Ана, од Авон пред некое време нарачав таков металик лак. Speed dry тип на лакче е и мене ептен ми се погоди. Претпоставувам уште си нарачуваш од Авон, па побарај го низ каталогот. Ако не ти се чека - трк во некоја парфимерија по лакот на Маybelline COLOR SHOW под бројче 100. Доколку не успееш да го најдеш, крајна опција која верувам дека е најдостапна - Golden Rose Paris #53.
И од Gabrini 3D лаковите имаше ваков повеќе милилтри е од She Bunny ,ама е по неквалитетен бројче незнам точно. Затоа од She Bunny да си земеш 37 ден 5,5 мил е малце скап за разлика од Gabrini кој е 12 мил. 40 ден ама и двтаа брзо се сушата па така види од Golde Rose да не има таква боја каква што бараш. А да јас имав Malena таков видиш ќе забораев број 26 супер беше лакот Е женски да не знате дали ги има овие во МКД.Mислам на марката не на видот на лакот . http://1-ps.googleusercontent.com/x/www ... e_2013.png Бидејќи сите познати јутуберки ги фалат па да ги пробаме и ние
Ана, navy blue лакче имаш и на Max Factor, јас гледав низ ДМ маркетиве, баш еднаш се мислев да го земам. Еве го, вака нијансата ми се чини во ред. Инаку, не знам дали досега ги имаш употребувано нивните лакчиња, ама да знаеш и квалитативно стојат прилично добро.
Женчиња ајде да ве прашам нешто, итно ми е. Значи сакам да ми кажете дали некоја од вас дома си користи гел лак, оној кој што стое по една недела најмногу, како е задоволна, дали се исплаќа да се купе, и од каде и колку пари е ув ламба за нокти. Јас цел живот ноктите си ги правам во салон со гел, ама веќе преку глава ми се сите шари и целото тоа тинтрање два саати, и пре би си купила и би инвестирала во овие гел лакови, или па ако не се добри, во гел, и ув ламбичка, и сама дома да си ги правам ноктите, и во сон можам да си ги направам сама ноктите. Мислам дека 3 години наназад ставам гел на ноктите, со кратки паузи колку демек да ги одморам ноктите, у година на пример 3 месеци нема да ставам само, ама не можам, веќе со сила одам, а само лак да ставам нема шанси, одма ми се брише и немам нерви ни да чекам да ми се исуши ни па на секој 2 ден да се лакирам, сакам подолготрајност. Дали некој има искуство и ако има, или па ако нарачува од интернет, да ме упатите? И пишете за ув ламбичката, не ја заборавајте неа.
Uv ламба нај ти се исплати да порачаш од алиекспрес или ибеј имаш за 15-20 евра а вака во мк ти даваат дупло поскапи а истите се. За гел лакови имаш и на ибеј гоолем избор само што не траат подолго од 2 недели не се толку квалитетни
Сега ми се многу мали ноктите па преферирам само еднобоен лак,да ги потпораснам и ќе комбинирам разни варијанти бидејќи тоа ми е омилено нешто.
Најзадоволна сум од ANNY лакчињата. Подобри ми се и од OPI, а и подобри нијанси имаат. 4-5 дена ми траат без никакво лупење, а после тоа почнува малку на врвот да ми се лупи, додека OPI за 2 дена веќе почнува да се лупи. База и топ ставам секогаш, исто од ANNY ми е, као 5 во еден + зацврстувач, плус калциум + кутикули итн... Друга позитивна работа е што лакчињата не се сушат, веќе 5-6 месеци ми е најстраиот и уште мука нема, а скоро и ми е потрошен, исто лакира како и првиот ден кога сум го купила, не е ни згустат ни ништо. Брзо се сушат, и боја оставаат како што изгледаат и со еден слој. Цената им е 640 денари во Космо.
Овој јас го имам за 40 денари супер е. Габрини 3Д е бројче 58 тука не знам зошто вака излегол на сликава не можев подобра да најдам,мене ми излегува со повеќе светки. Издржлив е и не се суши. Тоа е моја препорака за тие пари стварно вреди и јас не би давала за тие макс фактор пример 100+денари лак ко лак сите се исти(добро има исклучоци ). Ако сеуште ни си купила добро ако не сепак еве другпат може ќе го купиш иначе би требало да ги има во сите парфемирии јас ги купувам од кај мене во населба во парфимеријата.
Malena 16 или 47 бројче. 40 денари во сите парфимерии мислам ги има. И двете се убави nude нијанси само провери сепак која повеќе ти се допаѓа. И аура има убави имав аура една nude нијанса само кое бројче беше мислам 308 или 309 беше,само лаковите на аура се поскапи. Провери си ти која најмногу ти се допаѓа земи си ја.
^Леле мислев на разредувач за лак, а не растворувач Сега приметив, извинете што пишувам едно мислење под друго.