Јас да ги пофалам Gabrini 3D лаковите...за 35 ден сум премногу задоволна.. ми трае дури повеќе од лакови од 100 + ден дури и без top coat,брзо се суши,лесно се нанесува.. ја имам оваа nude нијанса со жолт подтон и дефинитивно ќе купам уште бои
Девојки ми треба баш иста ваква нијанса на лакче. Не е битно од кој бренд ке биде само да е доволно пигментирано, со еден два слоја да се постигне ваква боја. Имам едно на golden rose - selective ама мора три четири слоја да се нанесат за да се добие посакуваната боја. А лошото е што кога нанесувам повеќе слоја многу брзо ми се лупи лакот.
секаквиии хах дома имам 118 лаковиии у сите бои неможам ни сама да стигнам да се изналакирам со секој
^Си се пофали Него сакам да кажам дека многу негативно ме изненади трајноста на лаковите на maybelline Поточно овие: Го имам вториот од лево, преубава боја е ама се лупи многу брзо без разлика дали сум ставила основа или не..
Имам идентична нијанса, Oriflame Floral,ама го имам од пред една година, не знам дали уште го има во каталог. Вака делува потемно ама на нокт е баш како на твојата слика
Jaс колку што можам да видам нијансата е бледо розева не знам дали бараш нешто вакво но еве ти мој преглог . Јас го имам ова лакче и со еден слој се добива боја како на шишенцето а не па со два. Трајноста е просечна 3-4 дена. Цена 75 денари во Шатци (барем јас толку го купив), но сепак тука е цената до 100 денари. Maybelline Colorama 77
Смее ли лакирани нокти во училиште??? ...Се надевам а и сигурно не е можно некој да ви забрани да се лакирате...Но во училиште барем во основно несмеат лакирани нокти(доколку класниот ти забрани..)Ииии сега јас ве прашувам за охрабрување.Има ли лак кој би можела да го користам кој не би привлекол многу вимнаие..хахаха освен Безбојниот...
а овие лакови на China glaze некоја од вас ги има пробано? Добри ли се? Се мислам да го порачам овој,затоа
Се извинувам што пишувам пост под пост, но сакам да прашам за лаков на Флормар 392 бев во рамстор но го немаа и ми рече дека може и со месеци нема да го добијат дали го има во веро,некоја со сигурност да ми каже? И ако го нема воопшто, друга опција на ист ваков лак?
Според тоа што најпознатите јутуберки ги користат сигурно се одлични,како што гледам јутуберките се задоволни па пробај,ама и течни се како што знам,а тоа е одлично за Воден мермер
Моите најнови лакчиња , Флормар 420 и Голден Роуз 166. Го барав тој на флормар 392, но никаде го немаше за жал
Презадоволна сум од лаковите на Малена. Ги користам најчесто бр.4 и бр.17. Со два слоја се добив убава боја, а траат и по недела дена. Јас не користам ништо ни под ни над лакот