Видов во парфимерија Џоана во Кисела Вода,крем беа,исти исти. Ваква парфимерија има и во нас. Драчево,ако на некој повеќе му одговара таму.
Девојки да ми кажете некој лак против кршливост и лупење на ноктите? Ги грицкав цело време и сега некако се одвикнувам, ама па многу ми се меки , ми се виткаат, ми се кршат
Лина, јас ти препорачувам од flormar calcium gel, читав на нет дека ја нема супстанцата формалдехид а и помага на повеќето ,јас го имав на евелин ама поради супстанцата се откажав од него, а од аура не сум задоволна го мам ама не приметувам некоја разлика
Еве бидејќи ги преферирам лаковите на china glaze имам неколку лакови такви што ми паднале в око ама сакам вакви да си купам ... само некако неможам да ги најдам,ама ке ги најдам на крај нем да ми избегаат
China glaze ги има на ибеј за алиекспрес не сум проверила, ако/можеш да порачаш супер јас еве вчера порачав еден
Кортисаки ај те молам кажими каква супстанца е тоа? затоа што јас го купив тој на есенс пред 2-3 недели па задоволна сум,шо знам.. :Ѕ
^ Формалдехидот, за него прашуваш? Реагира кај луѓе со алергија и осетлива кожа. Пример, откако ќе ставиш од лакот што го содржи формалдехидот, можно е да имаш реакција на нивно болење, пецкање, и слично.
^ Фала анабел-а без причина сум се грижела,нема такви ефекти кај мене туку напротив многу ми се зајакнаа ноктите.
Тоа е канцерогена супстанца, ја има во повеќето зацврстувачи, и да ти кажам многу ме пецкаа ноктите дури мислев и зглобовите ме болеа, болкава пола саат дури траеше , и веќе неможев да трпам и ете така си стои шишето. Сега може мала количина не смета ама бидејќи прочитав што болести може да предизвика се испоплашив
^^ Леле, дај не ме плашете 3-4 месеци континуирано секој ден ставав. Белки не е ништо, м? Ќе земам сега сите ќе ги исфрлам.
Види,штом ги продаваат ,не верувам да е толку страшно, можеби толку мала количина не смета, но јас имав голема болка и затоа и престанав да нанесувам
senza.parole мила, Formaldehidot e гадна ствар,само ние жените од пусто улепжавање понекогаш не сакаме да сватиме колку само е побитно здравјето од сите тие тракатанци и сл. со извиње измишљотини од ШминкИ (и јас спаќам тука) иако можам да кажам дека успеав колку толку да ги сменам барем дел и да ги намалам иако сум сеуште зависна од лак и ќе ми треба доста време за да го тргнам од мојата листа како штетен производ зошто навистина е. Надвор дури може да се најде зацврстувач на кој што пишува со големи букви формалдехид Фри е сега поентата е колку стварно ги зацврстува ноктите. Јас исто се зезнав со овој на Евелин ама од пусто брзање не ни видов што пишува, среќа ја зачував сметката и го заменив во Дм. Според мене побитно е да не го употребувам и подобро да имам кршливи нокти отколку да закачам канцер. Но на многумина побитна и им е надворешната лепота отколку здравјето. И не се согласувам со Користаки која вели чим се продава значи не е опасно Чинам така пиша погоре,несакм да ја навредам ниту неа ниту пак било која друга-само би рекла дали е тоа правилен и начин да се помириме со фактот де формалдехидот е КанцерогеН,да замижиме и да прдолжиме да го користиме?! Од 2-3 пати ставање нема да ни биде ништо но ако често го користиме а нажалост го има и во др. средтва како средства за дезинфекција,храна,шминка дури и во облека која не се гужва нажалост. Можеме само свесно да се трудиме да го исфрлиме колку можеме и ноктите да ги зацврстиме преку јаткасти овошја и те како помага, уместо 100 ден за Евелин зацврстувач подобро пивски квасец или комплекс на Б витамини, и разни други проверени суплементи за нокти коса . И да не бидам офф топик понатака само ќе ставам во спојлер што е Формалдехид Спојлер http://hr.wikipedia.org/wiki/Formaldehid Само за крај,ова го напишав чисто ради позитивни цели. Не ми бече намерата да се карам ако некој воопшто така ме сватил
Секогаш пред да почнам да се лакирам си правам план и како и со кои лакови да се налакирам..но кога ќе ги видам сите бои едноставно ми доаѓа да играм со лаковите
Мама, знам дека е опасен, тоа и пишав погоре за формалдехидот, прочитав дека може да се добие леукемија,рак итн и се испоплашив. И плус ме болеа многу ноктите од него, па реков не ставам па колку нека се меки ноктите. Само ете неможам да сватам иако е многу опасен зашто овие зацврстувачи мора да ги продаваат...среќа што мене од надградба ми се меки ноктите па ќе се обноват за 6 месеци и ке си се вратат во нормала,многу убави нокти имав а и брзо ми растеа ама ете еднаш ќе се зезнеш.
^^ И сега јас што го користев често ? Додуша, можеби и во обични лакови го има и претходно да имам ставано, ама кој да примети. Во овие гелни нокти што се прават со нив, може да се сретне гадотијава ?
Немој веќе да ставаш подобро премачкувај ги со маслиново масло,барем за ова е сигурно дека нема нешто штетно внатре. Инаку ако имаш меки нокти немој да ставаш гелни, уште толку ќе ти се упропастат ноктите,јас никогаш немав проблем со ноктиве ,а сега проблем си направив со геловиве,и освен што се меки мислам дека не ни растат како што порано растеа :-\ а инаку мислам дека и во геловиве ја има супстанцијава а освен тоа со геловите на ноктот не дише што се вика и затоа можеби омекнуваат,се лупат итн
Ги фрлив сите од Eveline уште вчера, околу 10-тина беа. Пораснати ми се ноктиве и убави, ама кај и да е ќе почнат да ми се кршат. Ама крај, готово не им се замарам веќе, ќе ги исечам скроз ич нема да ми чуе.