Девојки ај препрачајте ми лакче како ова исто по боја само да е на Голден Роуз или Малена Фала ви однапред. Неможам моментално да порачам од Авон,затоа барам замена
Веќе 1-2 го имам поставено во темава, но најверојатно не си видела. Maybelline Colorama бројче 77 Спојлер
И јас денес си го купив Преубаво е, совршена nude нијанса. СОВРШЕНА Фала, Карина Инаку, неодамна открив уште едни квалитетни лакчиња, Rimmel Salon Pro. Супер голема четка имаат, во еден потег се нанесуваат и со само еден слој бојата е иста како во шишенцето. Трајност - 4 дена без проблем. Цена - 170-тина денари во Космо
Ана Банана Deborah Cashmere Cream бројче 10. Спојлер Essence Nude Glam Iced Latte 04 Спојлер А можеш од истите лакови и 3ката, котон кенди. Ако сакаш посветол rimmel lasting finish pro - 305 pink bliss Спојлер едит: Мило ми е што ти се допаднал Сексибејби Абе вие во мој укус ли сумњате Ама стварно е најдобрата nude нијанса што ја имам користено, само си ги гледам ноктите кога ми се со него налакирани, како ретардирана сум.
Јас морам да го пофалам Ruby Slippers од Авон, лакот е прекрасен, два дена не можам да престанам да си ги гледам ноктите
Здраво девојки, јас имам огромен проблем со ноктите, кршливи се но повеќе ми смета тоа што се листаат... Ама буквално, слоевите се вадат еден по еден, па би била благодарна ако ми препорачате некој лак за зацврстување, освен оние на Eveline...
Oди на МЕКИ НОКТИ темата telo/meki-nokti-t8430/120.html?hilit=%D0%9C%D0%B5%D0%BA%D0%B8%20%D0%BD%D0%BE%D0%BA%D1%82%D0%B8#p1959571 Има посебна тема за тоа можеш слободно да читаш!
Абе вие не сте здрави. 680 денари за лак за нокти??? Толку ми е лудо, што дури нема ни што друго да смислам што би требало да прави еден лак за да ја има таа цена... Сериозно уште се мислам... се вратив да се допишам и гледам 5 лајка... си викам да не не сум јас со сите. Ама да ми опростите, лак за нокти е лак за нокти. Ако ми дадете аргумент дека нема нездрави состојки, сакам да ве прашам кога последен пат се најадовте фастфуд или нешто слично? Е така! Луди жени бе... 650 денари за лак! Му кажувам на другар, ми вика подобро капачето да му е вибратор, до тогаш за мене сте сите нездрави!
^ Зборев на телефон со другарка и Петко го слуша муабетот за лаковиве, кога завршив ме праша само: Да не планираш да се будалиш и со таков лак, кажи да знам дали со време да те остаам? Не, стварно сте збеснале, за мене лак е многу проста работа и тој од 600 денари ќе ми се излупи и овие моиве од по 30 исто така, можда тој првиот ќе потрае ден два поише, ама па до 20 пути колку што е поскап тешко дека ќе истера. И да, кога слушнав дека ќе ги носат кај нас се чудев кој ќе ги купува но ете сте на Фемина сте биле .
Само ако ве видам на темиве во политика дека не се живеело убаво во МК. Шала на страна, кој има нека си дава пари на вакви дрангулии, јас само ќе кажам дека и милиони да имам 700 денари за лак нема да дадам ни под разно. Па гелни нокти ме чинат поефтино а ќе ги носам цел месец. А и верен купувач на Малена лаковите сум и сум презадоволна, не ги менувам за ништо. Ем 40 денари ме чинат само, имаат прекрасни нијанси и плус се не лупи лакот за 2-3 дена. За тие пари наместо еден ќе си купам повеќе од 12 нијанси и подобра инвестиција ќе ми е.
Се извинувам за оф топик ама морам.... Додека ја скролав надолу сликата имав чувство дека минуваат месеци и дека дојде лето.... а кога видов дека на нареден коментар е цитирана истата мислев дека остарев ролајќи уште пола саат надолу Не би било лошо да постирате малку помали слики...
Revlon Nail Enamel in 'Plum Attraction. И Miss Sporty Lasting Colour in 'Black Tie', ама не можам да најдам слика. Ако сакаш не чисто лила, ами нешто измешано накај бургундец. Rimmel 60 seconds Deliciously_Dark Спојлер
Римел имаат ваква нијанса на лакче, нема бројче, единствена е боичката. Со макси четка е, башка и загарантиран квалитет имаш, кај мене се покажаа како доста трајни.
Анабела само што го напишав Римел ми се појави одоздола твоето мислење? За кој од Римел збориш? Ако мислиш за овие 60 seconds јас што го ставив мене ич не ми се трајни, затоа ме збуни дали збориш за истите лакови или имаат Римел некоја нова подобрена варијанта?