Ги имам и претходно фалено на Лореал лакчињата, апсолутно ми се погодија сите до сега, а последно го земав црвениот - нијансата му е најпогодена на свет. Од мене има 10/10.
Девојки ме интересира дали некоја знае од каде можам да си купам лакови о.п.и или познати како гел-лак, кои не траат долго како гелот, туку подолго од лакот - до недела дена. И отприлика колку пари се движат ако знаете.
Незнам на која страна си од Скопје ОПИ лакови има и во Виола аптеката во Буњаковец и во Космо. [bFlower27][/b] COLORAMA 15 DEBORAH 7 DAYS LONG 161 LOREAL RESIST AND SHINE 551 Трите ги имам и Дебора би ја издвоила како нај убава бордо нијанса се е до вкус
Моето ново лакче изгледа вака Essence 156 me & lover Предходно нанесувам црвен лак како база, зошто не е многу црвено (мислам е, ама јас сакам повеќе да ми е црвено). Има sand “песок“ ефект и изгледа вака: Спојлер Мене така не ми се допаѓа, како рапаво ми е па затоа ставам безбоен лак и изгледа: Спојлер Со безбоен лак многу поубаво се истакнуваат светките. Баш е новогодишен и многу ми се допаѓа
Женчиња, ај едно прашање (се надевам нема да ми замерите, не знаев баш каде да го поставам). Колку и да звучи глупаво, морам да прашам Значи, веќе неколку дена како го ставам зацврстувачот од Евелин 8 во 1. Забележав дека после секој нов слој ноктите ме болат, буквално. Чувствувам силна болка во самите нокти додека се суши слојот (нели 4 дена по ред се става по еден слој, па потоа се вадат и пак од почеток). Ви се случува ли и вас ова и дали е нормално? Чувството е како кога печете гел на нокти во УВ ламба (т.е. кога се пече оној сврзувачкиот гел од кој ноктите жежат и болат. Сигурно знаете за што зборувам). Ве молам за одговор
^ Секси, тоа е поради формалдехидот кој го има во составот на лакот. Пробај да избегнуваш да нанесуваш лак во допир со кожичките и нека има лак само на ноктот, можеби тоа малку ќе ја ублажи работата, иако се сомневам зашто сфаќам на што мислиш. Ако не те мрзи, пролистај низ темава, мислам дека уште една девојка се жалеше на ваков проблем со истиот лак, па можеби пронашла решение.
^ Знам дека некој претходно имаше спомнато за ова, и ја пребарував темава пред да пишам, ама не успеав да најдам ништо. Фала ти Мишелка, помислив и јас дека може да е од формалдехидот, ама пошто не сум стручна, викам чекај да видам што ќе ми кажат, да не треснам глупост Се надевам добри резултати ќе имам и покрај болката, стварно е непријатна и ме нервира, ама ќе издржам Едит: Мислам дека најмногу ме болат поради тоа што стварно многу ми се кревки ноктиве, прв пат после година дена ми се без гел, пред некој ден го извадив за да ги одморам малку. Ептен ми се слаби и уништени, па можеби и тоа игра улога
Штом си ставала гел сигурно тоа е проблемот затоа што ноктите ти се премногу истругани и оштетени па така формалдехидот многу полесно навлегува во ноктот. Јас исто имав проблем со кршливи и слаби нокти, но само еднаш пред многу години имам ставено гел, па сега не ми се јавија никакви болки од овој лак Овој е најделотворен, ама мој совет е да пробаш прво со некој друг од зацврстувачите на Евелин пред да им правиш третман со 8 во 1. Повеќето се со формалдехид, ама приметив еден што го нема во составот. Не знам дали беше тој за дијамантски сјај и цврстина или еден од тие што се 3 во 1. Разгледај ги уште еднаш па види точно кој беше. Вреди да пробаш, не се скапи, а сигурно ќе ти најдат примена ако ништо друго како завршен слој. Мене така дупло повеќе ми се продолжи трајноста на било кој лак.