А која ми е па логиката за лажам за такво нешто??? Ете не се суши, ни сама не знам зошто. Не дека е ист како кога сум го нанела ама се уште е леплив и ако го поткачам отиде.
И јас го имам истиот проблем со сушењето на ноктите. Со било каков лак да ги налакирам ми треба барем половина час за да ми се исушат убаво, може површински да делуваат исушени ама кога ќе почнам да работам нешто веднаш ми се собира лакот доколку не е убаво исушен. Затоа кога се лакирам ми треба барем еден час доколку нанесувам 2 слоја за да сум сигурна дека нема да ми се излупат ноктите ако допрам нешто. Може и неверојатно му звучи на некој но така е, само што мене реално и не ми претставува некаков проблем, не ми смета да ги почекам освен ако не се брзам некаде.
Мене пак многу брзо ми се лупи лактот од ноктите, за 1 ден би рекла... Имам користено и поефтини и поскапи лакови. И секогаш како краен слој ставам безбоен лак, но ете. Некое чаре? Ми се смачи веќе секој ден да се лакирам, а многу мразам несредени, излушпени нокти.
Од авон имаше еден спреј за брзо сушење на ноктите, до кај 150 денари беше, маслен е и мрсен, ги прскаш рацете по еднаш-два пати и мислам дека намалува процес на сушење, барем кај мене имало ефект. Ако не одма барем за некои 15 минути да ги ви исуши, инаку баш за 60 секунди лакот е исушен и не се собира, испробано. Сигурно има и од другите марки, ако не ви се чека од Авон да го нарачате и да ви пристигне, распарашајте се по парфимерииве. Нема смисла да бидете беспомошни 2 часа зашто лакот не е искушен
Колку брзо лакот ќе се исуши зависи и од неговата структура.Ако е нов,редок секако дека побрзо ќе се исуши.Спас е да ги сушите ноктите со фен,ставањето во ладна вода кај мене ми го одзема сјајот на лакот. Или користење на брзосушечки да ги кажам премази,зашто тоа не е лак. На Лунцика еден совет ако може да и помогне,значи кога го размачкуваш лакот по должината обавезно премачкај ја и ивицата на ноктот (значи не одоздола туку дебелината на ноктот,ама објаснив ),со лесен потег,да се стопи со лакот нанесен од горната страна.И обавезно база одоздола и top coat одозгора.Ако мачкате два или повеќе слоја на лак потребно е претходниот слој добро да се исуши. За да не се мачам со злобната бела црта која се појавува,не носам лак повеќе од 3 дена.
Ич не трпам лак ама ич таман ќе се излакирам го гребам ме нервира што да правам и затоа не се лакирам,така си стојат лаковите дома
Кога сме веќе кај лакови што се сушат брзо, овие на Rimmel, дефинитивно ги ставам на пиедесталот! Не знам, може и ги имате спомнато претходно, ама ме мрзи искрено да листам страни и страни наназад. 60 seconds се викаат лакчињата, и стварно за минута мене лакот ми е сув! Одлични се, не верував се додека не ги пробав дека за така кратко време се сушат - обично сум голем скептик за вакви работи, али резултатот е фанстастичен! Башка, и макси најпрекрасна на свет четкичка имаат. Препорачувам!
Љубовче мила, лак со ефект на плишано нема, има додаток еден кој се става врз подлога и дава тако ефект, иначе кај нс го нема можеш да си набавиш од нет Ама слатко си ме изнасмеала со лак со ефект на плишано не знаеш
Девојки знаете кое бројче е ова лакче на Габрини од 3Д колекцијата? Знам дека со сигурност не е 22ка, затоа што тоа е потемно накај виолетово мава, јас го барам ова
Барам некоја нијанса на крем како оваа на сликиве од палетата на голден роуз, значи боја на лак што со првиот слој доволно прикрива, да не е како проѕирен па да треба 3 слоја да нанесувам...да не е со розев подтен, и да не оди ептен накај чоколадна боја бројче некој ако знае??