Здраво. Само што реновирав дома и паркетот беше иструган, префарбан и лакиран со сјаен лак. Неколку дена откако беше завршено бев да проверам и приметив дека има ситни испакнати точки по целиот паркет. Прво мислев дека се меурчиња со воздух ама откако ги испитав од блиску повеќе ми изгледаа како зрна прашина фатени под лакот. (слики во прилог) Одма го информирав изведувачот, дојде, виде и ни рече да не се секираме бидејќи тоа било нормално за нови паркети, посебно заради високите температури. За неколку месеца (највеќе 6) ќе ги снемало. Дали е стварно ова нормално? Дали треба да се преправи? Има некој искуство со ваква работа? Фала.
Зависи од дебелината на ламинатот.Колку е подебел толку е поскап.Отприлика почнуваат од 300 денари за 6цм до 1.000 денари за 12цм. Пиши Ројал инвест имаат убаво подредено модели според дебелина и цените се изложени.
Средство за бродски под чистење? Има средство само за таков под? Со се што пробав до сега моментално изгледа убаво и за некој сат како да не чистено.
Знам дека е различно, пред некоја година најскапиот беше 25 евра од квадрат, сега се надевам не е стигнат тродупло.
Зависи, има од егзотични дрва или јавор на пример и до 100 евра , ама бука даб јасен, кај нас од 10 до 25 е. има квалитетен
100 евра ми е премногу, за скоро 400 квадрати простор многу ќе ме фати, сакам некоја средна цена, сепак мислам дека и најефтиниот паркет е подобар од ламинат.
Така е и според мене, и рустик класа ако ја има иако најефтина е со поубава и поуникатна шара од екстра класа паркет
Имам трослоен со 4 мм даб, после 6 години го има уште сјајот, нема деформации сеуште, освен нормално ако се изгребе. Одржување со emsal за паркет. Инаку за понатаму со тек на годините трпи едно стругање и лакирање ако се оштети.