Ние имаме паркет на цел спрат, во ходникот го извадивме и ставивме плочки. Понатаму или ке го извадеме целосно паркетот и ке залепиме плочки, или врз паркетот ке ставеме ламинат. Паркетот можеби дава повеке топлина но на изглед никогаш не ми се допагал.
Воопшто не се согласувам со тебе дека ламинатот има поубав изглед од висококвалитетен паркет. Сега има толку различни ширини на летвичките што нема ни да приметиш дека не е ламинат туку е паркет.. Не е старомодното редење рибина коска на паркетот, туку скоро речи како и ламинатот.. Ама тоа ако си спремна да издвоиш 2000+ денари за м2 Плочките се одлични само ако ставаш подно под нив или каде што нон стоп се гази со чевли па полесно е со џогер да се помине..
Со паркет си ограничен на боја,тој е жолта во 100 нијанси. Исто така и кај ламинат имаш за 350ден м2 и за 2000 ден боли глава.
Еве ти бразилски орев Еве дабов.. Јасенов паркет Дури и обичниот дабов паркет може да добие сосема друга боја ако сакаш.. А имаш опции и трослоен, тој е поефтин.. Или пак за поегзотичен... 100+ евра за квардат
Ако се изгребе тој од 2000ден,баш глава ќе боли. Додека кај паркетот се обновува кога ќе посакаш. Ова е паркет не ламинат
Кога паркетот ке изгледа вака, можеби ке се предомислам да ставам пак паркет. Не велам дека на сликите погоре што ги постиравте од паркетот е лош и не чини, мене лично не ми се допага, во прашање е само личен вкус. Јас обожавам светол под кој што ке го отвара просторот и полесно ке се вклопува со мебелот. Под кој што ке изгледа како една целина, каде што нема секоја летвичка да биде оцртана.
Тој од 2000 ден ламинат слабо го гребеш,имат секаква обработка. А и да се изгребе има решение и за тоа Јас веќе сум на ламинат 20+ години и спие другар а сум видел и егзотичен од 25€ м2 и се ми е јасно.
Цел стан ми е со плочки. Отсекогаш сакав гол под, и си добив. Арно ама да ви кажам на секои два дена се чисти, и само што ќе се исчисти ете пак за некој сат се валка. Поминувам и со правосмукалка и со џогер и нормално и во текот на денот треба да се поминува...со еден збор Сега да имам избор би се вратила на ламинат и паркет и тепихче,па пери тепих двапати годишно и раат.
Паркет најдобро. За жал дома ламинат имам, не ми се инвестираше во нешто поскапо бидејќи стари се и зградата и станот.
Јас имам ваков ламинат, преубав е на изглед, лесно се вклопува во секоја боја и комбинација ама за чистење е Уби Боже. Секоја ден со правосмукалката или џогерот сум во раце зошто сум невиден перфекционист и не можам да гледам прашинки по белото.
Бел под и те како може да даде топлина во просторот, секако ако знаеш да си го искомбинираш со мебелот. А тоа што ти си си го замислила во твојата глава со бел мебел, стварно ладно, преладно. Ептен клинички изглед.
Јас ги коментирав сликите од погоре што се ставени таму мебелот е бел. Во мојата глава бел мебел не оди на бел под па каков сака нека е .. во однос на другите комбинации, супер е бел под
Од постираните слики јас го потенцирав само изгледот на подот. За мебел на сликите вооошто не спомнав, за да ми цитираш дека сакам клинички изглед, бел под, бел мебел. Најверојатно грешка си ме разбрала, да ми текнеше ке ги исечев сликите мебелот да не се гледа.
Давајте совет што да ставам во стан кој би се користел повремено (сезонски и за викедни). Дома имаме паркет дабов со мат лак во собите и мат плочки во ходници и слично. Не сакам сјајни површини. Сакам природен изглед. Е сега во споменатиов стан не би живееле константно и не ми се трошат пари за паркет таму. Се мислиме помеѓу ламинат (веројатно некој малку поскап не тој од 300 денари зашто изгледот ни е битен) или бродски под. Ламинатот полесно би се одржувал ама па и дава многу чуден звук кога се гази на него и нормално има смоли и свашта. Бродскиот под е природен ама мисла ми е дали ќе биде издржлив (инаку има бродки под за некои 600 денари квадрат). Ако е ламинат каков да ставиме да е малку поиздржлив, односно да не се одвојат веднаш спојките на најмала вода зашто потоа мнгоу грдо делува.
Дечки, совет за ламинат, 8 мм дебелина или 12 мм? Има ли разлика ако е добро изработен? Вреди ли поскапо да се плати за 4 мм разлика во дебелина? И, искуство со лакиран ламинат? Прекрасно изгледа, ама за одржување ми изгледа тешко, или грешам?
Има разлика 4мм од искуство да ти кажам.. но зависи и дали подот ти е перфектно рамен..дали ќе има подно итн.. Пази и која класа е, не е битно само да е 12мм.. Лакиран ламинат има една пријателка.. оној на kaindl .. ама вика мн е лош за одржување а ептен личен е вака..