1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ламинат, паркет, бродски под или...?

Дискусија во 'Дом' започната од didush, 14 август 2012.

  1. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    Планираме да реновираме дома па би сакала да ве прашам за совет...што е подобро ?
     
  2. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Ламинат,Паркет,Бродски под или...???

    ^^^Mое мислење е дека паркетот е најдобро решение.
    Ламинатот веднаш би го елиминирала.Не е природен материјал. Да, поефтин е, но сепак под не се менува секоја година.Јас кога би инвестирала, би инвестирала во нешто квалитетно и од природен материјал.
    А за бродскиот под...го имам дома две години.И изгледа страшно руинирано.Како секој ден журки по дома да сум правела.А , баш го пазам :D
    Можеби е до квалитетот, макар што воопшто не беше ефтин...
    Како и да е, мене класичен паркет ми е закон
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Ламинат,Паркет,Бродски под или...???

    Ние дома имаме ламинат и плочки. Ламинатот што ни е дома е квалитетен и има многу убав сјај. Но, мое мислење е дека топлината која ја дава паркетот не може ништо друго да ја замени. Особено ако е убаво нареден и професионално излакиран. Кај моите дома кога последно го реновираа паркетот кој е инаку дабов, требаше 20 дена, и неколку повеќе тима од мајстори и различни машини за на крај да биде буквално како огледало. Дома кај нив не се стапнуваше во тој период и станот беше со нон стоп затворени прозори.

    Но, со паркетот треба внимавање, ако сакаш да е добар треба квалитетен да биде и да го наместат професионалци. Нус резултат на неквалитетен паркет и неубаво нареден паркет е крцкав одделен и релативно брзо изгребан паркет.

    Ламинатот од друга страна брзо се реди, не се лакира, лесен е за одржување, отпорен е на гребаници но и тој треба убаво да се намести во спротивно пак ќе почне да крцка и може да се надигне кај спојките, и исто така треба да има одреден квалитет за да се покаже добро на долгорочна патека. Ламинатот го одржувам со Ердал средството за ламинат кое го штити од појава на изразено искажување на спојките.

    Се си има добра и лоша страна како и секогаш. На пример, паркетот е греота да го корнеш после одреден број години нели се престругува и прелакира. Но, за тие пари ламинатот ќе го извадиш и ќе ставиш нов, ама па топлоната која ја дава паркетот не се заменува од онаа на ламинатот. Не знам, останува ова како личен избор и прашање на вкус. Но, ако сакате вистински врвен паркет од висока класа, тој е и те како поскап од ламинатот.

    Со бродски под немам искуство но некако повеќе ми е за на викендички и бродови :D
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Ламинат,Паркет,Бродски под или...???

    Јас во куќава имам паркет а во 2-та стана ламинат. Ламинатот е по практичен брзо се реди и полесен е за чистење и одржување :)
    Нас паркетов ни го местеа мајстори , зашто сами неможевме, комплицирано е и многу треба да се пази , па ако сакаш паркет треба да си платиш и за мајстори ако сакаш да ти биде перфектно наместен, иначе ке имаш проблеми :!: :!: :!:
    Па твое е да одлучиш. За бродскиот под незнам ништо, немам нигде ставено . Па по мое многу е практичен ламинатот :) ;)
     
  5. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Ламинат,Паркет,Бродски под или...???

    ламинат и плочки ние имаме и е лесен за одражување и квалитетт е нашиот вејке е 4-5 години....
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ламинат не доаѓа предвид. Прво многу студено ми делува, второ не е природен материјал.
    Можеби е полесен за одржување, само пребриши и готово, ама јас сакам топлина. Дури и плочки би ставила само каде што е неопходно. Во овој случај, паркетот ми е најдобар избор.
    А бродски под имаме во викендичката на планина. И некако за тој тип на градба, ваков под најмногу одговара. Се вклопува со целиот ентериер.
     
  7. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.312
    Допаѓања:
    28.862
    Пол:
    Женски
    Ти предлагам ламинат, брзо се става и поефтин е.. ;)
     
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.764
    Допаѓања:
    99.705
    Пол:
    Женски
    Имам и ламинат и паркет и бродски под во куќава... :D Шаренило на сите страни,а богами и искуство.Ламинатот е полесен за чистење,ама нема топлина,паркетот е одличен,особено ако е добро иструган и излакиран.Сега има нели и разни видови на паркет и потемни и посветли,од бамбус и други чудеса.Е бродскиот под е најспецифичен за одржување, најмала гребнатинка се чувствува а од друга страна е најтопол.Дали заради стиропорот што го стававме одоздола не знам.Кога би имала пари би ставила секаде паркет ,тоа е мојот избор.
     
