Koристам Малена и Голден Роуз лакови и ептен ми се погодени и во цена и во се друго. А и добро е тоа што остануваат и до една недела без да се излупат
Почнав да ги користам лаковиве и за нивната цена сум прилично задоволна. Со два слоја се добива идентична боја како на шишенцето. И конфетиве се интересни за декорирање.
Морам да го пофалам лакчево Essence 02 Baby, you`re a firework Розево е, светкаво е, преубав сјај има на сонце, солидно трае, се на се - супер е
вчера си го купив синото на голедн розе морам да кажам дека за габе фрнени пари ...многу светло по 100 слоја треба да ставиш за да се познава и плус е мат ситуација ...позитивата е само дека брзо се сушсхи ...ама ништо не се прави кое не не моше да се направи со тенка четкица ...прецизност подобра !!
Во последно време сум заљубена во лаковите на Лореал, имаат преубави бои,денес си го земав синиот на сликата , ама не е баш евтин за 5 мл. - 4,50 евра како и да е и така не ги трошам брзо лаковите па не е важно морам да си земам и др бои од лаковиве
Кои лакчиња се добро пигментирани и со еден слој се добива добра нијанса? Да не се поскапи од 200.. На Малена некои лакови им се предобри, густи, додека некои се како да сум се шлапала со водени боички. Немам користено на Аура, Римел и Есенс, како стојат тие?
На Аура кој-како. Имав еден темно син и беше супер, а еден розев и по 3 слоја не беше како што треба. На Есенс се малце погусти и затоа доволен е и еден слој. Од поевтините на Пацифик ми се нај ок, трет ден пројде и уште не ми се излупија никаде, али ставив три слоја.
Јас имам еден куп лакови од Габрини и Рапсоди, боја се добива со еден слој не е потребно повеќе. Бојата испаѓа иста како во шишенцето. Ги собирам со години, ниту еден ми се нема исушено. Цената им е 40, 50 ден.
Лаковите како габрини, рапсоди, пацифик, малена купувајте си ги на пазар, поевтини ви се таму, посебно ако земеш повеќе, па ќе се исценкаш
Да се самоцитирам, синиов лак ми стои веќе 5 дена и нема ни малку излупено ова ми е досега најиздржливиот лак сега сакам да си земам и др боички