Дали ламинатот може да се излакира? Нашиов е на потемна боја, но многуу се познава. Како воопшто да не го бришиш..
Паркет и бродски под се сосема различни на изглед па и на квалитет.. На комшиите до нас цел им се уништи од не многу голема поплава.. цел го исфрлија.. Знаејќи го составот на ламинатот искрено не би ставила јас ламинат Мене ми имаат речено дека не може..т.е технички ти можеш да го излакираш ама ќе испука, нема на што да држи баш лакот - мазна е површината на ламинатот за разлика од струган паркет или бродски под на кој се нанесува лак
Laminat nemoze da se lakira,a i samata cena ti kazuva so koj kvalitet e ima os 300 den do nekoj si 1000den,sto smees da go odrzuvas so voda.toa e presuvana hartija i ne e izdrzlivo. Eden radijator da popusti otide cel laminat. Cesma da pukne pak imas problem... Sto ne e slucaj so drvoto(parket,patos ili brotski pod)bi go smenil samo osteteniot del,a kaj laminatot toa ne e mozno. I ja ne bi laminat.e
Кое е најквалитетно дрво за паркет (буков, храстов..)? И за во детски соби, подобро е паркет или ламинат?
Храстов е најквалитетен. И најубав според мене на изглед, но најскап. Меѓу паркет и ламинат, за сите соби-паркет дефинитивно.
Паркетот страда при поплава во стан, ламинат не! Паркетот ке се подигне и после имаш куп работа ,вадење сушење поново местење лакирање 1,2. Околу проблемот со ламинат и вода,земи помало парче ламинат потопи го во вода цел ден па го извади и кажи дали има некаква промена на него?
Се мести подното греење како црева во концентрични кругови, над нив се става тенок слој на бетон за да ги покрие и израмни целата површина, а потоа ее редат плочки стандардно.
@ALISA0000 на топлинска пумпа, на котел на струја/дрва/пелети. @Lima24 во зависност од изворот на топлина. За подното греење водата што кружи низ цевките не треба да е повисока од 35°С мислам (не ме држи за збор точно, околу 30 беше), што значи дека не изворот на топлина му треба помала потрошувачка за да ја загрее водата на таа температура, отколку на конвенционално парно со панели и радијатори, каде водата треба да е барем 60°С. Најголема улога во потрошувачката игра изолацијата на живеалишето. Ако имаш убава изолација, вреди да се инвестира на пр во топлинска пумпа (која е двојно поскапа од котел на струја/дрва/пелети), бидејќи сметките за струја ќе бидат минимални.
Кошта многу, ама реално ако си во можност да вложиш, за 3 години се враќа инвестицијата. Ние планиравме да местиме подно греење со топлинска преку кредитите за енергетска ефикасност (со 20% поврат на средствата), ама човекот што ни го местеше парното ни е близок и ни рече дека нема да ни се исплати влогот, бидејќи изолација на куќата со стиропор немаме, само дебели ѕидови и рече џабе е да инвестирате во топлинска, кога сметките ќе ви идат исти како со котел на струја/пелети. Така што, ако некој е во план да мести топлинска, нека го има и тоа во предвид. Што се однесува до темата, сѐ си има свои предности и маани. Дрво си е дрво, мислам дека сега најдобро е ако си во можност да инвестираш во таркет. А за ламинатот, има ламинат од 300-3000 денари квадрат. Поскапиот не е пресована хартија, туку над 95% струготини од дрво. Во лав комерц и quick step (сигурно и на други места) ламинатот има 30 години гаранција и е водоотпорен.
@IRBBB ние ставивме подно од оние обичните со жици и навистина е пријатно на нозете топло, ова го ставивме бидејќи имаме проблем со мувла на ѕидовите откако ставивме ПВЦ, сабајле го уклучувам и навечер го гасам, се надевам ќе се реши проблемот со ова. Понатаму планираме да ставиме мермер ама само на мермер ќе биде ладно, па затоа прашав дали е изводливо ова.
Тоа е друго подно со жиците. За под керамички плочки ви требаат црева во кои што ќе циркулира вода, па над нив бетон (кошулица), па тек плочки. Обично тоа се прави пред да се направи целиот под, не се исплаќа да корниш паркет на пример ако е во добра состојба за да местиш подно греење, што секако не се исклучува ни таа можност ако сака некој. Ме интересира дали е топло во собата со тоа подно со жици што го имате наместено? Не само на нозете, општо амбиенталната температура како е?
Кога е уклучено од сабајле некаде кај 8ч, после 5,6 саати можеш да седиш без дополнително греење, пријатно е топло е, нашето подно е мало ама и собата е мала па затоа можеби се топли. Јас како шо кажав го ставивме надевајќи се дека така ќе одржува некоја температура во собата и нема да се појавува мувла/влага. Инаку се грееме со панелка ама многу троши, ако е уклучена цел ден кај ни е крајот со сметката за струја.
Здравоо би сакала совет, сакаме подни ( топли) плочки , но се мислиме за нијансата, кои би биле полесни за одржување, некаде читав требало некои да се полират.. Дали да се со сјај, мат? Ваши искуства,мислења?