постигнам овој ефект, а исто и ментолот да биде повеќе на зелено, а не на сино. Благодарам
Јас само да кажам два-три пет-шеснаесет збора за зацврстувачот на Римел. Конечно, после месец дена имам доста подобрена ситуација. Ноктите ми се поцврсти, не се кршат толку лесно како претходно, меѓутоа уште сум во фаза на нивно зацврстување со внесување на Б-витамини, така да не експериментирам многу со други лакови освен со овој. Ни јас сама не знам како издржав да не ставам нешто во боја. И да додадам - пораснати ми се ноктите, конечно подолги и поубави за око, па продолжувам со употребата на зацврстувачот. Се надевам дека нема да ме разочара сега на крај.
Mishela јас користев друг лак на Римел за зацврстување и над него си ставав лак во боја т.е. зацврстувачот го користев како основа и ми се подобри ситуацијата. Еве сега немам веќе од него и ноктите ми се крш.
И јас правев така со нанесување лак во боја над зацврстувачот, ама потоа ми се лупеа ноктите. Сигурно ја знаеш ситуацијата, ко да се дели ноктот на ливчиња, ужасија невидена. И после отстранувањето на лушпата ти останува премек дел кој само би ти штетел и принудена си да го отстраниш целото. И еднаш на сред „процес“ се изгорев вака, па си реков дека одам до крај само со зацврстувачот, каде каде посигурна варијанта ми е.
Знам, знам баш такви се моите нокти сега. Ама штознам јас неможев да издржав без лак во боја и си ставав, па не се кршеа. Е сега да не ставав сигурно би бил подобар ефектот. Терај така, ако не, зошто вака како мене е грдо. Ако ги чукнам посилно, одма се кршат.
На Флормар лаковите, јас може вака досадна со нив, ама барем стојам позади зборовите 3-4 пати кажани. Првата (минт) нијанса ја имам и е со број 424, а втората небесна/нежна сина ја немам, но следна ми е на список, исто така од Флормар, бројче 423. 100 ден. на штандот на Флормар во Веро центар. Сликите се од нет, добар квалитет се за да можеш по слика да пресудиш. Спојлер
Те сфаќам за Flormar, и јас имам неколку од нив и ги обожавам, еден слој ми трае со денови И фала ти за бројчињата, светло плавиот е точно таков каков што барам, а за ментолот само што сакав да искоментирам дека е потемен, но го прочитав погорното мислење Уште во понеделник се упатувам кон Веро
јас без лак не можам...ама баш секаков ставам освен онака многу јако жолт и портокалов. Ама многу сакам црн,темно виолетов и темно црвен
miss selene мислам дека се најглупавите лакови што сум ги пробала иако сењ најевтини и ги купувам почесто за да можам да купам повеќе,не се истрајни и се лупат вториот ден а од umbrella,rolden rose,paris,rimmel,loreal сум презадоволна до една недела ми трае лакот
^^^ Miss selene, вака имаат убава боја. Ама треба 20 слоја да ставиш, за да се познава. Јас се зезнав со нив, ме мрзи да чекам да се исушат. А имам купено неколку такви лака. Башка малецки се, и брзо се трошат. А за истрајноста... мене ниту еден не ми држи. 2 дена максимум, ни два дена. Такви ми се ноктите. Пред некој ден, си ставив безбоен од mаybelline. Ми се излупило бројчето, не знам што бројче е. Одозгора лак од 40 денари и најодозгора пак од тој безбојниот. Добро, не е баш безбоен, накај розево мава. И 2 дена ми издржи. Ама пак ќе ставам од тој од maybelline, затоа што малку ми се вратија во нормала ноктите. Зелени ми беа претходно. Ни со ацетон не се вадеше зелената боја. Веќе не зимам од овие што се 40 денари, и без пари да ми даваат.
можеш со неколку капки свеж лимун и еден филџан вода да ги избелиш ноктите без да ги оштетиш а кога планираш некои бои кои се појаки стави безбоен на основа па лакирај се полесно се вади а и ноктите се чисти.
Jас во состојба на очај да ве прашам нешто. Како ги вадите лаковите со многу светки од ноктите? Кај мене нема теоретски шанси да ги извадам целосно само со памук/салфетка и ацетон. Ужас ги направив, слоевити ми се сега, а башка тоа што буквално цело шишенце ацетон лупнав. За ваков тип на светки зборам, кажувајте чаре како да ги извадам.
пробај стави ги рацете во врела вода па лупи го лакот.и не вади лак со салафекта земи со марамица влажна ама исуши ја.