Па како за 30 денари добри се. Мене не ми се сушат брзо, имам еден од ноември ми е и уште не е исушен, само потрошен е скоро. А за лупење па негде 3-4 дена издржуваат. Мене ми се топ.
Вчера си го купив првиот лак. Пацифик 128, мислам беше, ме мрзи да проверам, боја-како течна пудра да имам на ноктите. Не планирам да купам многу, најмногу 10, некои нежни бои и некои посилни-темно виолетова, црна, тегет, итн...
^Поубаво купувај лакови на Golden Rose, поквалитетни се по 50 денари, а во тоа Golden Rose кај рекорд е 1 60, а 2 100 Јас си ја зголемив мојата колекција на лакови сега имам 17 во скоро сите бои, но ги оставам шарените бои за следното лето, сега ќе се лакирам крем, црвен, црн, френч..
Тој лак ми е прв. Не знам бе јас да ги средам ноктите. Зошто да потрошам добар лак? Додека да го потрошам овој, ќе се научам, сигурно, а ич не ми оди добро. 4 слоја имам на ноктите. Се обидував да ги средам демек. После ќе следат тие подобрите, поквалитетните, па и некоја слика, да се фалам. Инаку, благодарам.
Eх како се нервирам,многу брзо ми се лупи лакот,секој ден или секој втор-нов ставам пробав и со top coat џоа ке ги држи повеке време така ама не.... Cе чудам како на некои им држел лакот 2 недели
случајно некој да не видел ваков тип на лак? и јас прв пат го гледам сега,не сум видела вакво нешто,али ептен ми е фанки
Тоа се налепници за целиот нокт, слични се на кујнската алуминиумска фолија. Се наоѓаат слични металик лакови за нокти, но баш така мазно и сјајно само со лак не може да се постигне.
Јас мислам повеќе пати сум спомнала, за мене најквалитетни се дефинитивно лаковите на МаксФактор - nailfinity. Многу брзо се сушат после нанесување, не се лупат, долго траат, висок сјај, и со еден слој покриваат многу. Да, скапи се, но се исплати лакот. Еве јас црвениот кој го имам веќе година ми трае. Море и повеќе - скоро две години, и ниту е исушен, ниту е потрошен Не, навистина вреди! Ова другово од поевтините марки, ок се, се мачам, треба да нанесувам повеќе пати. Но не можат да се рамнат со МаксФактор. Сериозно - колку пари, толку музика.
Имам милион лакови ,стално се лакирам сега тренд ми е да се лакирам со овие новиве лакови на голден роуз графити ептен ми се допаѓаат
Не ме бендисуваат лакови во 300 бои. Имам само бел (млечен), црн и безбоен. Немам храброст за да ставам некоја жолта, љиљакова, плава боја, а и не ми изгледа убаво. И црвениот стои убаво, но не на сите. Сега не знам како да го опишам тоа, ама кога ќе видам знам . Има некои прсти на кои не му стои .. ма што пишам само кога не знам да кажам како. И прво што го забележувам кај секоја жена и/или девојка се средена коса и негувани раце, со нокти на кои им е обрнато внимание. Некако тоа ми зборува за личноста каква е, а и од досегашното искуство се покажало дека е вистинито .
Се мислев кај да пишам па одлучив тука. Мене сликичките со печатите некогаш испагаат некогаш не, ама јас и открив финтата. Треба да ставите згуснат лак, гледав оние оргинаните Конад се густи и поубаво испаѓа. После ќе ставам слика да ги видите. И сакав да прашам дали имате користено лакови на Ревлон. Највеќе за овој ме интересира
Pacific користам најмногу ама ме интересира дали кај нас некаде може да се најдат China glaze лакови?
Налепници во Џамбо има, но тие јас што ги гледав не се вакви како фолија. Инаку ми се чини дека беа 80 денари, но не ме држи за збор, одамна немам отидено. Башка мислам дека имаше само 10 т.е. за една употреба што воопшто не е исплатливо за 80 денари.