1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ламинат, паркет, бродски под или...?

Дискусија во 'Дом' започната од didush, 14 август 2012.

  1. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    543
    Допаѓања:
    208
    јас како со се распрашував оти и ние сакаме да ставаме подно под плочки, може да се става над кошулицата и во неа
     
    На Lima24 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.517
    Пол:
    Машки
    Ние ставивме и гадно се заебавме. Немојте плочки. Подното на струја е ефтино да се намести, многу троши и плочките се многу тешки за одржавање. Најдобро паркет или ламинат. Кај нас по 5 години жиците немаат контакт и сега треба да извадиме плочка за да го санираме
     
  3. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Па не е баш ефтино, 26€ од квадрат побараа. Ние веќе ставивме плочки во една соба ама без подно, ладно е без подно, сепак планирам и децата во иднина ќе играат на под без подно не бива.
    А како тоа жиците немаат контакт, што ви кажаа тие што го местеа подното? Ако ги вадиш плочките и пак на ново да ставаш не се исплаќа. Може да ми кажеш кој ви ставаше подно?
     
  4. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.517
    Пол:
    Машки
    Моето е на струја. Греачи над кошулица се ставаат и на крај на соба се пеиклучиваат во струја со потенциометар. За 100м², 750€. Вие ако сакате подно поврзано со парно, тој е друг систем. Но подно како подно, не е добро. Ствара нервоза кога на стапалата е жешко. Спомнав погоре, плочка - многу лошо искуство. За кујна и ходник може, дневна и други соби биг проблем.
     
  5. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Да за на струја мислев и јас, со термостат, мене ми рекоа за 35-40 квадрати 1200€, а зошто се расипа кај вас, има некакво упатсво за одржавање, на колку да биде наместена температурата?
    Мора да се стави кошулица па жиците? Бидејќи подов е добар и плочкарите ни викаат дека не треба кошулица.
     
  6. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    159
    Здраво на сите.

    Дали некој има соработувано за монтажа на под (каков било) од Спачва, Лав Комерц, ДС (Дасинг), Паркет Центар? Сите овие се од Скопје.

    Или можеби некој има предлог од каде на друго место може да се купи паркет, освен од овие погоре?

    Фала ви многу, поздрав :)
     
  7. Elidija10

    Elidija10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2016
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Приватен мајстор - паркетар
     
    На ElenaRbd му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dignidad

    Dignidad Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2022
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    1.122
    Пол:
    Женски
    Има ли некој ставано таркет? Јас сега реновирам и мајсторот ни препорача таркет, јас искрено немав слушнато за такво нешто предходно. Ни предложи врз паркетот да залепиме таркет, демек паркетот ни бил оштетен, дека ние сакавме само да го истругаме и лакираме, но како подобра опција ни го предложи ова. Ок ли е?
     
  9. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.744
    Допаѓања:
    3.736
    Пол:
    Женски
    Подобро паркетот што веќе го имате да си го направите
     
    На Dignidad му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Timbo

    Timbo Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2024
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Машки
    Ako veke imas parket samo renoviranje na parkerot nisto drugo
     
    На Dignidad му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Девојка999

    Девојка999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2018
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    484
    Пол:
    Женски
    Препорака за продавница (Скопје) за купување паркет со понормални цени, а не 5000 ден за метар квадратен? Пример до кај 2500 ден?

    Лав Комерц не.
     
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.720
    Допаѓања:
    172.708
    Пол:
    Женски
    Паркет Центар
    Спачва
    Види и во Spacefloors
    Зависи каков бараш..
     
    На Девојка999 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.539
    Допаѓања:
    8.233
    Пол:
    Женски
    Жени, вие со искуство со ламинат. Дали е вистина дека после поставување му треба одредено време да “легне”?
    Ставивме ламинат дома ама ужасно крцка и тупка на едно добри 90% од просторот, толку ми иде на нерви мислам ќе ме полуди. Подот е рамен, плативме олмирање пред да се постави.
    Стварно врска немав и не истражив добро пред да поставиме, да знаев дека е ваква ситуација ќе се снајдев за дополнителни пари за паркет.
    Инаку ламинатот е 10мм и не е евтин.
    Фирмава што ни реновираше не советува да почекаме уште 2-3 недели да легнел па уште ако крцка да ги побараме да видат.
    Јас 2 недели да трпам вакво крцкање ќе полудам, не ми е пријатно во сопствен дом, само до вц одам од што не ми се гази по ужасов.