Само јас ли не сум задоволна од ,,top coat'' на Голден Роуз? Прво се лакирам со лак во боја, па после од top coat ама многу брзо ми се лупи. За еден ипол ден
Незнам мене не ми се лупи брзо напротив ми трае по 4 дена лакот на ноктите добро зависи и од лакот некој кој не е добар знае да ми се излупи и за 2 дена на сите лакови ти е вака, пробај лакирај се со друг можда е до лакот
Јас користам од ефтините лакови за нокти и ми траат цела недела. Од оние од 20/30 денари од SHE, Rapsodi, Elegant, Olivia, Golden Rose и др. Порано од Орифлејм нарачував ама квалитетот не беше нешто подобор од ефтиниве лакови.
Каде можам да најдам гел за нокти што не се пече(оној што е како лак) и ако некоја од вас го користела нека пише како е задоволна
Крајно незадоволна од лакот на Голден Роуз оние со светки, трајност никаква, раце да не измие човек, многу брзо се лупат, за 120 денари не вредат. Поголема транјност има истата марка со светки што е за цртање, а освен тоа и поефтини се 60 ден. Исто така и од флормар не сум посебно нешто задоволна за трајност добри се за 100 ден но многу брзо се згуснува лакот и потешко се суши кога е густ.
и мене така ми се лупи лакот исто е дали двата што ги користиш се од голден роуз или различни се лупат брзо
Јас користам top coat ( со gel look ) од Essence и презадоволна сум Се лакирам со лак во боја,го нанесувам и ми трае 7 дена (без гребење и лупење од досада секако )... можете да пробате...згора на тоа ноктите изгледаат како да се гелни.
Не знам точно за цената,мислам дека не беше скапо,го купив од пред месец дена во трговски и презадоволна сум,вреди да се проба
Во секој каталог на Авон ова го има и мислам дека не беше поскапо од 200 денари. Во план сум и јас да го порачам.