Иако си имала проблем со овој лак сакав да прашам колку пари е? Дека имал супер ефект на зацвртувач, но ме интересираше и дали нешто ти ги оштети ноктите, ако не нема гајле
Од ДМ го земав за 115 денари, не ми ги оштети ноктите исти си се (кој бил излистан таков си останал и си расте). Навистина е долготраен и зацврснува но се прашувам колку таа болка се исплати!? Болката личи како кога ќе си потфатиш прст на врата или нешто друго АМА рачунај пута 10 (секој прст посебно) Чекам одговор и само да знаете често и правам рифреш на темава со некоја надеж но попусто.
аааа тогаш нешто изгледа не е во ред со лакот претпоставувам незгодно е да те боли нешто така... Ајде девојки некоја нека пише некое свое искуство сигурно само AniAngie не е единствената што го користела лакот....
Валда си алергична на некоја компонента, што ја содржи лаков. Јас болката само со тоа можам да си ја објаснам. А иначе не сум го користела лаков. *** Јас пред две недели, се налакирав со еден лак, на Дебора беше (за билатерални нокти ). Другарка ми го има и многу ми го фалеше, па реков да го пробам прво од кај неа и да си го купам. Ама не, лаков ич не е убав, воопшто не зацврснува и одма се лупи, така да ќе му останам верна валда, на Римелот. Вака изгледа:
Најчесто се лакирам со црн, темно виолетов, некогаш ги оставам така или ставам прозирен, кога имав долги нокти секогаш ги цртав, но ми се кршеа често па сега само така додека најдам некој лакови за зацврстување
Во петокот си го купив овој лак http://www.pinkmelon.de/wp-content/uplo ... er_art.jpg и засега сум задоволна не ми се скрши ниту еден нокт и ги чувствувам поцврсти ноктите, го купив 145 денари мислам дека беше од дм
Помина период на одмори,ама бојава убаво стои на исончано. Бојата на бикините ми е иста, па супер ми одеше. Поим немам за трајноста зошто сум тип кој не трпи иста боја на нокти, па сто пати се прелакирам. А и палетата за цело лето ми беше овој, црвен,а најчесто френч зошто не сакам многу, многу шаренила.
Вчера влегов во парфимерија и онака што ми останаа пари си земав едно лакче на Малена.Како љубител на сината боја веднаш се заљубив.Мислам дека бројчето беше 57...не ми е важна трајноста бидејки многу често се лакирам и да не ми се излупен стариот лак.Пусти радости да го испробам новиот лак.
Вака, јас не сум го користела баш тој, ама користам Евелин 8 in 1, од ДМ исто.Е сега, во овие лакови, а и во други лакови за зацврстување има состојка што се вика формалдехид.Тоа е многу јако, ама многу помага за поцврсти нокти.Затоа што е толку јако мора да пазиш да не ставаш од тој лак, ако имаш испукана кожа или отворена раничка околу ноктите, евентуално скинати заноктици или кутикули.Лакот не е стар и не си алергична на него, само нанесувај го на ноктот, не целосно, избегнувај ги рабовите блиску до кожата
Ви благодарам на сите за Вашите совети! Навистина е до заноктиците! Сега го избегнувам тој дел и се е подобро!
Не можам да ги разберам девојките со по 30-40 лака за нокти. Јас немам ниту време, ниту трпение ниту пак гледам причина секој ден да менувам боја на нокти. Гледам да ми се секогаш средени, сакам потемни и понеутрални нијанси: бордо, темно црвено, темно сино, бледо златна боја. Но, се радувам на лакови со малечки светки. Имам петнаесетина лака, но купувам скапи од причина што долго траат, а да признаам, исклклучително сум мрзлива кога треба да се средуваат нокти, па гледам да ми траат што подолго. Ги користам најчесто на Shellac, зошто ми траат по две-три недели, без да мрдне, морам да се прелакирам зошто ноктите ми растат, и ми е најпогоден лак од сите. И OPI се добри, на Мејбелајн оние малечките и Лореал ми се допаѓаат зошто имаат убави нијанси.
Ваква боја на лак, фирма/број? Знам дека е црвено, сегде има таква боја на лак, ама јас сакам баш ваков лак. Anyone?
Кои лакови за нокти се најдолготрајни и најиздржливи според Вас? Без светки, пожелно е да имаат бел, млечно бел, кремаст или бордо? Не некои со астрономска цена, цената нека биде просек. Фломар не ми издржуваат повеќе од 2 дена, Малена не сум пробала затоа што никаде не можам да ги најдам.