Senza.parole мила,моите нокти се кршливи,никакви...ама секогаш ми се зајакнуваат од следново. Ставам топла вода и лимон во неа,ги држам 15 мин. во водата и прекрасни ми се нежни(се поправив).Некогаш на крај им ставам маслиново масло или крема од невен и толку,поубави нокти здравје. Не користам никакви препарати за нокти.
Essie Rock Solid база лак кој за мене е совршен и кој има шанса од надвор да си го набави нема да згреши.Знам дека најблиску го има во Белград. За мене ова е надобриот базен лак кој сум го пробала. Го купив лани сосема случајно во хрватскиот Дм и тоа само поради тоа што не содржи Toluen, Formaldehid ни DBP. Но и покрај тоа ептен добро ги зацврстува ноктите и ги припрема како подлога,поготово за потемниве лакови. Ноктиве ми се зацврстија ептен и сега ми е при крај и до летоска ке си немам мака ми е ептен мислам как нас нама лакови на Essie или грешам? Значи ептен е добар,освен што зацврстува не прави ни меурчиња,не пука не се кине и не ја менува воопшто рекстурата до крај,за разлика од доста базни лакови кои при крај ја менуваат структурата и се згуснуваат. Знам дека senza.parole често патува ван Мк па набави си го прва прилика ако те бендисува
Која цена е во Хрватска? Го најдов на ибеј па која сака може да порача http://www.ebay.com/itm/1-essie-rock-so ... 2579e16afd
Која цена се OPI лаковите кај нас? Да знам дали да барам од парфимерија или повеќе се исплаќа да порачам од нет. Ако не е драстична разлика не ми се чека. Ако некој знае нека ми каже, ми треба што побрзо. И дали го има овој, зашто конкретно тој го барам? Ми треба значи : tickle my france-y
Кортисаки сега гледам на e-bay за жал исто излегува да порачаш, па дури и поскапо од некои продавачи. Претежно најефтиниот пак фаќа 700ден, така да од тука ќе купам. Освен некоја друга страница за порачување каде би можело поефтино, ама не верувам Јас го купив кога бев во Америка и не се ни сеќавам, ама исушен и потрошен е, а нема поубава nude нијанса, барем за мене. Ќе излезам после да барам и ќе ви кажам која цена сум го купила, ако ја најдам нијансата.
^^ koristaki Во Загреб купував доста работи одеднаш и колку ме држи сеќавање не беше повеќе од 320/370 (претворено во денари) карина8 tickle my france-y го гледав во Космо (кај ул. Македонија) пред месец дена.
Многу убава боја си најдов за зимава, некоја бордо виолетова. Golden rose maxi brush бр. 28 Зависи од светлото излегува нешто помеѓу овие две. Сега барам нешто посмирено кафеавкасто-сиво. Предлог лак и бројче за ваква нијанса?
Ќе ме избркате од темава веќе, ама Giovanna пробај го овој на Авон. Баш е таков кафено- сив, нешто измеѓу, како што бараш ти. Nocturnal се вика нијансата.
Истава нијанса ја има и на Флормар, т.е има две слични и јас и двете ги имам, солидни се за парите(100 денари) Нијанси 427 и 428 428 е повеќе на кафено, 427 малку на прљаво розе мава,сивкаста не знам како да ја наречам посветла е, ама истиот ефект го има, на нокти не се прави разлика меѓу нив голема. Истава боја ја имав јас порано на Карло ди Рома, тоа беа екстра лакови за 100тина денари, ама штета не ги има кај нас веќе и не се произведуваат мислам воопшто.
Добра е нијансата Карина, ама сакам некоја што можам утре-задутре да ја купам. Овие од каталози страшно се нервирам кога ги чекам. Ете сега видов да се редактирам, баш мислев да видам и кај Флормар, супер лакови имаат, само некоја нијанса испробана ме интересираше пред да купам. Фала и на двете за предлозите.
Тогаш може да си ја земеш нијансата од Флормар што ја предложи Хипстер. И мене ми фати мерак оваа нијанса 427, ахх.. Хипстер да си жива и здрава, ова барем не треба да се чека да стигне како од Авон. Ама фина боја е и можеш веднаш да ја набавиш од штандовите на Флормар. Еве како стои на нокти.
Баш сега и јас ја гуглав, ептен е како што сакам. Фала ви девојки ептен сте фини и услужни, само не е добра идеја да се посетува форумов на крај на месец исто како што темите за храна се лоша идеја во 4 сабајле Како и да е утре одам и се подновувам со 1-2 лакчиња, за тоа фала богу има
Карина тоа лакчето од ОПИ што го бараше го имаш во Космо, јас не издржав морав да го купам 680 денари се, а нијансата е nude во вистинска смисла на зборот! Преубава боја.