Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лакови за нокти

Дискусија во 'Тело' започната од fashionista, 2 јули 2011.

  1. LadySS

    LadySS Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Женски кои користите лак Golden Rose од новите со големата четка, ве молам за совет: ја купив баш оваа боја што е на сликата ама четката некако ми е чудна, кога се налакирав првиот пат, после лакирањето ноктите не ми беа вака мазни како на сликата, ниту пак како кога се лакирам со други лакови, туку ми беа целите со вертикални линии, како лакот да не се размачкал убаво или не знам како да објаснам, линиите беа како да имам ставено ептен многу тенок слој од лакот. На еден нокт ставив дури и втор слој од лакот ама пак ништо, пак истата приказна. Е три слоја нит сум носела до сега ни планирам да носам (прво и прво не знам како ке ги исушам ноктите :D ). Јас мислам дека е до четката и се мислам да одам да го сменам (ако сакаат да ми го сменат).

    [​IMG]
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    ^ Може да ми кажеш која бројка е лакот? Многу е убав, ваква боја одамна си барам. :)
    А проблемот пробај да го решиш така што одозгора ќе ставиш еден слој безбоен лак. Мислам дека нема да ти се познаваат четки вака.
     
  3. LadySS

    LadySS Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Пробував и така ама пак исти останаа. При лакирањето изгледа како четката да го гребе/брише лакот, наместо да го разнесува по ноктот. Инаку бројката е 43, а бојата, да, ептен му е убава :).
     
  4. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    ^ Мишелка бројче 43 е лаков, и јас одамна му се мерачам, ем ради макси четкичката, која инаку им е перфектна, ем ради бојата т.е нијансата. Само што никако да дојде ред да го земам, обично завршувам со некоја сосем трета боја накај дома. :D
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    А да пробаш пред да нанесеш од лакот да ги налакираш ноктите со безбоен, па откако ќе се среди и исуши да ставиш од овој?

    Фала ви девојки, ќе си го земам јас обавезно, многу нежно изгледа.
     
  6. LadySS

    LadySS Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Баш ќе пробам утре на еден нокт и ако пак испадне како првиот пат ќе го сликнам и ќе го закачам да видите како изгледа.
     
  7. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    А ваква боја да ми предложи некој, се разбира само да не е OPI :wasntme:


    [​IMG]
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    ^ Разгледај ги оние Елегант од Габрини, јас последно купив ист ваков со светки, само зелен. Преубав е лакот, има доволно точкички и светки и не изгледа воопшто бледо, само некако е со мат ефект откако ќе се исуши и поубаво изгледа со еден слој безбоен над него. :)

    П.С. Само мене ли макси четкичката на Голден Роуз не ми е по вкус? :tmi:
    Се чувствувам како фрик, ама премногу ми е голема некако и не сум толку прецизна. А тоа што со еден замав лакираш цел нокт, да, до некаде. :D
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LadySS

    LadySS Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Ако не мора да е строго само со точки и ако ти се допаѓа нешто вакво
    [​IMG]
    го имам истиот од сликата, тоа е Габрини Елегант број 375.
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Најмногу ми се свиѓа што се прелива (таков и барам), не е една боја конкретно, има некоја сивкасто-кафено-бронзена боја :D а светките го прават уште поубав :) Инаку фала на предлозите, ќе проверам :)
     
  11. 2486

    2486 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    ^ Па кажавме нешто поназад - Golden Rose 30.
    Ако сакаш уште потемен, имаш опција од Bourjois 12 Rouge Obscur. Нешто поскап е, ама неверојатно е колку брзо се суши и трае со денови, барем јас се убив од миење садови и брцкање под вода, а лаков нема мака. :)
    [​IMG]
     
  13. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.573
    Пол:
    Женски
    Или ова на флор мар Supermatte #111
    [​IMG]

    ама рачунај дека сликава што си ја постирала е фотошопирана или што и да е, во живо ниеден лак вака не делува па макар и 2000 да го платиш. :!:
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.573
    Пол:
    Женски
    А вакво нешто? како ова црново?
    [​IMG]
    http://www.manhattan.de/de/produkte/nai ... 349777562/
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.180
    Допаѓања:
    12.997
    Пол:
    Женски
    Мишела, предложи ми некоја убава нијанса на nude и вино боја (за нијанса посветол од она што си го постирала) од овие на малена и пацифик? :)
    може и од некои др.фирми со пристојна цена
    никако не можам да си најдам убава nude нијанса |(
     
  16. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.573
    Пол:
    Женски
    Види ги овие на голден, ама отвори ја сликата во нов таб, голема е.
    Сигурна сум дека ке си ја најдеш бојата :)
    [​IMG]
     
    На Candice.S му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Ги имам и двете на Малена, па ќе ти ги кажам бројчињата.
    Нуд нијанса на Малена 47, ако сакаш уште посветла имам на Аура 309 во вакво шишенце е:

    [​IMG]

    Вино боја 25 на Малена.

    Со 2 слоја добиваш убава боја од било кој лак.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    3.037
    Пол:
    Женски
    Ваква нијанса на лакче, број и марка? да ми предложите... :)
    [​IMG]
     
  19. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.573
    Пол:
    Женски
    Gosh #018 brown grey
    Го имам дома, ист е
    [​IMG]
     
    На Candice.S и Kaley им се допаѓа ова.
  20. LittleChili

    LittleChili Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    2.229
    Бордо лак за оние што бараат има од Pacific ( Raspaodi ) 47 бројче , неможам слика да најдам . Лакчето чини околу 40 денари .
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.