^ Golden Rose #30 Ете и слика, преубав е лакот и доста долго трае. Малку ме нервира четкичката затоа што навикната сум да се лакирам со поминијатурни, но сепак е одличен. Чини 60-70 денари. Малена сигурно имаат, но не знам бројче за жал. Јас овој не би го сменила, предобар е!
^^Од малена број 25 е убава бордо боја слична на таа од golden rose. А со светки од golden rose jolly jewels е broj 119- само се малку поситни од тие што ги бараш.
За време на летната сезона ставав посветли бои, дречливи. Но сега одам кон пастелни бои најчесто крем или француски маникир.
Бројче и марка од некое вакво лакче? Сликата е од блогот на Ducky, но овие лакови сигурно не се земени од тука. Нешто достапно, ве молам.
Си зедов вакво лакче, одамна ми требаше ваква боја. Со два слоја се добива прекрасна розева боја. Вчера се налакирав па ќе видиме колку ќе издрши. Light Pink 77 Морам да ги пофалам лакчињата на Голден Роус maxi brush. Ми траеше 5-6 дена без проблем, а четката е прекрасна со еден потег се лакира цел нокт.
Преубава боја, не знам ни јас колку време барам вакво нешто, кој лак е ова? Како да го најдам? Име? Нешто? Те молам... Ама баш, баш вака излегува? Ми се свиѓа што е мат, не сакам сјајни.. а сите што ги најдов на ваква нијанса имаат некој сјај во нив, сакам вака мат да излегува.
Ова е Maybelline Colorama Ги има во Космо, негде околу 90 денари се и се навистина убави и трајни лакови. И преубави нијанси имаат, во последно време ми се омилени
Јас во Шатци го земав 75 денари. Бројчето е 77 и баш вака како на сликата излегува бојата. Не е баш мат, но нема многу сјај.
Девојки пред неколку месеци си го купив лаков на пазар. Поубав лак немам видено, долго траесе и многу убава боја има. Сега никаде неможам да го најдам. Многу ми е криво. Ако видите вакви некаде било каде по Скопјево кажете
Женски пред неколку денови го извадив гелот од ноктите и сега Ве замолувам некој да ми помогне во изборот на лак и да ми каже каков користел, лак кој ќе ми помогне да не ми бидат како ливчиња како зацврстувач нешто...фала однапред
планирам да биде француски маникир и да има нешто вакво, некоја шарка не на цели нокти оти ако е така многу ми е ту мач, па затоа прашав
Ако веќе правиш шарка, тогаш нека биде на палецот и на претпоследниот прст, мислам знаеш што сакам да кажам.
Дали некоја феминка го има користено зацврснувачот за нокти на Евелин за дијамантски тврди нокти? Какво искуство имате Вие? Го купив од ДМ пред 1 месец, долго стои на ноктите не се лупи ни по 1 недела но нешто ми е чудно... После 2-3 минути чувствувам болка околу ноктот и на прстот под ноктот која трае потоа неколку часа. Нанесувам и по 1 слој и по два исто е, веќе трет пат го користам и исто е. А прекрасен е, ноктите ми пораснаа 5 мм без да се скршат. Секој совет е добредојден.