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.847
    Допаѓања:
    122.889
    Ние ептен се мислевме,и на крај одбравме ламинат.
    Зедовме со дебелина иста како паркет,па и цената му дојде тука некаде.Сепак,има разлика и од ламинат до ламинат.
    Многу е полесен за одржување,а паркетот треба многу да го пазиш.Мајка ми го стругаше и лакираше 2 пати ,сакаше да и свети :lol: ,ама затоа нон стоп викаше по нас,несмееш ништо да поместиш(недај боже со штикли да влезеш) :lol: ,Трета светска војна.
    Лесно се мести ,ни рекоа за 100квадрати,за ден,ден и пол максимум ќе ни го наместат.
     
    На Kaffe му/ѝ се допаѓа ова.
  10. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.384
    Допаѓања:
    9.314
    Пол:
    Женски
    Да, да ламинат е најдобро по мој вкус и ние дома имаме, и побрзо се чисти.
    Мој предлог Ламинат. :)
     
  11. minnie.m

    minnie.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    372
    Најлесно за одржување е плочки. Кај нас се гранитни во дневна, нема потреба од пазење ни за гребење ни истурање па и поплава:lol:. Ама си бара добро греење, ладно држи. А паркетон по другине соби за некоја година лом се направи, така да не би ги менувала плочкиве. А и многу е почисто ( со доместос слободно може да се чисти ) и помодерно е секако.
     
    На Bufi и toogood им се допаѓа ова.
  12. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.325
    Imam dva vida na laminat doma.
    Na dolniot sprat e nov, se razbira e pokvaliteten zosto e i od najnoviot na pazarot. Pod nego stavivme drycore (izolacija od ladno, vlaga ako nastane po nekoja pricina).Eve kako izgleda drycore.
    [​IMG]Se redi isto kako laminat.[​IMG]
    se redi direkno na beton.Cenata e isto kako laminatot po kvadraten metar.Odozgora ne treba da se stava stiropor. Samo drycor e dovolno.
    Na gorniot kat imam isto laminat no e postar kvalitet.Go kupivme so garancija na 7god. no seuste posle 10,5god e ok mada razmisluvam da se smeni.
    Zamenata bi ja napravila isto za laminat.Pricina:mm go redi laminatot i plus kukata e mnogu golema i toa bi cinelo premnogu.
    Za izgled: najubavo visoko lakiran parket.
     
  13. Bufi

    Bufi Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    647
    Spored mene za izgled najubav e parketot, no za odrzuvanje plockite mi se polesni i podobri! Laminatot mi e nekoja sredina i sepak ne izgleda loso!
     
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Паркетот е естетски незаменлив избор на под во домот, особено ако е добро обработен. Малку е потежок за одржување, но со редовна грижа се стекнува рутина. Ламинатот е полесен за чистење, но нема некоја топлина во однос на паркетот. Со бродски под немам искуство и не можам да коментирам.
     
    На evangelina.ina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Имам патос во салонот и според мене ниедно решение не е подобро за топлина во домот.
    Поставен е некаде пред 20-тина години и годинава е втор пат како го стругав и лакирав.
    Да се огледаш на него, меѓутоа текстурата му е помека од останатите подови и секоја гребнатинка се познава.:( Најдобро решение според мене е паркетот, ем е најдолготран ем потешко се оштетува.
    За ламинат и за плочки не сакам да слушнам, некако студено е кога се на подот посебно на површина каде што секојдневно се престојува.
     
  16. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    17.987
    Пол:
    Женски
    Ламинат ставивме со надеж дека ке свети подот и се лесно ќе се чисти-останав години роб на подот.Секое паднато влакно се гледа од авион,влажни стапалки од чорапи ,лудница само да чистиш со крпата в раце..Паркет сеуште имаме под ламинат и само се надевам дека ќе го откорнам ламинатот,ќе си го истружам и лакирам и ќе уживам во сјајот и топлината на вистинско дрво.Со бродски под немам искуство..
     
  17. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Имам паркет и сум задоволна, не се познава ништо, дури ни прашина и лесно се чисти, само со вода.
     
    На AngIv му/ѝ се допаѓа ова.
  18. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Парќетот е најдобра опција. Само е битно да биде убаво наместен, за да не се раскрцка за 2 год. Јас имав паркет во стан што го изнајнував и толку убаво, со модерен дизајн беше наместен што се чудев дали е паркет или е некоја имитациција да личи на паркет. Никаде не крцкаше и немаше празен процеп. Ја прашав газдарицата на станот што е и кога ми кажа дека е паркет, реков алал да му е на тој што го редел и полирал! Посовршено не можел да го направи.
     
  19. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Паркет за во собите, плочки за во ходник.
     
    На Sun_moon_87 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mile Miloseski

    Mile Miloseski Нов член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    А дали некој поставувал ламинат на тврдо пресуван стиропор
     
    На Tory му/ѝ се допаѓа ова.