моментално навлечена сум на пастелни пролетни бои,на пример портокаловата и зеленета светли пастелни се разбира ,мразам лакови со светки ептен кич ми се
Ај и јас да се замешам. Пробај го лакот на малена со сребрени светки што е! Мене многу ми е убав ама треба да поминеш 2-3 пати за повеќе светки, а убав е и днаш да го поминеш. позз.
Ми треба убава нијанја на nude. Не некоја премногу темна. Од која фирма има убав и бројче ако знае некоја.? и не многу скап , значи до најобичните фирми со пристојни цени.
Мене ми треба да ми кажете од Golden Rose кое бројче е бела-креч боја. Не знам зошто, од која и да користам фирма, лаковите со конкретно оваа боја многу брзо ми се сушат. Значи имам некои може пред шест месеци се купени се`уште не се исушени, а овој ни 2 месеца нема целиот е густ. Ако не, не мора да е Golden Rose, ама да е некој асален, а не после месец дена да морам да го фрлам. На ваква боја мислам..
^ 104ката е убава бела на Golden Rose Овие лакови ги има во парфимериите на Golden Rose или јас погрешно имам видено??
Овој лак прв пат го гледам, мада одамна не сум била накај Голден Роуз. За белиот, мене конкретно ми се суши побргу бидејќи често го користам за некои ситници, за цртање и слично, па подолго ми стои отворен и ми се суши. Што знам, ми има логика
во последно време највеке користам лакови на Голден Роуз-розево светкасто , портокалово светкасто, или црвена боја-по ретко исто и цртање на ноктите е ретко, експерименти и сл.
^ Овие лакови ги нема во продажба кај нас, ги користат исклучиво во салони, ама може да се порачаат од интернет. Јас пред некое време правев нокти во еден салон, таму ги користат лаковиве, и ме излакираа со ваков China Glaze, месо боја. Супер се, многу издржливи и квалитетни, лакот ми стоеше 6 дена, ама ова се професионални лакови, така што не е ни чудо. Инаку, прекрасни бои има, памет да ти штукне Ја прашав таа што ми ги правеше ноктите од каде ги набавуваат лаковиве и кој е застапник, ама не сакаше да ми каже, ми рече биле исклучиво за салони, па и да сум сакала, не сум можела да купам
Овие се генерални застапници за China Glaze лаковите кај нас,ама за да ги имаш мора да се направи порачка,и незнам дали ги продаваат само на козметичките салони или пак може кој било да си порача инаку се од Кочани https://www.facebook.com/clarissanails.macedonia
Јас си купив од козметички салон, купив еден да го пробам, иначе многу убави бои има, па ако ми се погоди ќе си земам и други бои
За оние кои сакаат од зацврстувачите за нокти од Евелине ги има во Ким парфимеријата во Буњаковец - 140 ден и во Јуник на Рекорд - 119 ден.
немам нокти ги грицкам ама ако си ставам вештачки користам дречливи бои ептен се јаки на пример зелена,циклама,жолта,плава..а и ептен сакам кремов лак не чисто кремов нешто како валкано бело..
Како да направиш свој лак за нокти по своја желба Сè што ви е потребно е безбоен лак, сенки за очи и една чепкалка. Чекор 1 Одберете сенка во бојата која ја посакувате и иситнете ја со нож. Треба да се претвори во ситна прав. Можете да користите и повеќе сенки, да ги комбинирате и да создавате свои нијанси на лакови. Чекор 2 Откако ќе ги измешате сенките во прав, направете мала инка од лист хартија и истурете ги во лакот за нокти. Измешајте ја смесата со чепкалка за да не ви останат грутки. Затворете го лакот, промешајте го неколку минути и спремен е за нанесување. еве слики : Дали има некој испробано?, и да каже како му излегло
Искрено, не се сеќавам кој ми се пожали, дека не му излегло баш како што треба... Не се соединила баш смесата како што треба. А за да направиш ваков лак, ќе треба и некоја поскапа сенка. А да даваш пари и за сенката за да ја потрошиш.. плус за безбоен лак. Според мене, подобро е да си купите лак.